Така правам, некогаш успева ама некогаш не, ако го држам во раце со нозете дава одраз на мене и се турка за на цице, борби се водат некогаш. Проблемот е на сред јадење што бара да цица некогаш. Нека тера уште некое време и ќе превземам мерки, сега уште не сум спремна ни емотивно ни физички.
И тоа испробано, му давам вода пие малку и пак бара цице Го фрла шишето пет метра лета хаха Ќе биди борба кога ќе се одвикнуваме, кефој е кога ќе ја види градата, шлука, скока, како којзнае што да гледа
Здраво девојки, бебе е 15 месеци и решив да ја одбијам од доење бидејќи веќе цела година навечер станува мин по 10 пати, жива сум не наспана, нервозна со сите сили потрошени, еве веќе 4 та ноќ како не цица ноќе ни остана уште да го скратиме подојот пред ноќното успивање, ноќе нема промени пак си станува на секој час и сега наместо града бара да ја нишкам ја тапкам по газе ама џабе дур не ја земам не презаспива и сега се прашувам сама да не се зафркнав на секое будење сум на нога, а вака ќе и дадев да цицне и презаспиваше
Здраво, дознав дека сум бремена, 2 месеци, досега доев, 19месеци е малото. Сакам да го одбијам но никако не ми успева. Почнав да мислам секакви сценарија, сите околу ме осудуваат зошто било штетно за него, отровно, ќе имал застој во развој и уште еден куп муабети. Дали има некој вакво искуство. Му намалив подои, ама уште не сме скроз одбиени. Досега нема кпристено шише и цуцла.
Леле те молам немој да слушаш такви муабети, јас ја доев малата до шести месец, после ми стана веќе и тешко, она тогаш 18 месеци имаше, еве ја жива, здрава. Исто цуцла ниту шише не фати. Ако ептен сакаш да го одбиеш така со кратење подои е најдобро и најлесно и за тебе, последен ќе го оставиш подојот навечер пред спиење, ние најтешко тој го исфрливме. Ама пак ќе ти кажам само ако ти сакаш, немој да слушаш луѓе од страна со такви муабети што врска немаат.
Фала ти на одговорот, моментално ми е тешко одбивањето зошто и онака немам сила повраќам и жешко е. Барем уште 1 месец полека да фатиме ред. Многу ми е неубаво кога ме осудуваат.
Издржи уште некоја вечер дур не ја изгуби навиката и не заборави на цицање па ќе биде полесно и нема да бара верувај. Ќе има вечери со гушкање, тапкање, галење, нишкање ама се помалку и помалку. Но обавезно тргни го подојот пред спиење за да ја заборави целосно асоцијацијата на цицање за заспивање. Едит: ако имаш опција да се вклучи и сопругот за презаспивање ќе ти биде многу од помош. Кај мене така успеав лесно да ја одбијам ќерка ми во 5 ноќи со негова помош, инаку ќе беше многу потешко сама сите презаспивања да нишкам по цела ноќ
Еве го истото дете, цицларка мајкина, само ние сме 25м. НИШТО не е сменето. Денес после дневна дремка се залепив со Ханзапласт зошто просто почнав да се живцирам. Несакам да ја одбијам мн ми е лесно за заспивање а и преубаво ми е доењето, само ова е веќе премногу, опседната е со цице. Почнувам да губам нерви
После скоро 2 години имав, одев на ехо редовно, ми кажуваа дека е нормално да има во каналите млеко се уште. И до 3-4 години знаело кај некои жени да останува мала количина млеко.
Сигурно ќе најдеш начин кога ќе дојде време. Ми искочи на инстаграм преубаво видео каде што прекинуваат со доење, со муабет дека млекото му помогнало на детето да порасне и сега е време да си замине и да отиде да им помага на другите дечиња да пораснат