И јас ќе пробам со фластерите. Нема друго чаре, второво ќе ми е потешко да го одбијам од првото. Со првото немав толку мака за скратување на денски подои, одма ги прекинав, не ни бараше, ама ноќе надокнадуваше. А малово, а ме види дома, ми се беси и не ме пушта. Не дека цица цело време, ама не ни пушта. Само ме дрпа за блузата каде и да сме. Ај деновиве е преладен, има некој вирус, па ќе чекам да помине и ќе почнеме со одбивање. Мене ми е страв дека ќе имам мака со градите. Со првото морав да пијам Бромергон, оти малку фалеше мастит да добијам. А не цицаше толку многу колку второво.
@simonka93 @Annath Пробајте со кармин темен, кога ќе види цела града исцртана нема да сака. Потсетувајте од време на време дека цицето е болно и полесно ќе прифатат.
Пробај си јас најискрено не очекував дека така лесно ќе се откаже зошто беше огромен цицач,значи цицаше стоејќи,седејки,уз пролаз наопачки свртен секако.До сега немам сретнато дете што волку сака да цица,ама еве лесно минува.
ајде мајки ве молам за совет многу ми е битно. имам 8 и пол месечна ќерка и сум 5недели бремена е сега сме на доење за малата не е проблем се навикна со шипенце не ме бара за доење е сега мене ме фаќа страв со градата да не си имам мака со едната веќе не е проблем се е во ред со другата каде што имам повеќе млеко. ајде за совет ве молам кој имал слично искуство
Јас ги зедов по препорака од гинеколог, третиот ден откако престанав да го дојам, оти не можев да издржам од болка во градите. Инаку последици нема, само нуспојави. Навечер пред спиење по едно се пијат, ама предизвикуваат ужасни вртоглавици и нагони за повраќање. Одвај стоев на нозе, а успивав дете во раце, не знам како издржав. Сега ако треба да пијам, ќе видам со Достинекс, велат дека полесно се поднесуваат. Инаку ми велеа дека поради тоа што пијам Бромергон, немало да имам млеко после втората и секоја следна бременост, што нема врска. Со втората бременост имав млеко уште пред да се породам.
@simonka93 бромергон никако на своја рака. Го регулира пролактинот и ако е несоодветна доза проблем можеш да си направиш. И да знае да даде реакција како вртоглавици и нагони за повраќање. Јас затоа навечер го пиев. @Annath мислам дека нема врска со млеко во наредни бремености. Јас го пиев пред бременост и до 10 недела во бременост ако добро се сеќавам па проблем со млеко немав/м. Инаку точно многу жени имаат такви симптоми, ама бидејќи не е препорачлив достинекс во бременост морав со него да терам. Инаку достинекс многу е полесен за прифаќање од аспект на нус појави.
Мајки, совет ќе ве молам. Се одбивме пред две недели. Млекото се уште го има? Не е многу но има? Не сакам да пијам апчиња. Искуство како го снема кај вас другите по одбивање?
Јас како што знам млеко може да имаш подолг период некои жени и после година дена да се стиснат имаат по некоја капка ќе си пресуши само од себе јас воопшто не се стискам а верувам имам уште
Ако немаш мака со градите, тешки и тврди, тогаш не е ништо страшно, не се чепкај и стискај, нормално е да се има млеко, краток период се две недели.
И јас ги чувствував полни и тешки градите скоро месец дена откако прекинав со доењето. Еве откако помина месец не чувствувам ништо.Дури и намерно се стегам, веќе не ни капе, а капеше на почетокот кога го одбив. ЌЕ помине само од себе, се додека немаш проблем со болка во градите или скраја да е да осетиш мастит и температура, тогаш се е нормално и ќе помине само од себе. Како што викаат старите, „како дошло- така ќе замине“.
@kikin @RainBow @simona_baby Ви благодарам на одговорите. Ги чуствувам уште работат. Вчера се измасирав малку, чуствувам дека се полни. Од едната баш имаше причилно млеко. Па ме зачуди како ќе го снема тоа. Инаку до сега два три пати се имам стиснато колку притисок да олабавам.
Незнам дали си ставала нешто на градите на пример листови од зелка.Јас немав толку млеко како ти ама ми се ствараа големи грутки низ градите и шетаа како да објаснам сега на десна страна утредента на лева,искрено премногу ми помогна зелката.Јас постојано ставав со неа шетав низ град
Мене ми се направи мастит 2 недели откако престанав да дојам а мислев супер сум поминала, и на крај со т со грозници ужас. Да ме утепаш не се сеќавам дал бромергон или достинекс пиев, мослам бромергон, достинекс не можев да најдам. Како и да е сакав да кажам дека од апчињата имав симптоми како на почеток ма бременост, со гадење. @Annath и јас со фластери поминав супер, со приказна дека сум била ма лекар и дека ми кажал болни се цицињата , може смешно ама лесно поминав плус со оглед на тоа дека беше големка 27м и разбираше доста
Како мислиш мајка, не разбрав, пред 5 дена си породена и сега ти надојде млеко? Нормално е тоа, слободно дој си го бебето.
Izvini i jas nisto ne razbrav i zatoa i ne ti odgovoriv. Ako sakas sovet treba podetalno da objasnis.