Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. svami

    svami Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    И јас одев на таа варијанта дека можеби сам ќе се одбие, ама како минеше време стануваше се позависен.
     
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Без совет за дозирање на достинекс од ендокринолог несмееш на своја рака да пиеш. Достинексот се многу јаки за разлика од бромергонот. Но и за бромергон само со консултација со стручно лице. Ти го кажувам ова од искуство зашто со години сум со достинекс и бромергон поради пролактиномија.
    Сега кога го одбив од доење синко на 21мес со консултација со мојот ендокринолог почнав со бромергон. На своја рака не би ти рекла да земеш било кое од тие две. Само со консултација за доза ќе разговараш со стручно лице.
     
  3. Pepa B..

    Pepa B.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2017
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    поминав душо без апчиња само со зелка , чај ид жалфије и одмолзување од време на време
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за помош, совети, и трикови :sweat:
    Имам чувство дека малата ќе цица до прво одделение (facepalm) Кажете ми како да ја одбијам? Има година ипол, неколку месеци цица само навечер, на заспивање и ноќе се буди од еднаш до три пати. Зависна е премногу, секој обид за одбивање плаче, вреска, не престанува зајдува. Цицањето од уживање се претвори во мачење :( цица по саат време односно повеќе ме тегне, се превртува, се качува врз мене, ме штипе и често ме гризе за брадавиците. Буквално ме малтретира. Ако речам нема цице, почнува да плаче, се лути вика. Нема шанси да ја излажам, цуцла не сака никако, пробав со чај во шишенце, една вечер го испи цело во еден здив го фрли и продолжи да плаче и да бара цице. Пробав пак друга вечер не сакаше ни да го доближи до устата, само плачеше.
    Ги исцртав градите со црно моливче, :tmi: воопшто не ја предомисли тоа кога виде, па морав брзо да се измијам затоа што врескаше за да и дадам да цица. Немам веќе сили ;( не сум спиела година ипол, преморена сум и физички и психички, цело време сум со градите на мегдан, се успиваме повеќе од еден саат секоја вечер, ноќе често се буди, сабајле исто пред убаво да се расони, закачена е на цице. Си јаде супер, скоро сѐ што јадеме ние, си напредува убаво, одамна не јаде блендирано, си јаде цврста храна сосема нормално и доволно. Кажете ми совет, како да постапам, како да ја одбијам?
    Извинете на предолгиот пост. :f:
     
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    7.717
    Пол:
    Женски
    Кога ќе одлучиш да ја одбиеш биди цврста со одлуката не попуштај. Еве и мојата само висеше на градата и кога увидов дека повеќе и е за играчка отколку за пиење млеко решив дека е доста. Почнав постепено да и нудам млеко од шише или во чашка со цевка, не форсирав колку сака толку пиеше. Еден ден цел ден не ми побара да цица и тој ден беше д денот. Пред спиење во игра со чукнување на две шишиња испи 100мл млеко, а јас на градите си залепив фластер и и реков кака дека е. Тешко беше на вечерта си бараше цице ќе и покажав дека има кака, ќе си поплачеше но на крајот ќе го испиеше млекото од шише. Првите 2-3дена беше тешко после тоа се навикна. Одкако премина на шише поубаво спие и не се буди во ноќта, само еднаш за млеко и одма презаспива.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Го одбив на 21мес. 21месец немав сврзано повеќе од 3ч сон. Веќе станав и неподносливо нервозна зашто бев ненаспана. И буквално беше бетер од новороденче за цицање. Одбиваше и да јаде само за да цица. Буквално зајдуваше од земја се трескаше ако не му дадев одма. Се дереше “ цицееее цицеееее ..... “ се дур не му дадев. Ептен беше и веќе брука во сред ресторан, кафич, маркет или било каде кога ќе почнеше да се дере “ цицеее дај цицеее “ па да ме тегне ... хаос. И не, не дека цицаше туку цуцаше. Цуцла лажливка мислам пред 3тиот месец веќе ја пљукна и не фати никогаш.
    Пробав со кармин црвен, со фластери, ханзапласт, лимун, сенф и џабе. Или ќе избришеше со раче или ќе фатеше и цицаше. Ноќе ми беше хорор буквално. Ако не дадев тоа беше урлање до расонување и дремење уште 3-4сати дур не презаспие. Пробав 2-3 пати млеко со шише и нагон на повраќање глумеше и пљукаше. Чај никад еве и ден денес нејќе.
    Очајно барав по фб и форуми решение. На 23ти декември враќајќи се од гости цицаше последен пат во кола накај дома зашто зајде дур не му дадам. Застанав и во Зегин го купив Аура лакот против грицкање. На фб на страната за доење многу жени го фалеа. Го земав искрено онака као да пробам и со мисла дека џабе ќе е. Дур сопругот го бањаше јас се намачкав. Пробав и не да горчеше хахахха. Дојде за да му дадам и како проба се згрози и почна да пљука “ бљак бљак “ и му објаснував дека се разболеле цицињата и се расипало млекото какано е веќе. Поплаче и пак проба уште два пати и се тргна и заспа со сопругот. Ноќта потстана проба пак и само лизна и се тргна. Да, кенкаше и поплачуваше. Го гушкав, пеев и го тешев. Сабајлето викам ај да се измијам да не почне да урла денот ќе ми го напраи хаос. Жими се немаше со што не пробав да измијам нееее бре не се одмиваше. Со ракија трљав, со сјај, шампон, сапун, ацетон, лимун итн. Не бре не се вадеше горчеше уште. Ајде викам ќе се тргне ќе пробам пак покасно. Дете во денот проба уште 2-3 пати. Ќе дојдеше ќе лизне и ќе почнеше демек е љут, па му давав марамче викав : бриши мама ќе видиш дека е какано веќе не се брише. И така си се гушкавме кога ќе му дојдеше моментот. Видов дека успева и вечерта пак се премачкав иако сеуште горчеше. Проба и вечерта 1-2 пати и наредниот ден и толку беше. Ми беше ептен криво ама веќе беше неиздржливо. Искрено се изненадив и не верував дека така лесно ќе помине. Зашто беше за цице ептенннн. Период од 2-3недели имаше навика да побара да соблечам мајца кога го заспивав и да легне со лицето на цице и така да спие. Ноќе почна 1-2 пати да потстане да побара вода и одма да продолжи со спиење. Млеко никакво не понудив зашто ми немаше логика го одбивам ид мајчино, а да давам друго млеко. Сепак и веќе беше 21мес. Да беше некој 12-14мес да може ќе дадев АД. Ден денес некад му се дешава така да бара ама ептеннн ретко. Има навика некад брца рака внатре и така сака да заспива.
    Но, еве од после 2 отприлика недели од одбивање он спие супер ноќе и јас сум наспана и функционална. Никакво млеко не пие. Сок ноќе исто не давам. Преку ден пие некад сок кога ќе му текне. За вода знае да потстане ноќе некад да побара и да продолжи одма со спиење.
    Пробај со Аура за против грицкање. Безбеден е и го користат за деца кој цуцаат прст и за одбивање од цицање. Верувам ќе успееш и ти со тоа. Но, и да плаче нема да попуштиш верувај за 2-3 дена ќе помине. Ако попуштиш ... нема назад пак ќе си терате со цицање дур само не одлучи да не цица. Јас ако чекав моево да одлучи хмммм ќе требаше на меѓу часови и голем одмор у школо да идам за да цица :D е до толку беше зависен од цице мојот.
    Со лесно одбивањето.
     
    На Mimmi39, emkaemka, Spidy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Веќе неколку месеци размислувам како да го одбијам син ми од цицање. Сега има скоро 17 месеци и цица секој пат за заспивање и насабајле за будење. Прњку ден има една дремка од 1 саат и се буди и бара цице и пак заспива околу 1 саат. Навечер се буди 3 4 пати за цице и плаче и се додека не добие цице не може да продолжи да спие. Проблем е што не пие ништо од цуце само со цевче/чаша. И не постои друг начин да го успијам освен со цице. Јас не одам на работа и нон стоп сме заедно. Дали да чекам уште или да му намалувам подои колку можам...
     
  8. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    66.752
    Пол:
    Женски
    И јас го имам овој проблем. Скоро 2 ипол години ќе направи зависна е од цице. Досега се нема случено да заспие без да цица, а јас не можам да мрднам дури спие, буквално е ко залепена за мене и само ме тегне, од едната цица, со другата си игра. Ако и ја тргнам раката одма плаче. Еден период се навикна да спие во креветче. Ќе се нацица и сама си одеше во креветче, ама сега пак по старо, јас ја тегнам да се тргне, таа плаче и упорно цица. :( И јас не одам на работа, по цел ден е дома со мене, си велам да се затопли времево ќе бидеме во двор по цел ден нема да и текнува толку. Ако не ќе пробам со сенф да се мачкам, една другарка така го одби. Имам пробано со ханзапласт, ми се смееше, го одлепи и си се закачи пак. (facepalm)
     
    На gjoker4e и TutiFuti им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Исто сум и јас. Ноќеска неколку пати станува да цица и плаче ако не и дадам. Штом си дојдам од работа одма цице. Зависна е ептен. А мене ми е многу криво кога гледам како плаче и вика цице цице па и дадам. Не се случило да преспие цела ноќ без да се разбуди за цице . И тоа си цица по 15 минути и повеќе. Не можам веќе да издржам
     
  10. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    66.752
    Пол:
    Женски
    Не знам колкаво е твоето, додека се мали, до година многу е полесно мислам за одбивање. Кога се поголеми веќе знаат и не можеш да ги излажеш лесно. Мене ова ми е за памет за второ некојпат здравје.
     
  11. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    И јас така си велам, за наредното пред година има да го одбијам и да го научам со цуцла и шише..
     
    На SofiMar_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Година и пол е. Разбира. Ноќеска ми ја дига пижамата и траже го цицето. Ако ја тргнам почне да плаче. Цуцла цуца ама ако е заспана убаво на цице тогаш и ја дадам. Ако не е заспана нема шанси.
     
  13. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мајки јас некако успеав ноќеска да не и дадам да цица. :whew: Неколку вечери по ред заспиваше без да цица, ама се будеше ноќта и бескомпромисно плачеше па морав да и дадам да цица. И утринското цицање и го скратив, веднаш штом се разбуди или излегував од спална или се правев дека спијам, таа ќе поплаче и ќе престане. Е синоќа заспа без да цица и прв пат се разбуди во 6ч :party::party::party: што е чудо :rofl: (се надевам нема да трае само три дена 8-|) сакаше да цица ама не и дадов, се вртеше кенкаше и на крај се откажа. Не презаспа ама барем не цицаше. Се надевам дека сме на добар пат. @bella12 @sofi2107 фала за советите :hug:

    Ама сега имам друг проблем, градите ми се тврди и полни, десната повеќе дека од левата последно цицаше завчера. Како да имам грутка и на допир ме боли малку. :wasntme: Сабајле кога пробав да ја презаспијам, дека во раце стисната на мене почна да ми тече млеко и ми се намокри дури и пижамата. Се плашам, што да правам да си олеснам? Смеам ли да се измолзам малку? Масажи, топла вода или ладна? Што можам да направам без таблети да го намалам млекото?
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Кај мене малата сама се одби на 6 месеци, па да споделам мое искуство околу намалување на млекото. Поминав без таблети и без стегање, совет од докторката ми беше само да носам градник постојано (и на спиење), затегнат, закопчан на последното копче. Првите ден-два не осеќав ништо, потоа третиот ден до кај десетиот буквално мислев дека ќе умрам, многу ме болеа. Др викаше ќе стиснеш заби и ќе издржиш ако не сакаш да пиеш таблети. Вика после недела дена магично се' ќе помине, и навистина беше така. Издржав некако и помина како ништо да не било после 10 дена. Имаше моменти кога морав малку да стиснам да одмолзам, ама сосема малку, колку да ми олесни. Не ставав никакви облоги, се туширав со помлака вода, не топла, зошто топлата ги отвара каналите и стимулира млекото да истекува.
    Советувај се со лекар, сепак не е кај сите исто. Некои полесно поминуваат, некои потешко, битно е градите да се прибрани барем (ако не стегнати), така помалку боли.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    7.717
    Пол:
    Женски
    За градите под туш со топла вода масажа ќе правиш и ќе се измолзиш до крај и ќе ги стегниш градите со некаков материјал. За апчиња можеш бромаргон да земеш ( најдобро ти е лекар да посетиш па да се консултираш со него). Ако и немаш дадено повеќе од 24 часа се смета дека ја имаш одбиено и не се препорачува да и даваш повеќе.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Јас првите 2 дена ( зашто незнаев да не не издржи без цицање ) кога ќе осетев тешкотоја и дека се тврди под топол туш малку одмолзував.
    После 2рата вечер си почнав со бромергон со консултација на Ендокринологот. Дента направив испитување на пролактин и според тоа почнав со почетна доза соодветна. Но, да напоменам дека јас со години пред да останам трудна и до 34та недела од бременоста бев на бромергон. Имам пролактиномија и микроаденом на хипофиза па морам со бромергон. И највеќе и поради тоа го одбив за да можам да продолжам со терапијата. Така да сепак за бромергон мора со консултација со Ендокринолог за доза. Не би ти препорачала на своја рака да земеш ни достинекс нит бромергон. Сепак мора со доктор консултација.
    Повеќето мајќи кој ги читав по форуми и на фб во Подршка на доењето под туш одмолзуваат по малку, ако осеќаат жежење и грутки ставаа лист од зелка, се стегаа со градници или некој се врзувале со траки. Но, не одмолзувај често и многу зашто така продолжуваш со воспоставување лактација. Намалувај со тек на денови и самиот организам ќе добие до знаење да не лачи млеко.
    Со лесно и верувам дека за брзо ќе се регулира и нема да осеќаш нелагодност.
    Мене и покрај бромергонот ми течеше млеко кога ќе стиснев. После некој 1ипол месец веќе нема ни на стискање.
    Кај некој ете читни наназад или во Подршка на доење имаат и после 1г при стискање по некоја капка млеко. Ама не е страшно.
     
    На Coco31, Вереничка и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  17. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете што да правам ме болат градите, на едната имам грутка? :worried: Малата скоро една недела како не цица.
    Се туширав со топла вода, масирав и измолзев малку, шприца на сите страни (facepalm) кога ќе намали млекото?
     
  18. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Сум слушнала дека се стават листови од зелка. Или прашај во аптека/доктор за некој апчиња
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Дали е возможно ноќно доење да одвикнеме па да спие преку цела вечер? А само денски да се доиме?
    1 година наполнивме и 2 недели.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога цица. Не ми е јасно зошто така? Цица и ме фаќа нервоза ми иде да се отрујам. Морам да ја одбијам најкасно до 1ви мај. Не можам повеќе. Ќе полудам. 23 месеци е.
    Денеска (како и секој ден) седнувам да јадам таа цице. Кревам филџан кафе таа цице. Почнам да мијам садови таа цице. Последно и викам да го исчистам купатилото и кога почна да вришти цице па цице и седнав во дневна се исплакав како по обичај.
    Ама како да ја одбијам? Така наеднаш???
    Цел месец и зборам дека е голема дека не треба да цица и ми вика најн мами цици и ќе ги гушне цицињата, а не цица баш тогаш само ги гушка.
    Не знам ни ја што помош барам. Знам дека од моментов натака не сакам да цица (од илјада моменти наназад всушност). Не знам од кај да почнам како да го одбијам.
     
    На emkaemka, Coco31, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.