Јас би ги тргнала среденоќните после заспивање, па денскиот и тој за заспивање. Мора да смениш начин на успивање, дали со галење, читање. Со среќа
Јас останав со најлошото свенарио веројатно, цица само навечер и тоа по неколку пати… за презаспивање. Од годинка веќе престанавме до подои дневни скроз. 13++ е си викам да го завршиме летово па ќе мора да го прекинам и тоа. Има ли некој како мене? Читам дека дефинитивно ноќните презаспивања и будења се најлошата варијанта за крај не ја успивам со цицање нити цица кога ќе стане утрински… ама тоа е што е, да е жива и здрава
Исто беше и кај нас со тоа што плус и се успиваше со цицање иницијално и цела ноќ цицаше. Ја одбив со помош на мм, 3 ноќи беше драматично со будења после прекина да бара воопшто.
За какви подои прајте муабет, мојот е на цицка цел ден, ние моментално наместо да се одвикнувам полека мојот нагази на гас до крај Буквално а го кренам во раце и ме трга за блуза да цица, мислам дека е од жед повеќе од жешково, оти вода не сака да навиди, со сила да едвај давам. Навечер стандард со цице спие и сега откако ја исфрли цуцлата скроз куку мајко е работата
Исти смена 2часа цица во текот на ноќта..вода не сака..сега сум на боледување поради анемијата..и дома сме двете како кога бев на породилно..планирам да залади и да ја одбијам пополека...а мн сака цице..вика кога ќе види се тресе цела душичка.
Бебето има 12 месеци, сакам да ја одбијам од цицање. Од шест месеци наваму заспиваше без проблем и без цицање и за денски и навечер (ноќе се будеше за цицање неколку пати). Е сега последната недела баш кога се решив да ја одбијам плаче вришти за заспивање со саати сѐ додека не ѝ дадам да цица, значи тоа е хорор. Имаше две дремки, пробувам да ја префрлам на една зашто претешко заспива и ноќното заспивање со две дремки ѝ доаѓаше подоцна од 22 часот. Немам памет што да правам, дали прво да ја префрлам на една дремка па да ја одбијам од цицање или и двете наеднаш. Многу плачи значи мислам дека ако одолговлекувам ќе биде сѐ полошо.
Нека превземе сопругот или некој друг успивање тоа е најлесното решение за тебе, барем мене така ме советуваа и така направив. Јас додуша успевав да ја заспивам без цицање (со читање книги, нишкање и пеење) но не успевав да ја презаспивам кога се будеше па тука беше најголемата мака.
Не е точно дека ќе биде полошо и многу промени на еднаш не се никако паметно решение. Докај ~16 месеци преминуваат на една дремка, не мора да значи ако е 12 дека мора одма на една дремка и не секогаш една дремка значи подобар ноќен сон, особено ако е предвремено. Кога ви се дремките? Од секогаш ли заспива покасно или инцидентно неколку денови? Може да има и појачана сепарациска анксиозност периодов па затоа плаче повеќе. Ноќниот подој се трга последен затоа што е најтежок, што и да правиш во замена за успивање пробувај го на првата дремка тогаш sleep pressure-от им е највисок и најверојатно е да ти успее.
Едит: Во врска со дремките можеш одеднаш мислам. пробај да издржи колку може со една дремка и кога ќе е приметиш дека е успана земи книгички читајте, пеј и нишкај ја и можеби ќе успееш да ја заспиеш, кај мене пример беше ова успешно додека се одбивавме. После некое време не сакаше така да се успива и се префрливме на млеко од шише и клацкање....
Стануваше во 6 наутро. Имаше прва дремка од 9 часот и траеше час и половина до два часа. Втора дремка околу 14-15ч зависи кога завршила втората и ноќе заспиваше во 20:30ч. Е сега, почна да спие навечер по цела ноќ. Стануваше еднаш околу 5 часот ѝ давав да цица и продолжуваше до 8. Ова трае неколку денови. Со таквото станување подоцна се поместија дремките и ноќното спиење. Пробав да ја одбијам но плаче по цел час и целите дремки драстично се поместија значи треба многу време додека да заспие и тоа е пак со цицање пошто цел час плачела и друго решение не гледам. Затоа сакав да пробам со една дремка, но и таа транзиција со одбивањето од цицање е премногу за неа очигледно. Сопругот пробува да ја заспие но и со него плаче и вика мама мама.
Успевав и јас да ја успијам на друг начин значи од 6 месеци досега таа заспиваше или со песни или со нишкање. Ова е сега последната недела баш кога се решив да ја одбијам таа плаче и бара да цица ме тегне за блуза.
Јас на мака сум, пред два дена една година наполнивме ама со доењето сме лудница, бебе не можам од града да го тргнам, се возиме во кола, цицка бара па мора да висам над седиште со цицката извадена, пијам кафе цица од простум како кученце, а го земам во скут тој одма се мести за цице, сега е голем и сам ја трга блузата, се беси како мајмунче. Штом легниме кефој е, скока, се смее, шлука знае дека цице ќе добие. Проблемот е што во последно хаотични сме во текот на цицањето, се беси врз мене, сега си најде и друга занимација од едната града цица а другата ми ја штипка, ама штипење до болка неиздржлива, парче ме има направено. Курназот си рече ионака другото цице нема млеко мора некако да го користиме и него да не се лути хахах, дроп ме има направено. Налет тоа, заспивањата ни се хорор, заспивањата денски вечни ни се, бесконечни вртења на спална, тргни од града, скокни, па пак исто. Од друга страна пак и јас си сум крива оти некогаш наутро го презаспивам и се случува кај 9/9:30 да се разбудиме па можи затоа дремките ми се испореметени. Сакам да му намалувам полека со доењето ама пак кога ќе размислам многу е полесно бе со цице, ако не е цицето како ќе земам здив и за презаспивање навечер ми е олеснително, вадам цице и двата продолжуваме со спиење
Мојава направи 1 година. Сакам да ја одбијам од цицање. Дали мислите да давам ад млеко за навечер пред спиење и пример сабајле кога ќе стане. Или да давам обично млеко? Некое да ми препорачате? Или пак нема потреба од млеко?
Јас ја одбив на 13 месеци, имав ад купено ама сепак решив дека нема потреба. Имам голем јадач, јаде разновидна храна, млечни производи внесува секојдневно, па не продолжив ниту со обично кравјо млеко. Мислам дека е индивидуално, зависи што и колку внесува настрана од млекото.
Мојата е доена до год ипол, си беше и јадач, сега е неполни 3 год, дали 2 пати се има напиено млеко тетрапак, ниту бараше кога престана со цицање ниту сега бара, си јаде сè друго млечно, така да ако надокнадува, немаш потреба од млеко.
Па не баш, моево прво само доено, ад никако не прифати. Тетрапак не ни сакав да пие чисто млеко, па на година исто го одбив и не пиеше млеко. Со млечни производи надохнадува..
Мојата е доена е 15 месеци, не прифати никакво млеко освен моето. Многу јаде млечни производи и така надохнадува. Капка нема пробано ни ад, ни кравјо.