Спие со нас на спална, гледа некое време цртани, па кога му се приспива се врти накај мене, ме гушка, се галиме и заспива. Ама мојот е поголем, 2,5 години е а го одбив на 2 год и 3 мес. Е сега има друга зависност, најчесто ме држи за едната града кога заспива или кога е вознемирен.
Која возраст е најдобра за одбивање? Мојава ноќе се буди и не заспива без цицање,дење ако понудам ако не не бара. Некогаш сака да цица пред спиење некогаш не. Заспива сама со цуцла и вртење,превртување.
Тоа е твоја одлука. Јас решив да го одбијам на 13, зошто сметав дека е прав момент. После тоа ќе беше потешко, а реално не цицаше во последниот месец, повеќе се мазеше. Според мене до годинка е оптимално, се понатаму е зависно од потребите на детето и желбите на мајката. Мојот јадеше нормални оброци, имаше ужинки, пиеше ад по потреба.
17месеци е,не е воопшто зависна од цице. Мислам додека е помала полесно е. Пак си мислам да не е рано..
Како јас изминатава година, така и ти, за чаре има, ама Мене помали ми се од пред И уште имаме еден подој, евентуално два, ама до мене е знам
Аууу, ќе намалат повеќе од што биле претходно Битно да не ае ептен распар. Ај ако се мали нема да се гледа толку
Поарно суви сливи него виснати суви лубеници помали полесно ќе ги прибереш, големи се проблем. Пред да родам и дојам, ми беа Д корпа, ама тамански, балончиња. После две бремености и вкупен доенечки стаж од три години, станаа корпа Ц. За другото не пишувам. Фала богу за градници и минимајзери.