Мене синчето само ме одби, со недели ме буташе буквално, се нервираше како со сила да го терав да цица, ми дуваше во гради наместо да влече и ретко да зацицаше последната недела кога и скроз го одбив. После 3 дена баш му нудев, само ми ја пипна брадавицата и се стресе од што беше згрозен Мал ми се одби, некаде 11м имаше.. Мислам дека поголемките потешко поднесуваат...
мојава цела година како е одбиена ама редовно секој ден мора да ме пофати под маица .Идела да го погали само цицето вика.И пред спиење исто ме прашува мама може ли малце да го погалам дете е ама еве нема заборавено.Едино кога има некој или сме излезени сама вели Мама срамота е не чепкам сега
И мојата кога има потреба ја пика раката во блуза и се смирува. Уште и се безбедно место градите, така ги памти, ги гали и легнува на нив. Ама тешко беше. Првата недела особено. Не плачеше, ама беше тажна, првите ноќи не можеше да презаспие, седеше по два-три саати додека не се умореше. Па после со нишкање и само во мене гушната и на гради да ми лежи. Среќа не плачеше, инаку... Морав за жал, инаку ќе ја оставев уште.
И јас така знам, по релевантниве портали за доење сум читала дека у принцип дете неможе само да се одбие ама мајките така толкуваат и престануваат да дојат. Мојот на 15 мес престана да цица, еден подој имаше навечер само ама одбиваше 4 дена по ред, незаинтересиран беше, плачеше ако го терам па ми се виде непотребно да се молзам за да одржам лактација и да го враќам упорно. И така до година и пол ми беше намерата, ама тешко ми беше многу дека тој мене ме одби, неспремна ме фати
Незнам ама три недели се испомачивме дури и млекото ми секнуваше само па и никаква мака немав кога се одби, а пред тоа бев со тон млеко. Борби имавме за да цица, со раце ме буткаше од него, не влечеше да цица, туку дуваше во градите, темници, тивко, сами, легнати, ништо не палеше и завршуваше со плачки, друго млеко не сакаше да пие после тоа. Тогаш и со Еутирокс почнав прв пат, дали и тоа нешто ми промени незнам... а сакав да си цица бар до крај на летото тогаш, таман до 1год и 6м. Може да се помачевме уште малку ке продолжевме, но тогаш така сфатив дека веќе тоа е тоа..
Јас морам да си кажам дека ми е ептен тешко, имав многу грутки и болки и покрај апчињата. Се измолзив скоро па целосно со масажа да ги разбијам грутките и ги стегнав градите. Вечер поголема доза од апчињата. Ама барем малово не бара како вчера. Совет за сите кога ќе ви дојде време за прекин на доење - зелка никако! Само ќе ви ги набрекне градите, ќе ги отвори каналите и ќе ги зголеми грутките. Мене тоа ми се случи, па морав да се одмолзам.
Аиии зошто така? Мене зелката ме спаси, не пиев апчиња. Си миев и ладна во фрижидер, не би требало таков ефект да има зелката.
@Annath како ги поднесуваш апчињата?Мене ми беше страшно лошо од нив.До онесвестување дури.. и јас ги преќинав на своја рака.Па и млекото престана само од себе.Чат пат имам чувсто на пецкање(како кога надоаѓа млеко) ама други проблеми од тогаш сум немала.
Па не знам, еве и со гинеколог и со педијатар се консултирав, ми рекоа зелка само кога каналите не се отворени, а не при прекин на доење. А јас ставав, дека ми беше убаво и ладно, ама ете грешка. Ладни облоги да, ама зелка не. Со првото немав вакви проблеми, дали дека цицаше само ноќе и не толку многу, малово нонстоп кога бев дома ми висеше на града. Затоа и морав одеднаш да го прекинам доењето, не ми успеа до намалување на подои. Па подобро од првиот пат, ама првиот пат пиев цело апче, овојпат половина, и немам нуспојави. Е сега вечер не знам, треба цело да пијам, па ќе видиме. Ако лежам, мислам дека нема да имам мака, ама ако треба да станувам, е тогаш може да биде проблем. Претходниве ноќи станував, немав вртоглавици воопшто. Многу голем проблем ми е тоа што сосем намалив со течности. Да не речам дека пијам одвај по една голтка вода на неколку часа, ама морам вака. Не дека имаше ефект. Реков чај од жалфија да земам, ама па да не пијам џабе, да не нема ефект кај мене.
Ќерќа ми е 13 и пол месеци и цица само мавечер кога се буди а кога ја заспивам јас понекогаш бара цицање.е сега најверојатно сум трудна и веднаш нервози ..како да ја одбијам целосно.со оглед на тоа што не ме гледа цел ден кога ќе дојдам од.работа веднаш се фрла за цицање.сопругот ја успива скоро секпгаш но најголемипт проблем е будењето навечер
После колку време од одбивање се оди на ехо на градите? Кај мене лесно секна за среќа, погодив период на циклус, кога обично и самото млеко ми се намалуваше... Али затоа хормоните ме извадија скроз од колосек психички Сега на допир осеќам грутчиња на двете гради, но немам никаква болка, дали да консултирам лекар за тоа или нормално е?
После 6 месеци најрано, ама ако имаш потреба може и порано. За грутчињата не знам да ти кажам дали е нормално или не. Мислам дека ќе имаш грутчиња уште некое време, ама подобро прашај си лекар.
Каде одите на ехо? Или гинекологот матичен тоа прави? Мене не ми направиле до сега ни еднаш... Јас уште имам млеко во гради... дури ме запецкува од време на време како да надоаѓа
Кај радиолог, не кај гинеколог. Јас одам во Ремедика кај Петановска, инаку ја фалат и Чапова во Систина, Антевска (или Антова не сум баш сигурна, а не можам да ја најдам на Мој Термин) на клиника. Ама тешко се добиваат термини кај вториве две, а кај Петановска обично не чекам долго, денес за утре ми закажуваат најчесто.
јас рано бев.Скоро после месец дена или два појдов..Ама јас болки имав затоа.Појди си раат ке бидеш секако
Да не разглабам на широко, бев и јас ради проблем откако се воспостави лактација кај 4 докторки на ехо за гради. Чапова во Систина. Ми закажаа брзо од денес за утре, ама со ургенција преку педијатарот на дунде. Докторката делува сигурна и спретна за работата, ама и малку пуна со себе. Наодот од биопсија не се совпаѓаше со нејзиното мислење, ама сепак не сакаше да смени препорака иако тоа зависеше од наодот. Лилјана во Филип 2 (не ми текнува презиме). Пријатна жена и моја препорака. Смирена, трпелива, детална, внимателна. Ремедика Бабушку. Онака. Ако немаш каде - може кај неа Ми се допадна што и она беше несигурна, па викна друг доктор за консултација. Антовска. Катастрофа. Професорка, извикана, а ништо не ми кажа. Цело време прашуваше Чапова што ми кажала. Јас да сакав само чапова да ја слушам, немаше да барам 2ро мислење. Уште па и наодот од биопсија не знаеше да ми го протолкува. Џабе дадени пари. @Annath иде на приватно во една ординација. И да. Од сите овие 4 прегледи, наодот на докторката од Филип од ехо беше најблиску до наодот од биопсијата. Џабе извикани доктори некокаш.
Не знаев дека иде приватно да работи, за Антовска ова. А многу ми ја фалеа. А која е таа Бабушку во Ремедика? Јас знам дека само Петановска беше таму радиолог.
Елизабета Бабушку, јас одам кај неа. Мене ми е фина. Додуша, и немав некој сериозен проблем, ама за тоа што ми требаше, ми беше добра.