Трет ден без цицање. Може да се опуштам дека е готово нели? И градите ми се ок, не може ваљда да ме преплави млеко после три дена? Многу сум среќна, уште во шок. Делевме преубави интимни моменти. Но сега се научи и да се гали како големо дете. ♥️♥️♥️
Дали имавте промени во менструлниот циклус при одбивање? Од понеделник почнав да го одбивам, од четврток веќе нема цицано ама не добив менс, ни доцни 4 дена а сите симптоми на пмс ги имам, како темпирана бомба сум. Со градите немам проблем, едната повеќе се полни, одмолзувам по малку ама мислам дека ако добијам ке мк олесни.
Колку подои имаше кога ја одби? Нагло значи нема никакво цицање и ти си до неа или ја остави дома со некој?
Леле и мене истово ме чека, страв ме фаќа, сакам и јас вака полека оти не се издржува ноќе, цела ноќ на цицка, па и на работа почнувам, знам дека многу ќе плачи ноќе. На левата веќе се одби сам, немам веќе млеко во неа, немав ич мака со неа, постепено беше, не цицаше на неа скоро цел месец и ако имав мака се молзев, па после на 3 дена еднаш се молзев и после веќе немаше ич, не се собираше, сега да стегнам има уште млеко и тоа жолто
Имаше 4-5 подои, пред и после градинка, пред заспивање и во текот на ноќта. Ја одбив одеднаш, си ги намачкав градите со црн пипер и ѝ реков дека е какано и она тоа си го стави во главата. Бараше на почетокот ама само првите денови. По цели денови бевме заедно, на никој не ја оставив
Здраво. Сакам да прашам искуство со апчињата за прекин на млекото бромергон, дали некоја ги пиела?? Знам дека имаат нус појави, само ме интересира дали има мајка која пиела вакви лекарства за прекин на доењето со првото дете и дали понатака нели со 2-ро би имале проблем со немање млеко...не знам само прашувам Јас веќе 4 дена како не дојам веќе, бев денеска на гинеколог вика мора таблети имаш големи гради може да си направиш проблем, до сега ништо не пиев само ги стегав. Ама приметив вчера ми се како натежнати-полни млеко и како црвенило да едната на едно место. Фала на секој совет и споделено искуство
Ако имаш јаки болки и ти се направиле грутки, пиј ги. Нема да имаш проблеми за второ. Јас немав, уште пред да се породам со второто ми надојде млеко. Имав за извоз. А и со двете деца пиев Бромергон кога ги одбив. Иначе јас тука ја прочитав таа глупост, дека за второ немало да имам млеко поради Бромергон, и одма прашав гинеколог. Ми се изнасмеа и ми рече дека нема ама баш никаква врска пиењето на тој лек со тоа дали ќе имаш млеко за следните деца или не.
Дечки, ми треба малце кураж. Бебе долго време цицаше само за ноќно заспивање. И за денско, за викенди. Денес решив дека е денот Д. После 30 минути приказна и пеење - се предаде. Среќна сум и исплашена како од утре и како за викенд?! Не сакам веќе да попуштам. Решена сум. Што ако од утре не можам да ја совладам пак!? Држете ми среќа. 14 месеци е, доста беше.
Чим си и ја нашла финтата, немаш гајле. Опреми се со реквизити да ја занимаваш и анимираш ако побара, ама ако заспала со пеење место цицање, супер е. Ако истерате цела недела, за викендот нема да имаш проблем. Со лесно.
Исто и јас бев со страв како ќе го одбијам синко на 15 месеци, но многу лесно поминав. Исто како тебе го легнав до мене му раскажав приказна и заспа, се палешев следните денови дали ќе биде така лесно и беше. Сега секој ден си раскажуваме приказна и заспива Првите денови проба неколку пати да ми ја тегне маицата за да цица но кога виде дека не може се помири и не проба пак
@Spidy @Coco31 втор ден успешен. Имаше малце кенкање ама беше многу уморна. Денеска заспа за пократко време, некои 20тина минути, ама потешко ми дојде ради кенкањето. Цел ден се плашев од моментов. Сега заспа и одма ви пишувам.
Ете, секој ден полесно. Биди спремна по една недела да има пак малку негодување, немам лично искуство, ама така знам, дека секоја промена кај децата иде со период на адаптација, па регресија, па после ја прифаќаат новата ситуација. Ама супер ти оди
И ние во фаза на намалување на доењето.За 2 недели тргнувам на работа,а и ми се смачи веќе искрено.За 2 дена полни малата 7 месеци,доста и е.Иако знам дека тешко наеднаш,ама ќе биде.Сабајле кога станува обавезно цица,ама навечер овие неколку дена мм успеа едвај конечно да ја заспие со цуцла.Со мачење,друмкање,кенкање ама заспива на крај,му се дивам на смиреноста и живците.Друго млеко не сака да пие засега.Пред некој ден пробав вечерта да и дадам ад,се напи 2-3 голтки и толку.Почна да се врти да ме бара.И ај пак на цицка.Кога ме осеќа во близина,веднаш се тегне да цица.Затоа проба со татко и да се заспие,и после неколкудневна борба,почна со цуцла да заспива фала богу.Дента си јаде,ама еднаш за спиење пак е на мене.Не ми ни толку битно да почне друго млеко да пие,си јаде кисело млеко/јогурт,и не гледам важна и морална потреба да пие друго млеко,но ако има ефект ќе пробам пак да и дадам некое АД и во текот на денот,иако досега немаше успех.
Одмолзисе малку колку да ти олесни и срегни ги за да не ти се полнат. Штом денес ти е трети ден не е страшно до кај 10 дена може да трае тоа со полнење на градите но значително помалку, барем кај мене така беше. После 10ден пуфка ми беа градите и ги одврзав.
Ако ја одбиеш наеднаш што ќе правиш со градите? Треба претходно да идам кај матичен за некои апчиња или како ќе биде имаш идеја? Јас сум решена во очи божиќни празници кога ќе има многу настани надвор тогаш да ја одбијам. Ќе има полни 11 месеци. Само што секое заспивање и е на цицка и никаков подој немам заменето. Ептен ќе и дојде како шок. Не сум паметна веќе како да не заспива на цицка барем преку ден да ја научам дотогаш. Плаче се треск од земја цицка и мама и никој друг да не види. Цуцли и шишиња теорија нема. Нишкње никогаш не сакала се нервира од нишкање. Порано на цртани заспиваше сега ни на тоа. Мислам дека полошо станува отколку да минимизира.
Исто се осеќав. До викендов се трескав од земја и се прашував дали на цицка ќе заспива до прво одделение. Напната бев, а и сум уште - многу. Денес искочив со другарки и пивнав и си поминав феноменално. Трет ден успешен.