Знам дека како мајка те боли, ама подобро што не ве примиле во сала. Морале да ја сошијат, а ти само ќе ја жалиш, од никаква помош не си во ситуацијата, ќе плаче дете и ќе плачеш и ти. Ниедно дете нема мирно да седи да го шијат, сигурно било изведено најбрзо што може, да си била внатре само подолго ќе траело. Знам дека не е ова утеха за тоа што малото поминало, ама ете, сакав да ти пишам.
И јас би и дала да цица, искрено. Мала е, толкав стрес доживеала... Би требало да ти се врати млекото.
@Kitten јас веќе 3 месеци сум на работа... Баш се чудам што ме снајде. Не качив температура. Веќе сум дома и дадов да ме исцица, се спасив.
Да, ѝ давам кога сака, посебно за заспивање. Жлездите не престануваат веднаш да работат, па со зголемена стимулација би требало да се врати ако не е поминат многу долг период. Со првата ќерка, една година откако престанав да ја дојам, кога ќе стиснев од градите сеуште искачаше капка-две.
Супер, не сакав да звучам како да те убедувам, ама нека ужива дете уште некое време штом толку сака. Може Малечка, кога детето влече нервите во градата испраќаат сигнали мозокот со што пак започнува продукцијата на млеко.
Па секако полесно заспива. Сеуште сме на одмор, па имаше денови кога маж ми мораше со количка да ја шета по улици после полноќ за да не ја дига куќава во воздух Си мислев уште тоа фали, на цела нервоза и комшии да се жалат. Овие две вечери не ја шетаме.
Мое бебе има 3 ипол месеци и морав да го одбијам зошто западнав во постпородилна депресија и сега пијам лекови кои не смеат да се пијат за време на доење. Моментално се измолзувам. Педијатар ми рече да ставам ладни облоги. Дали и колку тоа би помогнало и на колку време одприлика да се измолзувам. Воедно,педијатарот ми рече да се советувам со гинеколог. Некоја со вакво искуство,па макар да е и алтернативна медицина.
Ако е целта да престане лактацијата тогаш измолзување само кога ќе почувствуваш дека градите се полни и само малку колку да ти олесни. Често измолзување претставува стимулација на млеко и затоа треба да се избегне. Ако градите брзо се полнат и има доста голема количина на млеко (што е нормално во оваа фаза после породување) можеби не е лошо да се размисли за прекинување на млекото преку терапија. Тешка работа е состојбата во која си. Се надевам дека имаш стручна помош и дека не си сама во ситуацијата. Не можам да нагаѓам каква е ситуацијата, само сакав да напоменам дека некогаш (статистички најчесто) доењето помага во смирување на хормоните и справување со состојбата. Но ако има друга позадина работата, распрашај се убаво за опциите. Ако сакаш да го задржиш млекото (не знам колку трае терапијата) тогаш молчењето ќе треба да е на интервали од околу 3-4 часа. И секако према количината да се коригира ако има потреба. Со лесно. Се надевам дека брзо и ефикасно ќе излезеш од оваа ситуација. Тука сме за муабет ако мислиш дека би помогнале некако.
Имам помош. И од моите и од стручно лице. Сакав да издржам барем докај 4 месеци да дојам ама не успеав. Проблемот ми е од поодамна. Сега ми се активира пак. Се работи за анксиозност и депресија. Морам да ги пијам лековите. За да можам да се грижам за бебето. Млекото нема да го задржам затоа што терапијата ќе трае долго. Градите брзо ми се полнат. Имам проблем само со едната града. Затоа што во таа ми се излачуваше повеќе млеко. Повеќе ја сакаше таа. Јас измолзував некаде 150 мл 2пати на ден. Тоа многу е? Имам болки и брзо ми се полнат .
Размисли тогаш за прекин со терапија. Разговарај со гинеколог околу компатибилност на тврдината јата терапија со бромергон / достинекс. Знам за бромергонот дека не се лесни за пиење, можат да намалат притисок и да дојде до гадење.. ама околу тоа повеќе со лекар. Ако имаш трпение да "намалиш" постепено лактација за да не дојде до терапија - и тоа е можно. Најефикасно е малку измолзување само колку да ти олесни и оставање до следната потреба. Сама ќе видиш кога ќе ти се веќе градите потешки. Со малку измолзување следниот пат ќе има помалце млеко. Со ретко измолзување поретко ќе се полнат. И така да симулираш постепено одбивање. Ама ризикот од мастит е тука - можеш да го избегнеш ама мораш да си многу внимателна. Опции има, ама види која е за тебе најпогодна.
Девојки, се решив за постепено одбивање и почнав да работам на случајот од први август. Прво му ги тргнав ноќните доења, што му дојде како тренирање за спиење, зошто се будеше често и бараше да цица. Му беше тешко 2-3 дена, првиот најмногу, но почна да спие од 10 до 6 без да се разбуди. Го навикнував на тоа некои две недели. После му го тргнав доењето пред препладневната дремка. Тоа беше најлесно дека преку недела на работа, а викенди ги презеде татко му. Тоа го вежбаше некои десетина дена. После десет дена му го тргнав утринското во 6 сабајле, почна да станува и да доручкува рано, инаку си спиеше до 9,10 дека нацицан. Од завчера сме на одмор. Бев решена да го дојам пред заспивање одморов и кога ќе се вратиме да му го тргнам. Уствари размислував и да го оставам подолго да цица само навечер бидејќи не му пречи со исхраната, а и мене ми е ок кога е еднаш дневно. Но вчера цел ден не побара, ниту вечерта...Можно е сам да се откаже? Збунета сум. Беше хистеричен за вечерното цицање. Држете ни среќа. Инаку има 14 месеци, беше на ексклузивно доење 6 месеци и посветен цицач уште 8.
Доколку не ти цица повеќе време пази да не ти се направи проблем со градите. Доколку осетиш дека ти стануваат тешки измолзисе колку да ти олесни. Можеш и да ги стегнеш со нешто за да не ти се полнат.
Се надевам дека постепено го одбивав и само еднаш цицаше нема да биде препроблематично. А и на одмор не ми е баш до проблеми со градите. Денеска сум ок, ќе видам како ќе биде до утре, ќе пишам. Ви досаѓав со долгиот пост зошто сите, дури и маж ми, ми викаа дека е подобро да го пресечеш доењето скроз, наеднаш. Да се намачкаш со нешто, да му покажеш дека е расипано и нема веќе. Или да не спиеш со него неколку дена. Јас искрено не мислев така, не сакав да го исплашам, ептен сакаше да цица. Не сакав ни да се тргнам. Траеше подолго, но мислам дека е добро. Се стекна со убави навики за јадење и спиење што му фалеа. Не прифати цуцла.
Конечно се одбивме ние. Веќе 6ти ден како не цица. Имам грутка на градата и малку ме боле, а пијам и бромергон. Нагло ја одбив, жал ми е ама така мораше. Намалување на подоите не функционираше кај нас. Уште си го траже цицето и плаче некогаш за него. Преспива цела ноќ без будење или малце се подразбуде ама одма заспие. Раат сум.
Како успеа ноќните подои да ги намалиш, јас се мислам исто да почнам како тебе, ама страв ме фаќа, плаче урла ќе го разбудиме цел комшилук.
Првиот ден плачеше урлаше многу. Го тешев, го нишкав. Се лутеше, вриштеше и дури и не' испотепа малку... бев решена да не му нудам ништо освен вода бидејќи напатени мајки-пријателки ги снајде истото будење заради млеко во шише. Вториот ден се будеше 2-3 пати и по малку тажеше. Третиот ден врза 6-7 саати што му се немаше случено речиси никогаш, од 10-11 до 6 сабајле. Не знам дали вриштењето може да се избегне. Јас не најдов начин освен да бидам до него и да го тешам. Но се покажа дека вечерните полесно ги преболи дека беше уморен и му попуштаа силите.