Форумџика на годината 2021
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Женички не најдов соодветна тема за моево прашање... Може ќе наидам на осудувања и критики, но сакам ова да го споделам со вас иако ми е многу тешко. Ве молам не ме осудувајте ...

    Бебушко има 3 месеци и 10 дена, а како кец на десетка после долго барање и лутање за работа се појави слободно работно место супер прилика која несмеам да ја пропуштам. Малово е на цицање и плус дохрана со ад со минимална количина, и цел ден е на цице. Несакам да го одбијам, се плашам од чувство на вина, поради ова сум приморана да започнам порано со сокчиња и кашички. Може некои мајки ќе ме советуваат да се измолзувам, верувајте пробав но од една града немам извадено повеќе од 20-30мл. Изгледа ќе треба многу порано да го одбијам, незнам дали би се задржало млекото барем за вечерен подој да може да се успие. Знам дека преку ден ќе го оставам во добри раце, но се плашам од помислата дека е навикнат на цицка да заспива и дека ќе имаат проблем околу тоа. Да можев да ја одложам целава постапка... но приходи ни се потребни бидејќи со мин. плата не се опстојува.

    Има ли некоја мајка со вакво искуство, познава ли некој ? Совет ?
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да не го одбиваш малото, веќе му даваш АД млеко, па можеш и така да продолжиш, додека си на работа ќе му даваат АД, кога ќе се вратиш од работа ќе продолжи да си цица.
    Нема потреба уште сега да даваш цврста храна, почекај барем да наполни 4-5 месеци. Зошто мислиш да почнеш со кашички ако веќе си пие АД млеко?
    Еве и јас одам на работа и дојам, ќерка ми беше поголема кога тргнав, ама не гледам пречка и ти да продолжиш со доење кога супер ви оди. А за спиењето верувај ќе заспие и кога ќе те нема тебе.
     
  3. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Претпоставувам дека нема да има поголема потреба од ад кога ќе почнам со кашички. Незнам, може се лажам, можеби грешам.
    Количински ад не му давам многу, до вчера давав 4х30мл, а денес веќе 4х60мл а меѓу тоа си имаше по неколку подои.
    Ќе пробам првите денови како ќе биде, денес настојував што помалку да е во мои раце за да се привикне, тешко ни оди, пробав и да се одмолзам на двапати, успеав само 40мл да соберам до сега, па ќе му го дадат и тоа утре.
     
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    1.045
    Ајдеее, почнувам од денес, вишмилак :)
     
  5. dora-dora

    dora-dora Нов член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите..Бебушот ми е 21 ден моментално сме на ад-ХИПП комбиотик на поцетокот го доев ама не напредуваше туку намалуваше и затоа го дохранувам а измолзеното млеко од едната града и го давав во шише бидејки ми е оштетена а од другата цицаше ама кој знае колку бидејки кога земав електрицна пумпа од двете гради измолзувам мах 40мл за цел ден. и веке три дена не ги дирам градиве да видам дали ке се чувствувам да имам млеко и сл. но ништо сакам да ве прашам дали е касно или пак можам да продолзам да дојам и како до повеке млеко (можеби е малку чудно но многу сум збунета и незнам што да правам)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    20.257
    Допаѓања:
    178.175
    Пол:
    Женски
    Некои жени не можат од градите да измолзат толку млеко колку што може бебето да исцица, и кај мене беше тоа проблем. За надоаѓање повеќе млеко лекот е често ставање на бебето на града бидејќи тоа е најголемиот стимул. Внес на доволно течности и свежа храна исто многу помага за надоаѓање на млекото. Исто така, одморот е клучен, на бебето му треба одморена и релаксирана мајка. Повеќе помош може да добиете од консултантите за доење во групата Соба за доење на ФБ. Таму во секое време ќе ви помогнат.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nora777

    nora777 Нов член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво луѓе, бебушот 8) е година и скоро 3 месеци, планот ми беше да го одбијам на година и 6 месеци ама...педијатарот, сестрата ми посочија дека летно време и зима не било баш погодно за прекин на доење(бидејќи имало поголеми веројатности за пролив, не јадење, ...) дали некој е запознаено со ова. Ве молам пишете мислење бидејќи веке еден месец само по еден подој му давам(пред спиење), добро јаде ама плаче ако не го надојам пред спиење. Не сакам да го мачам, а сакам и да прекинам со доење ????
     
  8. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    189
    Драги феминки,

    дали може некој да сподели искуство за одбивање на бебето од доење на 7-8 месеци. Имено треба да почнам со работа за 1 месец па ме советуваа да го одбијам скроз бебето макар што јас сакам да продолжам да го дојам барем навечер. Инаку бебчо не сака ни цуцла ни шише ни АД па претпоставувм тешко ке ни оди. Пробувам дневно да намалам подои ама некако не успевам, се ми е на града.
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски

    Не мораш да го одбиваш, кога не си дома нема да цица, кога ќе се вратиш ќе цица, ке треба само да го научиш да биде без цице додека не си дома преку намалување на подои до ич во времето кога ќе бидеш отсутна. Така и градите ќе ти се спремаат и нема да имаш проблем, не знам кој те посоветувал скрос да го одбиеш....некој друг нека го чува по неколку саати преку ден и нека му нуди храна, да не те " мириса" по дома и ќе успеете. Со лесно
     
  10. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Здраво мамички ,ја исчитав темава ама пак да пишам за да ми олесни ,20 месеци е малата успешно се доиме уште од првиот ден ,пред недела дена беше настината и почна да бара цице по цел ден ,и сабајлево решив да не и дадам да цица ,се утепа од врискање ,станав ставив бибер на градата се олуте и сама се тргна ,цел ден е тажна ,само ме гушка ,само пола час преспа инаку си спие по 2 часа , и само повторува џиш цице ,незнам нокеска како ке издржам ,душата ми се кине ,инаку се јаде без проблем ,цуцли никакви не прифати ниту прифака допрва ,само од чаша си пие ,кравјо млеко пробував по две три голтки ке се напие и толку , сигурно ке има ноќни будења но незнам како ке ја успивам .
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Ќе имате неколку бурни ноќи и ќе помине. Доволно е голема за да ја 'прелажеш- да продолжи со спиење. Браво за стажот на доење.
     
  12. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    189
    Jas doev 13 meseci i go odbiv otkako se namackav pasta za zabi. Procesot na zaboravanje ni traese dolgo poveke od edna nedela ama sega sme ok.
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    5.099
    Kako se odbivme nie :) procesot ne bese ni malku tezok se odviknavme od edene den bez mnogu placki na 16 meseci. Se sto sinko saka a ne mu dávam go lazeme deka nana. Taka i so cicanjeto. Poradi zdrastveni pricini morav da pijam lekovi i morav da go prekinam so cicanje i si rekov gotovo kraj mozam jas jaka sum. Mu go dadov maliot na mm da go uspie i slusam samo placenje i nepodnoslivo vristenje otidov vo soba go gisnav i mu rekov mamicko cicinjaat nanaat nema cice se nerviram smiri me gusna i zaspav so niskanje.pobata drugiot den mu rekov deka nanaat i tolku ne pobara voopsto pak :) jas setav vrzana so stegnati gradi dve nedeli i mi prestana mlekoto. Samo dva pati ubavo se odmolziv i tolku za dve nedeli mi prestana. Praktikuvajte vo toj period da se tusirate so poladna voda i da piete pomalku tecnosti. I nikako apcinja
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Ние мислам најлесно поминавме:) сам се одби на 16 месеци, престана да бара а и кога нудев одбиваше. Може да е заради тоа што ептен се намали млекото па немал што да цица.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    27.241
    За да пишам на темата ме инспирира денешниот разговор со мои пријателки, совесни и одговорни мајки, доста поискусни од мене кои имат која 2 која 3 дечиња.
    Во понеделник се враќам на работа, малата моја ќе има 9 месеци и не ми е во план да ја одбијам барем додека да наполни една годинка (иако подоите ни се доста проретчени,сепак навечер цицаме).
    Моите пријателки малце ме подзамислија со нивните ставови и искуства во врска со доењето. Ме советуваа да ја одбијам бидејќи колку покасно толку постресно би било одбивањето. Јас немам искуство, ова ми е прво бебе, но тие веќе минале низ тоа и ете нивниот став е дека 9 до 10 месеци им е доволно на бебињата да цицаат, а до годинката АД млеко и после годинката кравјо млеко.
    Едната пријателка има 3 деца, првото го доеше 20 месеци и со маки се одбија, второто до 14 месеци исто со тешко се оделија од цицето, третото дете до 10 месеци и го одбила за 5 дена без плачки и трауми.
    Искрено...ме подзамислија нивните ставови. Станува збор за одговорни мајки а не за прцли кои не сакат да дојат па изнаогаат причини. Јас сакам да дојам и тешко ќе ми падне моментото на одбивање, но уште потешко ќе ми биде ако се одбиваме со плачење и стресни ситуации.
    Што мислите вие? Дали одбивањето на 9 месеци е полесно од обивањето на 18месеци (ова како пример). Дами мислите дека колку подолг стаж на доење, толку потешко одбивање? Ваше мислење и искуство?
     
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    26.079
    И мене ме интересира ова.
     
  17. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    26.643
    Пол:
    Женски
    Ние се доиме скоро 13месеци-уште некој ден .. Страв ме фаќа и мене по оваа тема... Друг проблем е што господинот не фаќа ни шише ни цуцла... А нудев мое измолзено со шише ама секогаш џабе маката ми беше... Ќе пробаме кравјо со чаша со клунче... Ама искрено на мисла сум што да правам...
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    НЕ Е ТОЧНО. Колку поголемо толку полесно, зошто на дете што веќе ќе разбира после година и пол ќе му кажеш, не работи цицето, какано е, боцка и нема да сака да цица. Или уште подобро, колку и да не спијат сега, после 18 месеци почнуваат повеќе да спијат па дури и цела ноќ. А доколку се одбиете сега спремајте се колку пати станувало навечер толку да се шетате во раце низ соба. Како ќе ги презаспиете?
    Да не ја напоменувам користа од доење. Значи не може да ме убеди некој дека корист од доење има само до 6, 9 или 12 месеци.
    Плус вадење заби ( смирување на плачењето, липањето на цице), вируси, т,.,,се полесно поминува со доење.
    И на крај, веќе имам пишано- син ми сам се одби, без никаков проблем. Млекото ми беше намалено и едноставно престана да бара да цица, на околу 16 месеци, ама затоа до 20 месеци по цела ноќ го возевме во количка, на смени со маж ми.
    Нема дете кое не се одбило од доење, макар колкаво да е, ама има многу деца кои немале среќа да цицаат.

    Едит: син ми не пиеше ни капка вода додека цицаше ама после престаникот без проблем пиеше се од чаша со клунче. Жед не се трпи.
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
    На Kaetana, katalina, ubavka1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    здр мамички
    сакам да ве прашам какво млеко почнавте да му давате на вашите малечки откога престанаа да цицаат ?
    јас имам само од едната града млеко , ама како оде времето така се намалува
    и понекогаш нема ништо , а она сака да цица
    еве повеќе дена има само навечер , и пак не е убаво најадена пак става повеке пати за да цица,
    а преку ден и давам други оброки
    и незнам сега навечер од шо ми става, дали од тоа што и растат забчињата , дали од што е гладна...
    Ве молам напишете какво млеко да и понудам
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.296
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Женски
    Колку што гледам бебето ти е малечко, не полни 10 месеци. Мислам најдобра замена ти е Ад формула, почни со двојка, па после година продолжи со тројка. барем мене ми е таков планот ако се одбие од цицање. Понатаму може ќе давам бадемово млеко, а кравјо би одложила за покасно.
     
    На zoketo му/ѝ се допаѓа ова.