Успешно доење на првото детенце цело три години и дс ви кажам никогаш не ми беше мака, на работа почнав кога беше 8 месеци и издржавме цело три години да цица. Се одби за два вечери само да си упорен и да пресечеш. Е сега имам бебенце кое е 6 месеци полни, се доиме без проблем од почетокот но јас деновиве несум добро нешто, двапати завршувам на итна помош сериозни јаки панични напади така викаат лекарите, од нигде никаде незнам што ми се случува, примав инекции по некој саст не го доев, од вчера примам терапија од психијатар рече не сметаат на доење... почнавме со вкусови но несака да јаде од шише не прифаќа формула. Ајде ќе ве молам за совет како полесно да фати шише и формула да почне со млеко незнам што се уште ќе примам или испитувам го оставам дома а морам д аго сторам тоа иако срцево ме боли
Дали има некоја искуство со апчињата што се за прекинување на млеко? Па така бебушот да прекинал да цица? 13+ месеци е, и веќе страшно е. Може по 10 пати станува во текот на ноќта, почнува да ме збудалува тоа, нит сум наспана, нит сум стоплена на времево, искривена у грб, болки у бубрези од шо цела ноќ сум гола. Хаос. Сметам дека му е доволно цицање, чаре?
Ако цица само ноќе не би требало да имаш потреба од апчиња. Јас на 13м ја одбив ќерка ми без апчиња, само ноќе цицаше по не знам колку пати. Само истрајност ти треба неколку дена и помош од некој друг за презаспивање да не седите цела ноќ сами со плачки
Мајки, дајте совет како да го тргнеме цицањево. 18 м и едно време беше само навечер и за заспивање, сега само ме тегне преку ден и кога ке стане и општо опседнат е само бара и плаче ако не му дадам. Како постепено да го тргам? Да напоменам на почетокот имав голем проблем со мастит имам многу млеко пиев повеќе пати антибиотик.
3 ноќи беше драматично кај нас, а после тоа стануваше само полесно. Јас одлучив едно сабајле после ноќ кај што буквално цела ја помина на цицка а јас сабајлето требаше да станам и да работам како зомби. Пресеков одеднаш и се договоривме со мм толку да не и давам ни за заспивање ни преку ноќ а он да ми помогне и така и беше. Да напоменам она одамна не цицаше денски, не ни бараше, а и си јадеше солидно. Цицаше само пред ноќно заспивање и во текот на ноќта. За денските дремки на околу 10-11м исто имав период на "одвикнување" каде не и давав да цица туку ја нишкав и и пеев. Во врска со ноќново одбивање: Првите денови се заспивавме со нишкање, пеење, читање книги и тоа во друга соба не во спална, така "несвесно", во сред читање ќе почнев да и пеам и да ја нишкам. Кога и да влезевме во спална она вриштеше и бараше да цица па овој метод со другата соба ми беше алтернативата. После неколку дена ваљда сфати дека несвесно ја заспивам и заспивањата стануваа многу долги, одбиваше да ја земам во раце, ми ги фрлаше книгите, вриштеше кога и пеев и затоа почнав да и нудам шише млеко и да ја клацкам гушната дур го пие. Прво ми одбиваше, но по неколку нудења прифати и тоа и стана начин за иницијално заспивање. Сега сме во фаза кај што и викам "Ајде ќе пиеш млекце и да нанаш?" - И она вика да, се радува и оди накај спална и ме чека кај клацкалката. Првите денови за станувањата во текот на ноќта се делевме со мм, пола ноќ станував јас пола ноќ он. Јас гледав да си легнам што поскоро откако ќе ја заспијам неа во друга соба за да поспијам а мм ја презаспиваше со нишкање до кај 1 ноќта. Потоа си легнуваше тој во другата соба а јас одев во спална да дежурам. Првите 3 ноќи стануваше по 5-6 пати и плачеше на секое нишкање но веќе четвртата се навикна и одма се смируваше кога ќе ја земевме во раце. Со мм презаспиваше полесно него ли со мене. После неколку денови почна на станување да и е доволно само да ја погалам или да ја гушнам од креветче и си се местеше сама назад да си презаспие. Имаше денови кај што морав да и дадам уште едно млеко или чајче инаку не презаспиваше ( а еве и деновиве е во таква некоја фаза) но обично ја преспива цела ноќ (со исклучок на периоди кога вади заби, скок во развој, болест...)
Пишав погоре јас како правев но јас немав толку млеко, ќерка ми цицаше само навечер пред спиење и во текот на ноќта. Јас не пиев апчиња воопшто, само 5-6 пати се напив чај од жалфија првите денови и минимално одмолзував под туш ако ми натежнеа градите (едната само знаеше така првите 3 дена)
И јас имав многу млеко и неколку пати ми се направи мастит. Најпрво преку ден го тргнав скроз, бараше, тегнеше не му давав. Ќе му го одвлечеш вниманието со нешто друго, ќе му дадеш нешто друго да јаде пр.овошје. Најмачно беше за дневната дремка ама треба трпение. После го тргнав цицањето во текот на ноќта, го нишкав и го презаспивав без да му дадам да цица. И ова е мн.мачно ама ќе помине За некое време го тргнав цицањето од сабајле. Овој дел беше најлесен бидејќи сабајле во брзање не му текнуваше. Последно беше тоа пред спиење. Цел процес постепено. Успеав да го намалам млекото и без проблем да го одбијам.