@Annath Ставив вчера 2 пати по 2 саати зелка ама имаш право повеќе ми ги наполнија, почнаа да ме пецкаат дури. Купив сношти рачна пумпа малце се измолзив, колку да ми олесни и пак ставив ладни облоги. Јас пак читав дека не треба скроз да ги испразниш, а и да не се стегаат многу, само спортски градник ставив да ми ги стегне малце. За разлика од вчера ми е многу полесно, трет ден. Малото си заспа сношти без проблем, цртани гледаше и заспа. Откако е родена се немаше десено да заспе сама, седејќи, без цице, дури не ми се веруваше. се изнаспавмр на рајат цела вечер не стана си спиеше во креветче, инаку стално беше закачена за мене, легната на гради а нозете врз фацата на мм.
И јас одам по принципот како @snegulkata кратев и кратев подои, односно се повеќе беше шматкање на цице Е сега имаме само еден, у сред ноќ, тогаш баш цица, си пие млеко, бара кај 3-4ри а може и кај 1-2ч да стане, зависи, но еден подој е, само тој. Уште не сум решила кој ден, но за брзо и тој ќе го укинам. Ќе му нудам вода, знам дека ќе се буни и најверојатно ќе го разбудам, но тоа ќе е Заспива со гушкање и бутање во мене и цуца цуцле. Јаде непосредно пред дремката/ноќното спиење па не му се јаде и не бара Е сега како ќе биде со кс бидејќи не јаде ништо млечно, буквално плаче од кисело, не знам, но може и ќе пројаде.. Вањда доволно калциум внесува со 300г ноќна Хип и 200г ужинка пудинг
Нормално ли е после одбивање детето да биде уште поприврзано за мајката? Буквално не ми дава да мрднам, да застанам да ставам јадење набрзина она плаче хистерично, не ми дава ни со мм муабет да правам одма ми застанува пред фаца ме држи за глава и вика. Си играме во собата, ке виде татко и иде и одма му вика нононо за да излезе. Не беше таква само деновиве е откако престана да цица.
Нормално е. Кај нас дури ја доев мм ја заспуваше навечер од кога престанав само во мене. И да се подразбудеше само со мене презаспуваше пак. Тешко е сега но е период ќе и помине. После 5 месеци пак е по старо со мм се успиваат
Пак јас . Една недела откако се одбивме, последниве 3 дена немав никакви проблеми со градите ама сега почна да ме наболува левата на допир и осеќам дека имам млеко доста тврда ми е. Да се измолзам малце колку да не ме боли? Ми е страв да не стимулирам само повеќе да ми надојде млеко, или нема врска ?
Можеш да измолзиш, ама малку, само колку да ти олесни. Од мое искуство, маката ми беше од 4-тиот до 10-тиот ден. После 10 дена немав веќе апсолутно никаков проблем, а и матичната ми кажа дека така ќе биде. Уште малку издржи, ќе се среди И знам дека знаеш, ама носи си градник деновиве, да не ти се слободни градите додека сеуште има млеко во нив.
Аууу што збориш? Јас па викам ако нема ништо првите денови, тоа е тоа. Јас ептен паничам за градите. Планирав без апчиња, ама ќе почнаж од утре.
Кај секој различно, јас само 2риот и 3тиот ден имав проблеми, и толку беше. Многу ми помогна под топол туш малце измолзување и ладни облоги потоа (зелка никако, само повеќе млеко ми надојде). Не ги ни стегав, само со обичен спортски градник. Мој совет, пробај без апчиња, со лесно.
Крпче го мокрев со ладна вода и го ставав под градникот. Кога ке се стоплеше пак го ставав под чешма. Ја влече температурата од градите.
Јас вчера и дадов да исцица и ги стегнав. Пред малку под туш малку измолзев од едната града. Другата не ја осеќам како тешка. Немам грути. Значи да земам уште да ги ладам. Друг совет имаш?
Исто така намали со внесување на течности, како што се јогурт, млеко,боза и други што допринесуваат за лачење на повеќе млеко. Ако ептен осетиш да ти се тешки малку од малку ќе се измолзиш колку да ти олесни. Кај мене со апчиња (бидејќи ми беа во страшна состојба) ми прекина после 10ден. Продолжи да ги стегаш.
Сабајлево едната града гајле нема, другата веќе тврда. Нема јасни грутки, ама има места кои се потврди. Почна паниката @Annath знам ти пиеше апчиња. Кој е знакот дека треба да почнам да пијам. Немам проблем да пијам. Знам природно е природно, ама не сакам проблем со градиве. Веќе имам и доволен ми е
Јас успеав без апчиња. Иста бев, со тврди и болни гради, со грутки. Тоа траеше 3-4 дена и помина. Докторката ме советуваше тогаш да издржам болка за да не пијам апчиња, дека ќе помине за неколку дена и ете така и беше, џабе паничев. Побарај совет од лекар за апчиња пред да почнеш, можеби нема реална потреба. Сега овие денови се најтешки, после 10-тиот бев како ништо да не било. Со среќа и побрзо да помине
Зборував со гинекологот. Имам насоки. Ама ме фаќа паника Ти така со тврди гради седеше? И наеднаш спласнаа?
Да, така седев. Не можев ни да спијам од болка. Прслук 24/7 носев, постегнат (така ми кажа др.). Еден ден кога се разбудив одеднаш немав никаква болка, помина преку ноќ буквално. АМА, многу ме болеа, премногу, тврди камен ми беа, ми се плачеше. Абе можеш да издржиш, 100% тврдам. 3-4 дена е маката.
Мене двете гради ми беа преполни, тешки и тврди, и тогаш ми рекоа да почнам со апчиња. А мислев ќе поминам без нив вториов пат. Јас се зезнав со зелката, цело млеко ми го извлече. Ги измолзив сосема и ги стегнав. Ама убаво ги стегнав, сосема меки и празни да бидат. После тоа не ме болеше толку, немав ни грутки, барем не ги осеќав, млеко осеќав дека иде, само не толку и ме болеа едно 5-6 дена сигурно.
Одмолзи од тврдата града малку, колку да олесни, после стај некое ладно крпче и стегни ги градите. Ова прктикувај го кога мораш, кога нели е тврда градата или ако има грутчиња! И јас без апчиња ја одбив и малава и големата ќерка! Додуша немав потреба да се одмолзувам, ептен ми беше намалено млекото пред да ја одбијам!