Уф. Ова комплицирано било И мене намалено ми беше. Еве еднава града скоро и не се полни, другава бабачко Одмолзев сабајле
Јас сведов течности на минимум. Буквално колку да преживеам. Чај од жалфија дали еднаш или два пати се напив. Вториот ден ми беа толку полни дури и како температура осеќав да имам. Само малку одмолзев и цели време со прслук да стега. Може да се каже дека после 4-5 ден веќе немав никаква мака. Со лесно.
На сите реплицирам Читав во поддршка за доењето од советничката искуство дека немаат врска течностите и да не се стегаме. Ивановски па ми кажа да се стегнам со појас. Ќе почекам уште малку, ако не ќе почнам со достинекс. Чудно, еднава града е мека, ништо не и е. Другава сосема спротивно. Фудбалска топка станала
@kukla21 ако осетиш дека имаш грутки на градата ќе ја дигнеш во вис раката и под туш со крупно масирање ќе ги разбиеш. Стегни се со појас или марама помага. Еве скоро сите членки ти рекоа дека после неколку дена само од себе, преку ноќ поминува. Првата недела е тешка.
Ист случај бев зошто бебе последните месеци само од една цицаше. Масирај ја, ќе помине за некој ден. Не се стегав,може само првиот ден два, од страв. течности нормално пиев и на крај без апчиња пројдов. Со лесно
Јас со ад го успивав и уште така се успива. Пие млеко и заспива. Некогаш одма, некогаш малку со борби за заспивање. Ама ова само за ноќно спиење. Дење без ништо. Во количка или на рака малку нишкање и заспива.
Со нишање во раце, поретко легнат на кревет до мене. Тоа малово, а има цела година откако го одбив. Поголемиот полесно се навикна да заспива лежејќи до мене, а малово си бара во раце. А тежок е, машала, не можам веќе да го држам. А за чудо, сите други полесно го успиваат од мене, два пати ќе го занишкаат, веднаш заспива, јас се утепувам од нишкање, минимумот ми е десет минути. Затоа го оставам мм да го успива, освен ако не ме бара стриктно мене.
На почеток го гушкам легнат на рамо, го шетам низ соба и ш'шкам или пејам нани нани А сега заспива сам.Голем батко
За ноќното и прашувам. Денски заспива сама, ама навечер и да ја легнам ја врти главата и цуца во празно и почнува да кенка. Многу се плашам од овој момент понатака. Во раце не сака, мислам дека нема шанси во раце да заспие. Не е љубител на држење во раце.
Епа јас го ставам на спална на перниче и му давам млеко, а јас или татко му легнуваме до него. Кога ќе го испие, зависи колку е уморен, некогаш заспива одма, некогаш се препелка додека не се доумори и заспие. Кога ќе се уцврсти го ставам во креветче.
Мене ми е најмногу страв од ноќните подои. Она си станува 1-2 пати а некогаш и 3 пати за цицање. Како ќе ја одвикнам стварно не знам, оти ако не и дадам почне да вриште на цел глас. Треба психички да се подготвам, затоа и сега не сакам да ја одбијам.
Пред да го одбијам, мислам на еден саат стануваше за цице. Не цицаше туку повеќе се мазеше со цицето. Најмногу затоа и го одбив. За два дена веќе престана да се буди ноќе или ако се разбудеше ќе го гушнев и одма продолжуваше да спие.
Сум пробала и со гушкање. И маж ми пробал да ја успие во друга соба, ама не, не бива. Плаче и се тегне по мене, вика цице,цице. Ече цела куќа од неа
Поголемка е и разбира повеќе. Јас го одбив кај 13/14 месеци кога беше. Со лесно мајка во секој случај.
Ноќеска мислев хорор ќе биде. Само се чепкав, пипав.. добро е. Олабави малку и болката се намали. Ќе оди само на подобро или да очекувам шок? Неколку пати во денот под туш ја масирам градата. Нема грутки, ама има места што се потврди, кога масирам имам чувство дека мускул масирам, не грутки. Ама ќе олабави и тоа. Денес не паничам толку. За заспивањето. И мојава во раце не сака многу, ама па така заспива. Става глава на рамо, малку ќе ја нишнеш и купче. Е сега кога ја спушташ знае да изреагира, ама уште малку нишкање и тоа е тоа. Ноќното заспивање на цице беше, сега исто како денското. Како и @Annath, така и јас најдолго ја заспивам. Мајка ми за минута, две, јас до 30 минути. Лесна ич не е, па и кога ќе заспие со цела тежина Уште не го заборавила цицето. Вчера викаше, ама брзо ја замајував ао друго. Мајкино пијавиче