Уште чај од жалфија ми фали дс го купам после.Градите се стегнати,ама вечерта лом беше креветот од млеко.Оти малиот буквално спиеше на цице.Е сега колку е тоа одмолзување за да ти олесни? Јас ако не одмолзам околу 50-60 гр од двете гради вкупно ми е многу тешко и осеќам притисок. Имаку вечерта беше лошо.Синчето речиси не спиеше.Жеден е не пие течности.Очекува цице да му дадам.Се гушкаше во мене.Во татко му не сакаше да отиде и плачеше ако го земе.Па си плакав и срце ми се кине и ми беше криво што го гледам што се мачи. Јас повеќе ноќна смена ќе одам таков е договорот со работодавецот и цице за вечер не иде во предвид. Се надевам брзо ќе мине оваа фаза.Се препознав во постовите на @zuto кога опишува колку нејзиното синче р приврзано за цицето и како реагирал кога немало цице. Само важно е сега психички да не попуштам,што вика мм и да му дадам пак да цица.
Која возраст е нормална за одбивање од ноќни подои? 9+ има син ми и ептен често се буди, повеќе од навика... Како да го одвикнам?
Две недели намалувам подои,намалувам со внес на храна и течности и лактацијата се намали. Вчера го држев и петочниот пост на малку вода и леб и млекото целосно ми прекина. Синко ноќеска цела ноќ се будеше, плачеше, шише упорно одбива. Ќе се помачиме два три дена. @simonka93 јас пак јај тројцава ноќните последни сум ги прекинувала. Инаку, мојот е година и три месеци.
Сакам да го навикнам да спие,пошо не цица кога ќе се разбуди, само ќе го кренам ќе тргне два-три пати колку да ми се наполнат градите и толку
Мал е уште, зошто си решила да го одбиваш? Те бара тебе, галење ѓу е тоа . Јас да не морав заради здравствени причини да го одбијам,ќе го доев до две ко и останативе.
Уживајте додека ги доите! Син ми беше зависник од цице. Градите му беа извор на храна, ужинка, посластица, мазење, утеха, сигурност, успивалка... СЕ! Го доев 20 месеци, а го одбив бидејќи сакав да пројде период во кој ќе заборави на доењето, а јас по тој период ќе можам да си планирам и втора бременост. Искрена ќе бидам и ќе кажам, да знаев дека со ќерка ми нема да успеам се ќе одложев и ќе го доев барем уште + 5-6 месеци. Син ми не можеше без цице и кога беше гладен и кога беше сит. Со ќерка ми посакував да имам иста приказна. Ист стаж на успешно доење. Но... Во првиот месец напредна повеќе од 800 гр. Бараше да цица само кога беше гладна и за разлика од брат и не уживаше да дреме на града. Ќе се нацицаше, ќе се тргаше и не бараше цице во наредните два часа. Точно како по книга. Убаво си напредуваше, а грчеви скоро и да немаше, па немав заблуди околу тоа дали е гладна или не?! И се беше добро додека не се разболе. Завршивме на детска клиника со бронхит. Престана да цица. Нудев, се молзев, борба. Земав ад, си реков ајде додека да се опорави потоа пак ќе биде само на мајчино, но таа не сакаше ни ад млеко. По 20 мл. Пиеше на пола саат едвај. Молзи, стискај, нервози, таа плаче, одбива... кошмар. Кога сосема оздраве мене млекото ми беше значително намалено, а таа нервозна. По извесно време и целосно се одби. Многу ми беше тешко, тој неуспех при толку големо очекување да ја дојам како син ми многу ме погоди. Уште не можам да се помирам, се тешам дека најважно е да е жива и здрава но воопшто не ми е сеедно. И кога мислам на темава жалам што немам две успешни приказни бидејќи доењето е една посебна врска помеѓу мајката и детето. Врска која нема да ја поврзам со љубовта, зошто ќерка ми не ја дојам а ја сакам бескрајно, но ја поврзувам со чувства кои се единствени, прекрасни, посебни а се доживуваат само во моментите на тоа соединување меѓу мајката и детето. Уживајте мајки, уживајте... Ова доживување е кусо, а остава спомен и белег во срцето за навек. Гледајте да трае што подолго!
Јагода ме охрабри многу бидејќи многу убаво си цица зверчево од бебе без никакви проблеми решена сум од старт до 2г да си цица. Само во последно време премногу бара да цица а веќе 20м ќе биде. И тоа веќе баш си кажува *дами мама цице* ќе цица од едната града ќе се тргне и вика *дами дуго цице* и една таква задоволна среќна фаца прави што да ви кажам. Убаво ми е не дека не си уживам и јас во ова само не плаши моментот после 2г како ќе биде кога ќе репам да ја одбијам се мислам дека ќр биде мн тешко. И сега некогаш кога ќе претера и пак бара пробувам да и одвлечам внимание да ја залажам нема шанси. Кога ќе реши да цица решено е. Овие денови дека бев дома мислам дека се прецица. Ајде здравје кога ќе дојде моментотќе барам помош од тука
Втор ден како ќеркичката моја не цица...односно се одбиваме. На двете ни е претешко, душата ме боли, си плачам по цел ден. Ама две години и три месеци мислам дека се доста, веќе беше мачење, ноооон стоп на цице...Оди во градинка без проблем, кога ќе се вратам од работа не се одлепува од мене, бетер од новороденче цицаше.Никаква работа низ дома неможев да завршам, ниту да му посветам внимание на поголемото дете. Горда сум на овој стаж на доење, но истовремено и многуууу тажна. Но, проблем имам и со градите. Не беше возможно да кратам подои, немаше соработка. Чуствувам дека градите ќе ми прснат, а и грутки почнаа да ми се прават. Ставам дробена зелка, ги стегам, два пати дневно се измолзувам по малку, но нема подобрување. Бромергонот многу лошо го поднесувам, некој совет мајки?
Побарај достинекс апчиња место бромергон Полош лек од него мислам нема.Го пијат лугето со тумори на хипофиза па можеш да замислиш колку е јак
И јас го така одбив синчето баш за Велигден.Исто спиеше на града друга течност не пиеше освен мајчино млеко,а беше 1 година и 2 месеци.Само што јас успеав без апчиња. Едвај фатив ред колку подои имам од прилика на ден за да знам кога да се измолзувам,оти малиот цицаше кога му текне.После видов дека стартувам со 4 подои и на секои 6 часа се измолзував до пола.Ако се измолзев колку да ми олесни тогаш ме гушеше и ми беше лошо.За 4-5 дена ми се намали ептен млекото,дали еднаш се одмолзував кога ептен ќе ми се преполнеа. После недела време од прилика не морав веќе да се одмолзувам. Имав грутки и воспаление,ставав облоги од мраз од тие кесенцата што може да се користат како ладни или топли облоги.Сега имам млеко кога стиснам.Чисто порверив пред некој ден оти ептен ми виснаа градите и се ептен меки. Со лесно
Кога мислам на тоа како ќе го одбијам синко ме стега нешто во градиве, за некој ден полни десет месеци ама мајки преповрзан е за мене. Веќе ми е пренапорно со три оброци сме а сепак кога да ми се доближи се навалува кон градите и преку блуза зинува да цица цела вечер се буди на пола саат не спие во креветче залепен до мене. Освен со цице не се има случено да заспие и тоа ми е главен проблем незнам дете како ќе го заспијам цуцла не фати шише не сака со нишкање не заспива, ад не сака ни да помириса сокови не пие од течности само вода пие од чаша. Ве молам за совети како да го започнам процесот на одбивање и како да го заспивам без цице?
@joy1 денес веќе почнав со бромергонот, леле ужас се, немам зборови...Гинекологот ми спомна уште едни место бромергонот, ама не се сеќавам дали беа достинекс, само рече дека не биле толку ефикасни, а јас со градите бев ужас, камења...Ќе видам како ке бидам деновиве, ако неможам да издржам ќе ги прекинам @Vennera.aa не би знаела како да ти помогнам, само знам дека покасно, односно околу две години одбивањето е доста тешко, барем во мојот случај. Имав време да редактирам па да си кажам дека сега кога ја заспивав ќеркичката ми рече бегај таму, не те сакам и цело време ми е лута..
Доколку имаш помош започни да го оставаш на повеќе часа, да не те гледа. А за заспивање препушти му го тој дел на сопругот, потруди се доколку е возможно они во спална ти во дневна.
@pilenka Многу е тешко и сега а можам само да зсмислам како одминува времето како ќе биде @danichap јас и мм сме сами тој е преку ден на работа јас зедов неплатени три месеци мали тек од септември ќе го примаат во градинка, цел ден е со мене а за заспивање сум пробала дете ќе плаче до замалување и не заапива додека не ме види и не фати цице
Тешко е мајче. Во иста возраст мојата сама се одби, некако спонтано и непланирано. Поради мала тежина почнав да намалувам подои и да воведувам оброци па да се сведе само на еден подој, пред заспивање. Во таа фаза бев на гости кај мајка ми, па кога мм ни се придружи испаѓавме навечер со темпирање на време да се вратам баш за тој подој. Еднаш порано заспала, баба и додека ја думкала. Јас кога се вратив она спиеше. Втората вечер за чудо не сакаше ни да пие, си играше 1-2 минути и толку па ја оставив мајка ми да ја успива а ние испаднавме. Третата почна да плаче и ич не фати. Ја успав без града. Пробав уште неколку вечери ама беше неуспешно. Дете не сакаше да цица. Кај нас помогна постепено намалуавње на подои, детето беше најадено, тој еден подој за утеха му беше само и ете друг што ја успивал помогна. Детето беше спремно изгледа, па само се одби, не и дојде како шок.
@danichap Јас воглавно го дојам наутро кога ќе се разбуди го преслекувам ќе го средам му правам доручек па ако е убаво времето излегуваме и си заспива во количка така го прескокнуваме тој подој, па кога ќе се прибереме дома му спремам ручек ќе јаде па си играме доаѓа татко му и потоа уште еднаш излегуваме и тоа заспивање го прескокнуваме цицањето си заспива во количка. Потоа се прибираме вечера ќе го искапиме и цице за спиење ама ова ми е ред кога е убаво времето па може да излеземе и да заспие во количка ако не овие две преспивања колку и да не му се јаде или пие неможе дете да заспие без да цица. Сум пробала да го изморам и со игра сум го оставила да се измори од плачење па со нишкање да заспие со мм нема шанса. Да си се наоружам со нерви само и да решам да пресечам, Само ме секира муабетот дека дете не се одбива во лето ова од педијатар ми е кажано па незнам што да мислам моментот е сега или на есен, година полни во јули а јас сакам до годината да го одбијам бидејќи ќе станува се потешко
Кај мене се одби пред точно една година, за велигден кога беше, мајот мислам. Немам исксутво за ова со лето. Се додека те гледа малиот тебе би било тешко одбивање. Претпоставувам колку ќе плаче, ама пробајте со упорност, да не нудиш