Не не пијам хидрохлоротиазид. Прв пат слушам искрено да се користат и за оваа намена. Ќе се исконсултирам со гинекологот дали да ги земам и нив.О уште една недела вака и ќе пукнам , се надевам побрзо ќе се средам скроз.
Мене ми ги препиша гинекологот. Ми рече се пијат за млекото што се собира да оди преку урината. Не одат на рецепта и не се скапи. Околу 40тина денари беа. Исконсултирај се сепак.
Јас по стоти пат на темава. 25м направи и дефинитивно треба да смогнам сили да ја одбијам. Почна веќе и да не заспива лесно туку ќе се нацица па си игра беснее па кога ќе и дојде моментот да заспие пак се фаќа да цица. Ноќе се подразбудува и во сон бара да цица не знае поинаку да презаспие. Мислев со постепено намалување ама не иде, ќе мора да ја пресечам некако. Разбира многу преку ден ако сум дома можам некако да ја залажам и убедам ама кога се враќам од работа нема шанси. Дајте совет чаре за поголемо бебе . Знам дека ќе има драње плачки и многу ми е тешко ама мора Опции за оставање кај некого немам, со татко и да спие нема шанси сама ќе си дојде . За навечер ми е најмногу ќе плаче ќе го буди и брат и, ај он ќе спие со татко му ќе го трнам кас како ќе издржам богзнае .
Пробај со лажење иако не верувам дека ќе успее. Имам читано мајки кои успеале со кармин, фластер и слично да ги излажат децата, па пробај. Важно е ти да се спремиш психички за моментот, а детето ќе си се помири и ќе заборави за два-три дена.
Јас имав кому да го оставам ама не го оставив. Ги скративме прво ноќните подои имавме драми и плачење отприлика една недела. Го гушкав,нишав,му пеев со плачење призаспиваше. Ама од ден на ден размакот имеѓу будењата се наголемуваше. Отприлика уште една недела почна да ја преспива цела ноќ. Уште еден месец теравме само со подој за заспивање и потоа залепив ханзапласт и цицето беше какано После 2 дена не ни побара мислиш никогашне цицал Во глобала супер поминавме и со одбивање и со одвикнување од памперс. Сенадевам и кај вас да биде лесно.
Тоа е проблемот јас не сум психички спремна. Се аи викам ќе се осети сама голема ќе престане . Комшика успеа со сенф да го откачи нејзиниот така исто помал, јас уште не сум пробала со тие финти ќе пробам ама јас да се спремам, само си напѓам причини да одложувам па и мм ме окуражи ајде вика остави ја уште некое време не е толку голема и мене толку ми треба . А на која возраст го одби?
@M&M после 1,5 год. 19,20 месеци отприлика имаше. Јас го одбив заради ноќните подои. Од ко се роди повеќе од 1 саат сон немаше врзано ноќите ни беа хорор. Како зомби шетав. Да спиеше по цела ноќ верувам дека 2+ год ќе се доевме.
@M&M малава моја многу го цицаше прстот и јас на една година пробав да и ставам сенф на прстот. Прво направи една фацани после без проблем си го изеде и продолжи да го цица прстот. Така да кај нас ни сенф не упали, ни ништо. Спојлер (Додуша упали нешто и наеднаш престана да го цица прстот ама тоа е друга тема...)
@M&M да пробаш со објаснување дека е голема веќе и дека нема веќе млеко? Нешто во тој стил.. некоја приказна.. или со некој лик од цртаните што го сака да и смислиш некоја приказна и да и ја раскажеш дека веќе (ххх) не цица затоа што е големо дете.. Кај нас успеваат понекогаш тие компаративни аналогии со други деца.. нормално не во стилот - види ова дете може а ти не.. туку баш суптилно охрабрувачки за да сака и таа некој чекор да направи.. Или ете со братчето некако да се договорите? Може тоа да помогне во играта...
И зборувам цело време се надевам ќе има ефект за кратко време ако не ќе пробам друг начин. Ќе земам навечер книга да и читам вика ти читај јас цицам
Мајки ако може совет... Веќе втор ден не цица ќерка ми, градиве не ми се отечени или слично, немам проблем , не се имам одмолзено воопшто. Дали нешто да ставам на градиве за млекото постепено да престане или да одам на лекар по апчиња ? Кај нас карминот ја заврши работата. На 30 месеци ставаме крај на доењето.
Доколку немаш болки, отоци, грутки и сл,нема потреба ништо да правиш. Ако почувствуваш притисок, сосем малку одмолзуваш, и никако немој да ,, проверуваш,, дали има млеко. Честитки за стажот!
Zosto apcinja ? Nemas potreba. Pogotovo vo tvojot slucaj. Ako epten osekas da te peckaat tusiraj so topol laden tus ili stavi ladni oblogi. Bravo za stazot, i nie se odbivme sega brzo
Благодрам, мила. Имав малку нелагодно чуство на пецкање и притисок во градите баш утрото кога станав, но не беше ништо пренагласено. Сега е ок.