Мамички, за два дена правиме 11 месеци. На АД сме и три оброка со кашички, но сакам со полни 11 да му воведам на бебе еден оброк кравјо млекце (да го прекинам АД-то). Да почнам постепено додека да се прилагоди или? Какви се вашите искуства? Можеби мислењево не е за тука, но не знаев каде.
И јас почнувам со намалување на подои пишев и во др тема денес ќе копирам Петок- синко спиеше со мм в дневна, станал само 2 пати од 23ч до 8ч сабајле. Не цицаше ич ноќта, само вода се напил и презаспивал со нишање в раце и малку плачење. Сабота- спиевме сите заедно в спална, синко в креветче, стана 5 пати и цицаше Недела- спиеше пак в дневна со татко му, пак станал само 2 пати без цицање, со вода. Понеделник (синоќа) пак сите в спална, синко в креветче, 23ч заспа во 23:30ч стана со плачење, не му дадов цицка, само вода, заспа одма, стана следно во 4 и пол, цицаше и никако не презаспиваше до 6ч, го зеде мм в днева одма заспал за 2 мин, спиеше до 8 ипол. Еве сега од 10 и пол го заспивам никако не заспива, веќе на нерва ми оди.
Зошто кравјо сакаш? Од која причина? Баш во темата за исхрана зборевме дека не се препорачува кравјо под една годинка. Дури идеално е да биде на ад до 2год. И членките што не се од мк кажуваа дека и во странство така се препорачува. Да не се дава кравјо
Здраво на сите После многудневно очајување и немање со кого да поразговарам на темава, се радувам што можам да си ја кажам маката на некој што ќе ме разбере и можеби советува. За три дена правиме 9мес., за четири дена заминувам на службено патување 4 вечери, 5 дена. Со сопругот разговаравме и решивме дека ова е идеална прилика да се одбиеме, нема да сум тука и да попукам психички кога ќе го гледам и слушам како плаче, а од друга страна синко е преповрзан со татко му и од кога почнав со работа уживаат заедно. Се ранат и спијат без проблем. Само мене кога ќе ме види кенка и плаче премногу и сака да цица, не успевам ни да го наранам ни успијам без града, додека со татко му се’ иде како подмачкано кога се сами. Сега има три оброци, цица наутро, навечер за успивање, и еднаш сред ден, ама преку ноќта веќе еден месец како станува по 15тина пати, на пола саат и сака само на града да спие. Се презаспиваме само со цицање. Ги оставам сами и заминувам викендов со кнедла во грло, претешко ми е и си плачам секој ден ама мора вака, после ќе имам и долги дежурства кога ќе е најдобро да е одбиен отколку да се мачи. За АД не сака да чуе, плука. Кажете ми ве молам како беше навечер кога ги одбивте? Како ќе му е кога ќе стане и нема да може ни да цица, а ни јас ќе сум до него? Ќе го нишка, ќе проба да му даде сокче ама знам дека премногу ќе плаче. Денски знам дека ќе им е супер, ќе јаде и кисело млеко и јогурт, ама навечер многу се плашам. И се плашам дека нема да пие никакво млеко а до година знам дека мора. Извинете на огромниов пост, сакав да чујам било какво мислење, да најдам утеха дека се ќе помине во ред. Поздрав
Супер што нема да си дома. Мисли си дека супер ќе пројдат,а најверојатно и супер ќе помине се. Со лесно.
Не се плаши Нала, ако не пие млеко има три оброци и млечни продукти. Имам на 43та страна објаснето што велат германците околу оваа твоја мисла.
@FreeMind @TeddyGrey Знаев дека силна жена во исти чевли како твоите како што може да те утеши - никој Знам дека е можеби overreacting и за некој месец ќе ми е смешно, ама имам преголема грижа на совест и болка дека ќе пати. Само да ги истераат деновите во мир, па кога ќе се вратам ќе видиме дали и што ќе памети Фала ви најмногу!
Не се секирај,ќе биде се ок..Ова е(испробано)најдобар начин за одбивање,иако на прв поглед се чини страшно и загрижувачки што е нормално,полесно од очекуваното ќе се навикне,ќе видиш.Посебно штом со тато си е поврзан и пие од шише,немај гајле!
јас со првото воведов кравјо млеко од 6 месеци. Почнав еден оброк од ад млеко да го сменам со кравјо. Давав домашно. И свежо во тетрапак не е лошо ама да е за варење. Никако трајно млеко за деца
не реков дека е исправно,жената си праша за совет мислење јас си споделив тоа што за моето дете било исправно. Не можам за други да кажувам дека тоа така треба да е. Ама знам дека е исправно да не се дава трајно млеко на бебиња. Ама пак,кој како сака.
Здраво значи вака дунде мое има 2 недели што одбива млеко за дење да не збориме не прифаќа плука ама јаде машала затоа не сака.за ноќе кога плаче и давам млеко не сака што и е незнам она за млеко душа даваше сега одеднаш престана да сака плус педијатарот во систина ми кажа да намалам со млеко само 30/40 мл да давам не го дочека ни тоа да го направам пошто сама престана да сака дајте ми некој совет што да направам во овој случај другиот месец полни 1дна година.
Ако јаде млечни производи (јогурт, кисело млеко, сирење...) нема зошто да форсираш млеко. Не мора да пие ако не сака.
Ние некни бевме излезени неколку саати,бебка кај моите.Тој ден издржа да цица само сабајле ,и после дури вечер за заспивање.Рекорд досега.Се изненадив кога отидовме да ја земеме спиеше,па стана,си поигра уште саат,и дури кога се прибравме вечерта побара да цица.Значи нема да има проблеми за преку ден за оставање,засега. Е затоа овие два дена си надокнади.Пак сами двете дома,без цицка нема шанси да заспие.И плус меѓу оброци,нелиДали и дека вакцина прими,обесена е на мене.А осеќам и како да немам толку млеко веќе
Само од такво пие. Пробав во тоа да му дадам наместо вода но не сакаше да пие. Како на друг начин ќе пие млеко не ми е јасно, нема каква не купив и ни една не прифаќа цуцла
Hello, 3 дена станува синко по еднаш во ноќта, спиеме сите в спална, тој во креветче, заспива покасно кон 11, 12 станува во 3ч цица и спија после до 8,9ч. Сега е само на 1 подој во ноќта, нека е, неможи наеднаш да се прекини се, пробав да не му давам, но станува полошо, плачи и потоа 1 цел час презаспива, ако почни пак да станува на 1ч ке го одбијам скроз и тоа е, денски цица, 2 до 3 пати, не е зависен сега од цицање. Си јади убаво 3 пати, плус ужинки, за 2 недели 11 месеци ќе прави.
Колкаво е бебе? Ако е поголемко, имаш воведено млечни продукти нема потреба да му даваш млеко да пие.