Мене ми се двете заедно тешки колку едно новороденче од 3кг да речеме. Откако престанав да дојам и добив, се претворија во долги лубеници. Кинески лубеници. Ужас.
Не дека имав големи гради,мали ама дигнати,цврсти,сега едната ја нема ни грозд не е,другата малку поголема,а уште дојам,ами после..?
Цицките на свекор ми се поголеми од моите Ако ставам слика сите ќе се утешите и речете Уф имало и помали од моите
И после ќе кажат дека од доење не виснувале градите! Ама ако. Кај моите сеуште нема промени, дали дека малку време се доиме, 4 месеци, ќе видиме понатаму.
Zenski.. dostineksot gi pijam za zapiranje na laktacijata... dali nekoja ste go piele i za kolku vreme vi zaprelo mlekoto? Pijam po polovina na 3 dena.. pozdrav
Во упатството вика да се испијат 2 апчиња во рок од 2 дена, по пола на 12ч. Кој ти даде ваков совет? За мене сега, колку време ќе ми биде градава "под тензија"?
Ginekologot sto me.porodi on mi dade na toj nacin da gi pijam... denes ja ispiv tretata polovina i skoro pa nemam... no me maci edna grutka si ja jmam
Женски сакам да ја одбијам малата од цицање.Веќе е 19 мес.Луѓево од страна ми викаат дека не се одбива летно време.Зошто знае ли некој има некаква врска со детето со мене или пак е некакво верување.
Не се одбива во лето поради опасност од дехидрација. Цицањето многу надоместува течност која ја губи преку потењето.
Пак јас. Досадна сум си и на самата себе, а не пак вас. Не барам помош туку само да си ја кажам "маката". Тешко ми е. Се нервирав. Не сакам да цица. Демек со зборење ќе сфатеше, епа тикви. Не оди така. Не знам како да ја одбијам. А не дека пробав воопшто. Освен со зборење. Ќе поцркам. Можеби само ми се враќа дека зборев лошо за мајките што дојат подолго. Ќе се утепам. Не знам како. Проблем. Голема е више нема да и направам лошо ако ја одбијам туку баш добро ќе е и направам, според мене не е убаво толку голема типка на цице да виси ко мало бебе. Толку.
Немам искуство со одбивање од доење, моето бебе е мало. Ама само сакав да ти речам дека се согласувам со тебе. Деца што те разбираат кога зборуваш, знаат да вратат, знаат што сакаат (во смисол знае цице да си побара), што може да те грабне за блуза и да те соблече ако сака да цица, мое мислење е дека нема потреба да цицаат. Секоја чест на мајкиве што тераат и до 3 години, ама мене воопшто не ми се допаѓа сликата од веќе големо дете што во раце не се држи да цица. Јас моето бебе сигурна сум дека дека нема да го дојам ни колку тебе. Ако дефинитивно си решила да ја одбиеш, имам читано еден куп финти. Сенф, шминка, лута пиперка, нешто да намачкаш на градите за да и дојде неубаво кога ќе цица, дека "млекото се расипало". Најлесно би било со разговор, ама ете си пробала не бива. Има и други начини.
Јас прво бев сигурна дека нема ни да го дојам, па ај до 40 дена, 2-3 месеци, па ај забите да му излезат, сите вакцини да ги прими...и последно што бев сигурна е бидејќи не го одбив до 1ви мај дека до 31ви мај ќе го одбијам. Ако ме праша некој викам до 20 месеци дека цицало.
@gjoker4e можеш да пробаш друг да ја успива. Не знам колку подои се на ден. Ама логиката би одела да се намалат на еден (обично тој за заспивање) па после да се проба со други методи како на пример таткото да ја успие со приказна... Ние така направивме и беше успешно. Мене кога ме виде бараше пак, но почнав да објаснувам дека е многу голема сега, дека млекото ќе е за бебето (не бев бремена туку онака муабет) и дека ќе ѝ раскажам најинтересна приказна. Ден два - се заврши работата. Методи како сенфови, кафиња и лути пиперки за мене не доаѓаат во предвид. Не сакам нешто што било прекрасно меѓу мене и неа да го завршам неславно или пак за неа трауматично. Сакам доењето за двете да биде уживање и сакав да заврши со взаемна согласност. А кој до кога ќе дои - тоа е индивидуално. За мене лично доењето беше алатка и поддршка во нејзиниот развој. И ментално од аспект на утеха, и при нервози, заби и сл. Кога видов дека веќе нема голем интерес од нејзина страна за тоа (особено дека веќе нема емотивна потреба), завршивме со тоа. Поддршката и утехата после продолжи да се гради со разговор меѓу нас затоа што ги беше поминала сите фрустрирачки фази на тантруми, заби и сл. Со лесно.
Кога си го напишала првиот пост требало да пробаш да ја одбиеш. Во овој чин ти не уживаш, доењето мора да заврши. Сестра ми ги доеше долго по 2,5 години двете. На крајот плачеше како тебе. Ги остави кај мајка два дена сами. После два дена не им даде никогаш повеќе да цицаат. Претходно проба се што можеше да се проба али едноставно децата не престануваа да и бараат. Ти нема каде да го оставиш но пробај мажот ти во соба да ја успива без да те гледа ден два три.
Еден ден во неделата од сабајле е во градинка, а јас сум втора смена и не цица цел ден буквално ама цица ноќта неколку пати. Некои денови цица или еднаш или два пати. Во сабота работам па неколку пати цица, а во недела оф мори мајко како мало бебе, и преку ноќ некогаш поретко некогаш почесто. @FreeMind И јас плачам како сестра ти. Кога ќе слушнам цице мислам дека мозочен удар ќе ме трефне. Не знаев дека толку тешко ќе е одбивањето. Последниве неколку дена заспива без цице.
Да не е во некоја развојна фаза или да има мака со заби? Инаку кога ќе бара преку ден за викенд пробај да ја заигруваш и да ѝ го одвлекуваш вниманието до игра.
Она откако си е родена е во развојна фаза и вади заби. Пренапорно дете. Се по нејзино да е. Дури мислам ако и речам цицај ќерко до 1 одд од инает ќе се одбие.