Во ремедика е. Радиолог. Од сите кај кои бев за неа џабе пари дадов. Не можам да ги прежалам уште. Едит. За антовска ова.
И нашата приказна е при крај.Нема цицано од неделата наутро.Се надевам нема да подлегнам на искушение и да му дадам,оти мислам само полошо ќе направам.Еве,два вечери не станува,но утрово поплака малку,не сакаше шише го фрлаше,па го гушкав така да заспие.Презаспа.Кога стана пак се потажи,но не беше страшно толку.Страв ми е за ноќе,не сака шише. Година и пол ќе е за некој ден. Не сакав да го одбивам,но бремена сум и пренапорно ми беше. Искрено,и мене ми е претешко.Ќе ми фалат тие очиња,пикнато во мене,дење,ноќе.Солзи ми течат дур пишувам. Но,ете се си има крај.Мислам дека му дадов доволно.Давав се од себе да успееме со доење,зашто со првото не можев.Кога дознав за бременоста,сите ми викаа одма одбиј го,со луто,однеси го да спие кај баби.Но ,не можев и не сакав таков суров метод.Пренапорно беше,досега со бебето е се ок,па натака ќе видиме. Со градите засега немам проблем,зашто постепено му намалував и цицаше само еднаш во денот.Едино навечер малку ми се тешки.
Здраво.. да прашам како изгледа кога бебето те одбива? Моеѕо е 2 и пол месеци и откако почна да гуга почна да се нервира кога го нудам да цица. А од друга страна ги пика рачината в уста. Ако го доближан до градата плачи. И само сака в раце на меше да го држам само така не плачи. А после 10 минути или 30 минути.. или 1 саат само си бара да цица и од што голта лакомо се закашлува. Е сега дали е ова знак дека ме одбива или едноставнп не е гладно?
Твоево е во скок. Не те одбива. Само нерви и упорност!!! Темно, тивко и менувај пози дур не научиш како сака да цица бебе.
Во најлошиот скок сте, фаза која многу мајќи мислеле дека бебе се одбива или немаат млеко и престанале со доење. Поопширно за ова ќе читнеш во темата за скокови, темата за доење и на гугле. Фаза е која може да трае 1мес и само упорност и убави миали и ќе ја поминете. Немој са сумњаш во своето млеко и да даваш АД и да намалиш подои ( доколку бебе си качува на килажа ) зашто во тој случај и ќе дојдеш до тоа да веќе завршиш со доење. Многу сме ја поминале таа фаза. Знај дека бебе со ноќните подои ги надокнадува денските подои кој не ги надокнадува. Јас на паузи го доев и буквално тој период мислам дека 24/7 му нудев да цица. Во потемно, па во раце го доев и шетав низ стан, под аспиратор, чешма да тече, музика итн. Расоблечиго само по пелена и легнати бидте и така нека цица. Кога ќе почне се тегне и плаче крени го, напрај пауза па пак на града стај го и се така во круг. Немој да мислиш дека немаш млеко, дека не му е доволно или дека е гладно. Ќе помине периодов биди само упорна и без нервози и стресови зашто бебе осеќа. Носи го еднаш неделно на мерење или ти дома мери го за да си помирна. Со лесно мајка и све ќе биде супер ќе видиш, само трпение и упорност.
Леле фала ти многу!!! Многу помирна сум сега. Да многу е тешко, а и таа воопшто не плачеше и сега со мм ни е тешко да ја слушаме како плаче. Ама ќе издржиме. Секакви варијанти правиме. Јас седам спремна за да ја цицам тој ја шета ја смирува, па ми ја дава. Па ја цицам со шетање... и така. Ти благодарам за одговорот!!!!
Мајки колку време трае процесот на одвикнување и колку време се пие Бромергон за тие што пиеле? Ние не цицаме многу еднаш до два пати дневно но само на едната страна и почнав некако да чувствувам тежина на другата страна бидејќи ова трае неколку месеци па се мислам да ја одбијам. Ги набавив таблетите само докторот рече две недели да се пијат некако мислам дека тоа е многу па би сакала да слушнам искуства да знам што ме очекува. Која цена е во Ремедика за ехо на гради?
Најубаво јави се и прашај. Сега имаат нови цени. Јас бев пред повеќе од една година, околу 2000ден. беше.
Здраво мајки Поради Х причини морам да го одбијам малиот од доење, најрано што можам, 10м сме. Сакам да се обидам природно, без терапија со апчиња, го прочитав упатството и се исплашив. Почнав денски да му скратувам на подои, ами за заспивање имаме борба, не сака ништо освен цице. Ве молам за совети ... Благодарам однапред ❤
Многу ми е жал што морам да го одбијам. Ќе пробам со спиење во различна соба. Али слаба точка му е на татко му, па мислам дека нема да издржи да слуша плачење.. Ќе ми го донеси за max 20мин. Сакам да пробам да се намачкам со нешто, но не знам што ?
Мало е детето, сеуште во фаза на пробување вкусови, не знам што би мачкала. Луто и слични работи јас не би. Мижеби фластер да ставиш, но премало е и за тоа. За да сфати дека нема веќе млекце. Ќе бара нишкање и многу трпение, секако ќе плаче, без разлика на кој начин се одвикнувате.
Ако прекинуваш со доење, немој зелка. Јас така ставав и белја си направив, уште повеќе ми надојде млеко и ми се создадоа грутки. Измолзи се целосно, стегни ги градите, и ставај ладни облоги, само не зелка. Ќе секне за брзо. Додуша и Бромергон пиев, морав.
Прекинувам да, морам. Гледам што можам поретко да се одмолзувам. Од левата и да немам млеко, али десната има сеуште. Се надевам со лесно ќе поминам.
@sofi2107 во врска со укинувањето на подои, и мене така ми има поголема смисла. Посебно што преку ден воведуваме оброци и со тоа намалуваме подој, барем кај нас беше така. Најпрво трите оброци, потоа и ужинката ги заменуваа подоите, еден по еден. На почеток за утеха после јадењето ако поцицаше, после кратко време ни тоа. На крај останавме само на еден подој, оној за заспивање. Неколку вечери по ред баба и ја успиваше па безболно ја минавме и таа фаза. Но, се сложувам со @Annath. Секое дете не е исто.
Мене за денското заспивање ме спаси нишалка.Во неа го заспивав,а навечер со татко му во друга соба. Ако ме видеше плачки беше.Постепено намалував подои,ноќе ретко се будеше,само наутро рано,седодека еден ден не се разбуди за цицање и така пресеков.Еве скоро месец има,некогаш знае уште да се гали,да се мести за цицање,но се галиме,чат пат со цуцла се теши.Мене ми е уште тешко,но тоа е тоа.
@danichap без разлика што има 3 оброка, некад уста не отвара дали 3лажици и урла бара да цица и невозможно е да не му дадам. Башка сум сама по цел ден. Навечер пробавме мм да го презаспива и не и не плаче до зајдување и се смирува само ако го земам на цицка. Не дека ќе цица којзнај колку ама битно да ја има во уста. И со цуцли пробав, вода, чај и не и не. Се дешава некогаш после оброк ( кога вади заби само тогаш не ми јаде ) да бара да цица, а некогаш не. Без разлика дали сме на гости, излезени шетаме, седнати на ручек или вечера он почнува хистерично да вришти и да бара да цица. Не пали ни подметнување на грицка, јадење, сок, чај, вода па и шо и да е не отвара уста. Пробав излегов го остаив со мм и мајка ми за да пробаме и така и за 1ч ми се јавија да се вратам зашто дете помодрело од плачење. Пред некој ден пробав стаив фластери и џабе исто пак зајдување. Он е 14мес немам намера сега да го одбијам ама незнам како да успеам да скратам денски подои п и ноќни. Не се издржува веќе ноќе, последниве 2мес неам 2ч сврзано сон ме полуде. Да може мислам само ќе цица и ништо во уста не би ставил од храна. Дури и кога се пресоблакам, излагам од бањање, седнувам на спална и он со раце прета вика се смее и се подава да го земам и циц циц па циц циц дај дај и не прекинува дур не му дадам. Па тегне и близа срам да те фати некад пред луѓе. Ајде дајте совет,мислење и искуство како да му скратам денски и ноќни подои? Па верувам со намалување на подои ќе е полесно и понатака одбивањето. Да напоменам дека почнав ( сега од пред 1мес ) и за прв пат сам со мм навечер да ги пуштам да шетаат за да не ме гледа. Супер си шетаат 2ч и после мора да го качи зашто урла надвор мама мама циц циц и дур не ме види.
Јас не би одела со варијантата да се исплаче, оти не можам да слушам дете како плаче. Ама ако нема друг начин... иначе моево го одбив со тоа што залепив на градите хируршки фластери и на секое негово барање му ги покажував. Проба да ги извади, ама не можеше. Виде не виде, престана да се обидува да ги извади. Плачеше, се лутеше повеќе, не беа баш плачки до зајдување, лежеше на земја со приплакување. Ама моево поголемо го одбив, на скоро 21 месец, можеби и повеќе разбира. После уште цела недела ми се лутеше наутро штом ќе станеше од спиење, ама брзо си легна на брашното. Со големиот за скратување на денски подои не беше ич проблематично, го заигрував, му давав да јаде и слично, ама не беше толку зависен колку малово. Ноќе ми беше попроблематичен, неколку ноќи со ред плачеше на секој час. А малово не, веќе втората вечер ја преспа скоро цела.
Не доаѓа во предвид да го оставам да плаче, неможам да го слушам ме деконцентрира и ми е тешко/мака ми е и жал. Еднаш го оставив и беше хаотично и веќе не пробувам пак. Ем лошо влијаеше за него цел ден беше никаков и жален, ем јас ќе си препукнев од грижа на совест. Еве денес стана во 07.30ч со цицање. Доручкуваше убаво па пак бараше да цица. Надвор му се приспа па пак бараше и еве сеа спие сеуште. Па ќе пробам кога ќе стане ќе го разиграм, туширам, да руча па ќе пробам да не му текне на цицање до вечер ако успеам. Барем денски подои малку да се намалат да ги сведам на 2-3. Па после ноќните да ги намалиме. Сепак е мал да разбира ако ставам фластери или да му зборам е џабе, мал е не разбира. А, за одбивање здравје планирам после 20+ месеци па може и после 2г незнам да не зборам предвреме.