И јас сум од мајките кои дечињата сами им се одбиле од цицање , и првото и второто како навиени до колку и колку да цицаат , двајцата се одбија точно кога наполнија една ипол година , вечерта и сабајлето се нормално си цицаа , а за на пладне кога да спијат не сакаа и побараа сок , секако им дадов сокче , за вечерта пак со сок сакаа цицка никако не сакаа , првото вртеше глава и не сакаше , а второто му се повраќаше од само што ќе го доближува да цица , без мака и они и јас , а зависни од цицање беа што се чудев како ли ќе се одбијат тие деца , ама ете премногу брзо и лесно , за третово ќе видам до кога ќе цица сега за сега е сеуште малечок.
Со оглед на тоа што првото само се одби на 10м мислев и со второто ќе биде така . Но малово многу сакаше да цица и си рек8в ако не се одбие сама ќе ја оставам до2г. Поминаа и 2 и видов дека нема така лесно да оди а не бев ни јас спремна за целовечерни плачки и неспиење, па го развлеков откажувањеѕо уште некои 3м. Цело време и зборев дека е веќе голема дека ќе нема уште малку млеко во цивето ама се правешe дека не слуша . Еден ден се решив да пробам да и направам прикаска да видам како ќе реагира и за среќа прифсти некако лесно, имаше после неколку дена малку плачки но не толку колку што очекував. Не знам како и дали го предосетив моментот но некако го погодив, инаку претходно само се мислев како да го изведам тоа и се не се осеќав јас спремна. Полека не форсирај, нека помине и летово па полека види како ќе се чувствуваш ти првенствено
@Sexybaby86 истата ситуација беше и кај мене. Сама се одби, со вриштење и плачење кога ќе видеше града. Јас сум убедена дека моето млеко не ѝ беше доволно. Само што кај нас не беше период, туку беше борба од цели 5 месеци. Исто ми беше тешко и потполно те разбирам, ама со тек на време ќе сфатиш дека најважно е бебе да е намирено и среќно, а не доено по цена на нервозна мајка, а со тоа и нервозно бебе. Ќе биде супер, ќе видиш
Majki kako uspevate da namalyvate podoi posebno navecer.Tesko mi odi bez cice zaspivanje ne. Sakavda pocnamda namaluvam I da ja odbivam nooo trae celmesec ova namaluvanje a vsusnost nema efekti.
Кај мене се изврши аблактација 4 дена после пораѓај. Сестрите ме стегнаа со завои и почнав со бромергон. Ме интересира, вие кои пиевте терапија, дали ги стегавте градите? Сестрите и неколку гинеколози викаат треба, мојот што ме пораѓаше вика не треба. Целата сум збунка. @danichap ако не се лажам ти имаше вакво искуство со третото. @Annath мислење?
Што сум слушала од жени кои работат со доилки велат да не се стегат градите.Кај тебе може и не е уште толку надојдено млекото за да мора да се стегаш.Види ти како ќе се чуствуваш.Ако ти е проблем стегањето не се стегај.Секако таблетите ќе завршат работа ако можеш да ги пиеш.
Таму за малку мастит ќе направев. Многу надојде млеко, градите станаа огромни и црвени. Затоа ми ги стегнаа. Дури сестрите се исплашија. Затоа сум на два ума за врзувањето.
Оф мајко ти оти не си прворотка па полесно и побрзу ти дошло. Што сум читала и слушала велат не за врзувањето, ако имаш нелагодност малку одмолзувај со тоа нема да стимулираш само ќе ти олесни.Не често тоа знаеш овие денови колку да мине.Зелка ставај. Со лесно да ти мине и живо и здраво бебето ви биде
Каснам со одговоров, сега веројатно е ок, се решил проблемот. И јас мислев дека не треба стегање, ама пожелно е и тоа откако убаво ќе ги испразниш градите. Јас така си олеснив многу, а зелката само ми го извлече млекото од градите и ми ги наполни повеќе.
Др ми даде Бромергон да пијам 1 до 2 недели. Пиев 2 недели млеко немав и прекинав. После 2 дена кога се измолзев во случај да не остане нешто да ми направи проблем пак шприцна млеко. Дали да продолжам со апчињата иско испив колку што е препорачано?
Бебуш за пола месец ќе полни годинка и ќе почнам на работа па сакам да го одбијам. Што им давате за да заспијат зошто не сакам сок ради шеќерите да не му се расипат запчињата. Се мислев дад почнам со кравјо млеко. СоветС
Ниту едното, ниту другото. Научи го да заспива така без ништо, јас не сум го одбила син ми сеуште, ама кога почнав со работа одев само 2ра и 3та и во двата случаи маж ми го заспиваше, до 1 година се молзев и му оставав, после престанав да се молзам и продолжи да си заспива без ништо, навечер кога ќе се разбуди му нуди вода, некогаш пивнува малку, некогаш не и ептен е раат.
И од млеко се расипуваат забите, и тоа има шеќери. Нема потреба да го одбиваш, детето ќе си се навикне без цицање да заспива, ни прво ни последно. Секако кога ќе го одбиеш, не се дава ништо. Јас кога прекинав со доење, и на двајцата не им нудев ништо за заспивање. Миење заби и малку вода пред спиење, и прво со нишкање, после и сами заспиваат.
Моето е 14 месеци мн сака да цица и дури и да сакам да одложам тој ја пила раката во блузата и вика тите нз како ќе се одбиеме страв ме фаќа најмногу за навечер.
Женски послушав ваши совети без ништо да го навикнам бебуш, само му нудам вода кога ќе се разбуди. Е сега сакам да прашам... Не земам апчиња сакам да пробам без нив и ги стегнав градите. Ама многу ме болат. За колку време од прилика ке престани лачењето и дали и ноќе и преку ден треба да се стегнати?
Ако можи подетално да ми објасниш како го одвикна и дали претходно ти пијаше млеко од шише оти мојот пија вода сок млеко неќи па нојќе кога ќе му понудам шише шлачи се разлошува и пак му давам да цица