Прекин на доењето Многу ми е жзл за бебенцето душичка мала,тоа е голем психолошки стрес за бебето бидејќи кога цица се осеќа заштитено,но не се нервирај ке помине она е многу мала и брзо ке заборави на цицањето купи и каучукова цуцла(ако немаш)зашто таа е многу слична на мајчината града,силиконските потешко ги прифаќаат.Јас мојата керкичка ја одбив на година и еден месец т.е сама си се одби не бараше да цица и така спонтано се случи,после неколку дена сфатив дека не цицала тие денови. Колку месеци има малата ако има повеќе од 5-6 почни со дохрана па може нема да ти бара цицка
Прекин на доењето Таман работа повторно да го дои. Ако еднаш детето поминало низ овој стрес на одвикнување, не би требало повторно да се враќа на мајчиното млеко. И онака веќе листата на исхрана му е голема. 10,5 месеци може речиси се да јаде. Јас лично сметам дека на оваа возраст дека нема никаква врска создавањето на имунитет. Ова млеко 10 месечно бебе не може ни да го најаде, а камо ли да го заштити. На оваа возраст бебето бара не млеко од мајката туку ја бара нејзината близина, топлина, цицето за да заспие...
Прекин на доењето Да веќе се рати во нормала и не планирам пак да ја навикнувам и потоа пак да преживува стресови.. Сега само ке го вадам млекото и се така додека не престане. Вака решив. И така мислам дека млекото не е толку богато како што беше на почетокот. Инаку и лажливка и давав ама не ја сакаше , имам едно 5-6 дома и ги плукаше. Сега пие само вода од шише со клунче , од цуцла и давав-нејке. Млеко нејке. Инаку другите јадења ги јаде фала богу , поготово во кисело млеко се дави.
Прекин на доењето Mамички да ве прашам нешто син ми го доев 2 месеца поради тоа што снемав млеко(или јас така мислев) ама еве веке 4 месеци од кога не го дојам пак кога ќе ја притиснам градата излегува млеко сега не како што беше додека го доев туку како колострум каква беше кај вас ситуацијата? се двоумам дали да одам на доктор или да си почекам уште некој месец
Прекин на доењето хм мислам дека ти си имала млеко но си мислела дека немаш. А дали секој ден се одмолзуваш , не ти натежнуваат градите? Јас керка ми ја доев до 6 месеци и ништо друго не и давав ниту вода , ништо. А еве сега е 10,5 месеци и веке не ја дојам (поради здраствени причини) а уште имам млеко , се измолзувам.
Прекин на доењето не не се одмолзував бидејќи последните 2 недели неможев да се одмолзам едноставно како млекто тој период да секна се трудев колку што можам да му давам да цица ама едноставно не се издржуваше на секој пола саат јас да го дојам и мислевме дека немам млеко па почнавме со аптамил после една недела почнаа да ми се преполнуваат градите и да ме болат ама педијатарот мки рече дека не смеело тоа млеко веќе да му го давам
Прекин на доењето штом детето го пие млекото тогаш не му давај од твоето и така веќе не си му дала подолг период и тоа се навикнало... ако ти се преполнуваат градите со млеко оди на лекар па може има некои апчиња за прекин на лактација ако не тогаш мислам дека самото ке се изгуби..
Прекин на доењето милла незнам колкаво ти е бебето па сто немозес да успеес да му дадес да цица,ако ти си ресена да го одбивас постојат апцинја да јас ги пиев само сега не се секавам како се викаат ке ги најдам и ке ти казам,ама ако ти е мало греота е треба да цица нема замена за мајцино млеко трена да стекне имунитет
Прекин на доењето Апчињата се викаат Бромергон. Обично лекарот би требало да ја препише дозата, но понекогаш се можни и нуспојави за време на терапијата како малаксаност, поспаност, збунетост,психомоторен немир и сл.,дури кај некого резултира и со халуцинации. Лекот не треба да се зема на своја рака, иако се случувало некои мајки веднаш по порoдувањето да пијат од таблеткиве, за воопшто да не дојат.
Dali nekoja od majkite piela nesto drugo osven bromergon? I dali koristela nesto efikasno a da nema nus pojavi kako bormegronot? Od denes pocnuvam da ja odviknuvam kerka mi od cicanje inaku ima 2,5 godinki pa bi zamolila da spodelite iskustvo! Fala odnapred i izvinete za fontot
Јас кога ги одбивав моите пиев Достинекс,грчки лекови,малку поскапи ,тогаш во Виола ги имаше.Ги пиев по препорака на мојот гинеколог.Немаше никакви несакани појави.Јас лесно си поминав.Се пијат на 4 дена по 1/2. Сепак најпрво консултирај се со гинеколог.
Јас мислам дека прво треба да видиш дали само ќе ти престане млекото кога ќе престане детето да цица ,па доколку по 1-2 недели не престане тогаш да земеш апчиња секако во консултација со доктор. Кога јас го одбивав син ми после месец (нецицање) гинекологот ми препиша бромергон ,затоа што сеуште имав млеко .
Месец дена па тоа не е многу долг период? Мене ми е страав од стварање мастит ,сепак фала на советот!
Јас кога решив да престанам да го дојам си престанав . Ниту се молзев како што имам прочитано и мислам дека е најголема грешка затоа што и понатаму се разработуваат млечните жлезди, ниту го завраќав пак да цица, едноставно нема цице и крај. Не пиев ништо од лекови и за неколку дена го снема млекото. И да, не си ги фаќав постојано градите да гледам дали имам млеко (и тоа го прават). Ако за недела дена не престане лачењето на млеко тогаш треба да се консултира гинеколог, не летајте веднаш по апчиња.
Јас мислев дека нема да имам потреба од апчиња, ама се излажав - штом решив дека нема веќе да го дојам малиот ги стегнав градите, ама почнаа да ми се прават грутки уште следниот ден. Почнав вечерта со Бромергон, два дена имав мака со градите, а сите десет дена со нуспојавите. Мене гинекологот ми рече да ги пијам два пати по едно, цело пакување, ама јас пиев по едно дневно, навечер, и пиев само десет дена. Доволно беше, а да можев да бирам, немаше да ги пијам - одвратно ми беше откако ќе ја испиев дозата
Јас немам проблеми со малата пради тоа сто е кај свекрва ми еве веке три дена. Слуснав дека Бромергонот има лоши нус појави и некако ми е шубе а и сум голем протвник за апчиња ептен ако тоа не е морално. Почнав да ставам облози од алкохол по препорака на матичниот гинеколог ама,попусто болки невидени и грутки. Ми рекоа со стопен восок ама цист од пчелари деновиве морам да набавам. Има ли некој искуство со тоа?
Подобро прашај си лекар немој ништо да земаш на своја рака! Јас кога ја одвикнав мојата керка не пиев апчиња , а имав премногу млеко и само се одмолзував. И полека полека ми се намалуваше млекото , и сега ако ја стиснам градата пак тече , стварно незнам кога ке се запре скроз.. А за апчињава прашај кои , колку да се земаат на ден, не земај сама , позз
јас го одбивам малиот 3 дена без денски и ноќни подои има 13 месеци го одбивам бидејќи ништо не јаде само е на градата а моето млеко е проѕирно ,3 дена градата мислам дека ќе ми нарасне дупло полна со грутки,ама чудно немам температура и еве сега ја осеќам некако како се повлекува млекото а не сум била на лекар ,што мислите до кога ќе биде ваква градата?
Одбивање од цицање Имам едно прашање го одбив малиот има скоро 11мес. и му давам тетрапак млеко има две недели како е одбиен и почна нагло да кака може по 7 пати на ден а бојата му е светла