Исто и кај нас е, а веќе има 1г и скоро 9 месеци Само леб јаде, и тек тук нешто друго, ама ретко И никако да се решам да го одбијам Додуша немам ни помош, ама тоа е друга тема Во план сум да се врзувам, бидејќи сенф не помагаше
20 м уште малку правиме исти случај сме и ние по цел ден на града виси не јаде ништо како ќе се одбиваме не знам кога ќе му речам нема да ти дадам веќе меме тој почнува хистерично да плаче.
И јас сум сама тоа е уште потешко кога плаче а нема кој да му одвлече внимание.Ајде од забите не јаде ајде ова она ама нашата исхрана се сврде на глупости.Пробам сенф јок си продолжи да цица,е денес пробав и бибер и замисли пак си цицаше гајле нема.Се надевам колку толку ќе јаде повеќе без цицање.Само да ги врзам да не се одмолзам ич?
Мислам дека многу стресно е ова. За двајцата. Доењето е посебна работа која прија на двете страни и вакво нагло прекинување е голем стрес според мене. Незнам денот како ви поминал понатака, ако не си му давала до крај на ден тогаш може е подобро да продолжиш така да не го збуниш. Но, ако имаш можност и малку повеќе трпение гледај најди начин да намалуваш подои, откачи ги најнапред ноќните подои, па денските. Верувам не е лесно ама и ова нагло пресекување е шок за детето. Останува без градата која цел ден му значела нешто, мазење, утеха, сигурност па и игра... Баш пиши како ви оди напредокот
Не не Јас мислев да се врзувам бидејќи сам крева блуза, така да види дека нема веќе... Плаче и мојов, а чудо, да не сум дома гајле си нема ич не ме бара За млекото најдобро со лекар да се консултираш
И како што рече @wings ова е преголем шок одеднаш.Му немав дадено скоро 12 ч да цица се беше ок до ноќта.Почна да плаче премногу мм го нишкање шеташе гушкаше и се џабе.Се повеќе и повеќе плачеше.Срце јуначко не издржа маж ми прв попушти рече жити се дај му да цица,а јас без поддршка сум ништо.Ете само му направив стрес на детето на себе и ништо повеќе.Гарант и го збунив него.И сфатив дека кај нас ќе бидат попроблематични ноќните подои.Немам идеа како би престанале а физички сум скроз исцрпена од што постојано цица.Со тежина скроз паднав само губам на килажа.Денес сум најнемајка лута на мм на себе.
Значи немој да се секираш толку, од искуство ти кажувам. И ние бевме исти , само на цицка висеше и ништо не јадеше, се будеше на секој саат и пол за цицање како новороденче. Син ми беше 16 месеци кога го одбив, но мора постепено. Прво му ги скратив денските подои. После работа одевме шетевме, по гости, ваму таму само за да се заигра и да не му текне да бара. Кога престана да бара дење, решив скрос да прекинеме. За заспивање беше најтешко. Заспиваше со мм првите вечери, ама со плачење , со липање со се. Јас повеќе и од него плачев во другата соба. Кога ќе се разбудеше го нишкав и галев и се смируваше некако. Не му давав ни вода, ни сок , бидејќи може да се научи после да се буди за да пие, а ноќта е за спиење. Ова траеше можеби 3-4 вечери. Сега си заспива со шише со чај, јаде се што му спремам и најважно ја преспива цела ноќ без будење. Јас имав голем проблем и со градите, се врзував, малку се одмолзував , ама пиев и бромергон. За тоа мораш со лекар да видиш. Само храбро и решително, кога ќе речеш толку, и толку нека е . Мој совет е да одложиш 1 недела со кратење на денски подои, па дури потоа целосно. Верувај ќе заборави дека воопшто цицал. Нас ни е потешко , отколку на бебушите. Поздрав
Кај мене е проблем што нема како да ги намалам дневните подои, не одам на работа, сама сум дома со него и буквално цел ден е залепен за мене... Со што се немам пробано да го залажам, не успева... Нема начин да се одделиме за да ги заборави денските подои Од маж ми поддршка исто немам, муабетот- дај му греота е нека не плаче...
Уфф не знам што да те посоветувам. Сега ќе се стопли одете шетајте надвор, покрај езеро нека се занимава, оди во игротека , или кај некоја пријателка со дете да си играат... Само да не сте дома и да не мисли на тоа. И маж ти мора да ти помогне, објасни му дека и тебе ти е тешко да плаче, но еднаш мора да пресечете.
Е исто исто... заборавив да кажам дека и јас сум дома не одам на работа он е залепен по цел ден.Мислев мм ќе биде од помош ако ништо друго една голема поддршка ама се излажав.Останува да затопли да сме надвор цел ден па дневните да ги намалам ако ништо друго.Инаку кај нас не постојат два три пет подои,туку константно цица помини замини цицни.
Ајде јас да пишам искуство, пошто гледам скоро сите мојата мака ја имате. Доев 20 месеци. Никогаш не успеав да скратам подој ни преку ден, ни навечер а нема што не пробав. Се помирив и си спиев година дена со крената пижама зошто ѕверчево цела вечер беше закачено на града. Сокови, чаеви, вода, нишкање, пеење, висење на лустер, се сум пробала... Џабе. Ајде за навечер барал утеха, сакал топлина, да ја осети мајка- ок. Ама како растеше така наместо да намали денските подои му стануваа се почести и почести. И јас помислував дека не јаде туку се глупира. Оброкот ќе си го изедеше ама мораше и да цица, без тоа како да не јадел. Настрана коментарите од околината како е голем, не идело да јаде кифличка па да цица итн итн решив да го одбијам и тоа преку ноќ (зошто постепено со кратење на подои се обидувавме мнооооогу долго и не успеваше). Го спакував и испратив на спиење кај баба зошто мислев дека ќе биде полесно ако не ме гледа. Ама детето има навика да си станува на пола саат и да бара града. Кенкал, плачел, гледал цртани, се смирувал ама не презаспивал. Видов јас ќе оставам мајка ми една недела без спиење- го земав. Мислам дека и да спиеше таму една недела дома пак исто ќе беше. Е дома без спиење две недели. Се обидуваме татко му да го презаспие, јас да бидам во друга соба ама полошо беше. Заедно барем се гушкавме, му зборував, му пеев и заедно "ја дрпавме" мојата пижама- тој нагоре јас надоле. Ми викаа да не му давам ништо да пие за да не му остане навиката за станување. Не ги послушав- му давав вода (не можев да оставам дете жедно). И после година дена се уште станува навечер за вода ама се напива и веднаш продолжува (повеќе пати). Секој ден заспивањето стануваше полесно и полесно, направивме рутина (миеме заби, облекуваме пижами, ја палиме ноќната ламба, пуштаме бејби тв, гасиме светло и се гушкаме) и ден денес е истата. Мислам дека создавањето рутина помага многу иако на почетокот ќе ви се чини невозможно. Проблем број два: градите. Не сакав да пијам терапија за престанување на млекото од Х причини, сакав да престанам постепено и природно ама со 5765126 подои на ден тоа малку потешко во пракса. За да не си направам беља отидов на клиника да се консултирам со доктор што и како да правам (зошто нели они најдобро знаат) Докторката ми рече да купам еластичен завој и да ги стегнам градите силно (само колку да можам да дишам) и никако да не се одмолзувам. Глупача јас, ја послушав иако знаев дека не е во право (ама доктор е нели). За 48 часа си добив мастит, антибиотик и толку запушен канал што за малку на хирургија ќе завршев. Не може гради кои до вчера создавале по пр. 500 мл. млеко денес да ги стегнеш и млеко да не се ствара. Не се хормоните на копче па вклучи - исклучи. Ме спаси педијатерот. Ми рече да одмолзувам исто толку пати колку што сме имале подои само не до крај туку колку да ми олесни и секој ден едно измолзување помалку (едно да изоставувам). Секако топли (жешки) тушеви- така ми беше најлесно да се одмолзам и листови од зелка по потреба. Така се спасив од хирург и го прекинав доењето за неполна недела. Навечер немав ни потреба да станувам да одмолзувам по малку. Правев ехо 4 месеци по одбивањето и се беше во ред со каналите. Кога и како и да го правите одбивањето задолжително направете си контролно ехо да сте си мирни. Ете кратко не е, ама одамна сакав да пишам и убаво да се објаснам а не само да напишам: немој никако да ги стегаш градите! Дали одбивањето беше лесно и како што посакував- НЕ. Ама во мојот случај не постоеше друг начин освен нагло пресекување. Тешко беше и за детето ама мене ми беше потешко и потрауматично отколку на него. Мислам дека траума нема и сега поголем ме видел неколку пати после тушрање (ми влегува во купатило ) ќе ми рече: јас од тука кај мама цицав кога бев бебе, и толку. Кога и да решите да го направите тоа бидете сигурни и одлучни зошто ќе се најдете во искушение кога дете ќе плаче и ќе ве моли со очи полни солзи и ако потклекнете чќе направите полошо и за него и за вас. Ви посакувам многу среќа и нерви. Запомнете: и ова ќе помине
Фала ти на подршката јас мислам дека најпрво од се што треба да направам е итно запишување во градинка.Ќе поминува доста време таму.И мислам дека он повеќе цица од досада
Мене воспитувачка во градинка ми рече никако запишување дур не го одбијам... Може намерно само за да не запнам да почне, ама рече голем шок ќе е адаптација и одбивање истовремено И проблем ми е што ако сме излезени некаде сами, ми се беси на раце да го носам, количка не сака да види, значи ни тоа не ми е решение... Имаме голем двор, ама со мене 10 мин ќе се повртка и плаче за цицка... Да е со дедо му или татко му седи со саати без да ме побара... Ќе мора да пресечам и покажам заби
И јас Би сакала да го споделам моето искуство со престанокот на доење.Можеби на некого ќе му биде просто и смешно,но јас го доев мојот син до вчера,поточно две недели пред да наполни 3 години. Не дека не сум сакала да го одбијам порано,меѓутоа,секогаш кога ќе се одлучев да го одбијам тој се разболуваше. Не дека цицаше мн,само кога ќе дојдев од работа и некогаш попладне и за заспивање, до душа знаеше и некогаш во текот на ноќта да се разбуди,ама само малку да цицне и толку. Минативе неколку дена бев мн болна и пиев антибиотик и одлучив во недела нема веќе цицање. Инаку недели наназад размислував со што да го излажам а да биде безболно за него,бидејки сепак е стрес.Одлучив да направам чај од пелин и да се намачкам со чајот. (Јас пробав од него и навистина горчеше),ама за да бидам сигурна дека нема веќе да сака се намачкав и со сенф. Прво кога виде се зачуди, ме тераше да се избришам.Отидов се избришав и пак ставив пелин. Кога проба почна да плаче и едно два до три саати беше кенкав. Го извадив и го прошетав. Кому не кажа дека цицето на мама било какано. Ама во текот на денот беше добар и не побара да цица. Намерно избрав да го одбијам на сабајле за до вечер да има време да сфати дека и навечер ќе мора да заспие без цице. Кога легнавме вечерта сам ми рече: Мама нема цицање. Заспа некако со маки,ама ми рече Добра Ноќ и се мачеше сам,зошто не сакаше да го нишкам. Денеска не ни побара. Затоа мајки многу е важно да се избере точен тајминг и точен начин на одбивање. Јас бев против носење кај баби и дедовци,зошто никогаш до сега го немав оставено и сакав сепак да е до мене. Е сега во врска со мене и со градите, немав некоја мака,можеби малку вчера кога бев да го шетам осетив струење во градите,ама почнав да пијам Оспен ,во консултација со моја пријателка,докторка.Градите ми се меки и не чуствувам болка,можеби малку пецкање од време на време. Ајде некоја нека сподели некој совет во врска со нега на градите кај мајката во првите денови, бидејќи се плашам да се направам некоја грешка?
Јас до 27м ја доев, да не ја повторувам целата приказна, неколку страни наназад ја има . Веќе доста големка и разбираше доволно да и направам филм и релативно добро поминавмњ со мали кризи. @simona_baby може уште не е моментот, не би ти се мешала во одлука посебно ако имаш мака со нејадење но ако не се осеќаш спремна ни ти ни малото можеш и малку да одложиш
Мајки имам неколку прашања ве молам за одговор. Јас живеам во Германија моментално сум Македонија и незнам уште колку време ќе останам и незнам тука какви превентиви се превземаат. Се доиме веќе 8 и пол месеци јас мислам кај и да е треба да се префрлиме на шишенце е сега дали знае некој да ми кажи како го одбивате бебушот и дали нешто таблетки за прекинување на млекото? Знам Германија препорачуваат таблети и за неколку дена снемува млеко. Дали е исто и тука така? или се зема нешто друго? Фала однапред на одговорите и ви посакувам убав ден
Ајде и јас да споделам ма да процесот почна од вчера и толку назад нема. Имаме година и скоро 9 месеци пишував тука колку е зависен од цицање и дека имаме милијарда подои.Првиот обид го пишав и тука ставив бибер ама неуспешно издржа се до вечерта кога почна хистерично да плаче и попуштивме за да не му направам бетер стрес.Ми дадоа милион совети намачкај со феферонка намачкај оцет ама мене ништо од тоа не ми се применуваше.И на крај го добив(за нас најуспешен се покажа)совет.Ги залепив градите со ханзапласт т.е пупкитњ.Проба да цица да ги тргне неуспешно.Постојано повторувавме какани се се расипале.Кога ќе побараше одма го вадев надвор да си игра.И така цел ден надвор шетавме кризи немавме.За ноќта се спремавме психофизички со мм.Дури и б комплекс му земав зошто очекував многу да плаче.Се заспиваме со нишкање со цртани и лежење не ни успева.Ноќта стана во 12 ипол мм го презаспа.Се разбуди после во 3 ипол дојде кај мене побара цице пак ги виде залепени и луто ја спушта блузата ама не плаче.Седеше буден саат време пивна водичка и презаспа пак со нишкање.Сабајле си стана во 7:20. Една од работите што ме плаши е што не јаде што од нервоза што од забите.Млечни производи никакви.Скоро па ништо не јаде само си подгрицнува ама се надевам и тоа ќе се среди.Лут ми е премногу вчера несакаше да ме погледне во очи.Денес малку попушти и си играше со мене.Чат пат ќе крене блузата ќе ги види спушта брзо и луто ама не плаче. Околу градите јас и немав нешто посебно млеко вчера гледам не се наполнија премногу а и болка немам.Не се врзував не се одмолзував ќе пробам вака без ништо,освен зелка ако затреба.Апчиња се надевам нема да затребаат зошто сум трудна па некако не доаѓа во обзир. На кратко или на подолго тоа е нашата приказна на мама и е бескрајно тешко никогаш повеќе нема да ги видам тие очиња така да ме гледаат дури цицаат ама тоа е некако ќе пребродиме,кај нас мораше вака да се пресече.Фала му на Бога што он не го поднесува ова претешко.
Да знаеш колку те благословувам за фластерите И јас од вчера почнав со одбивање, наеднаш ама тоа е, морав да пресечам Поручек накај 7 се залепив, побара два пати, виде залепено и толку... Е вечерта видов мака, ништо живо не сакаше да заспие, од 9ипол во 1 заспа... Малку поплака ама со песничките го залажував...На крај со деспасито се смири Сабајле се разбуди во 5ипол, тогаш пак поплака ама пак го излажав и во 6 и нешто пак заспа.. Стана уште 2-3 пати виде нема и со водичка презаспа и еве го уште спие Вечерва планирам со маж ми да спие, да видиме како ќе е... Наздравје да му е на дечкото голем, а тебе со лесно
А да знаеш те помислив.Баш ми е мило што и кај вас помогна,јас искрено со голема доза песимизам пробав.Најверојатно им се згадува кога нема пупки,мојот проба да цица преку ханзапласт виде не иде се откажа.Чим сте поминале една ноќ нема назад.Еве и сега знае понекогаш да дојде до мене да тргне блузата ама одма какано расипано и се откажува.И ние навечер седиме будни спие станува седи два саати и пак спие.Ама ја сум презадоволна и со тоа.Мене ме мачи што само со нишкање се презаспиваме. Со лесно и на двајцата и гушки до двајцата. Имаат доста стаж батковциве