Не пие ни моето друго млеко, кога сум на работа само вода пие и некогаш чај од нане ама ретко, не сака ни да намириса др млеко за да пие, додека па во гриз и со бисквити го сака и си јади и др млечни производи.
Да, нуди само вода, одлично време да укинеш ноќни подои/ноќно пиење на млеко. Апсолутно нема потреба веќе од истото.
Кога ги одбивате ноќе, секогаш прво пробувајте без ништо да ги заспиете. Ако ептен не бива, само вода. Ако ги учите на сок/млеко од шише, дупла работа е само. За неколку месеца ќе треба да ги одбиете од тоа, башка што многу е лошо за забите да се пие било што освен вода во текот на ноќта.
Ми даваш надеж голема надеж те гушкам најсилно на свет. Ние од вечерва почнуваме шема на презаспивање без мене. Стана многу полошо сега спиеме на тој начин што она е на цицка и јас потпрена на перница и така неколку саати во ноќта само да не кемка и да не станува.
И јас мислев дека ова нема да го дочекам и уште не ми се верува искрено сега го читам постов, како е напишан хаотично пишам набрзина и незнам што побрзо да кажам Фри пробајте вака како нас, жално е кога плачи, но еве имаме успех, за сите тројца е далеку подобро сега, бебињава брзо се навикнуваат на се, само да не ја жалиш многу ако можиш и пробај не влегувај в соба кај што ќе биди Емили, ќе се помачите можи недела, две ама мислам ќе имате успех, верувам дека ќе имате, не е гладна сигурно, како можи бебиња од 2 месеци да си спијат по цели ноќи без да станат за цицање значи можат и нашиве кои си јадат и цицаат преку ден да спијат повеќе од 3 ч ноќе ова дури сега го сватив на 10 и пол месеци, кога стана крајно неиздржливо, потполно те сваќам и јас така спијав и тоа на десно па и напади почнав на жолчка да добивам од позицијата Ви посакувам успех и ве гушкам и да спија повеќе таа прцлата најуба чекам утре извештај
@FreeMind Те гушкам силно! Исти сме,како минат месеци навиката и останува иста,не цица во текот на ноќта ама мора да ја држи во уста. Немам зборови за утеха... само дека те разбирам како ти е...
Првата ноќ кога ја оставив малата сама во спална беше најтешко. Дури и од кога заспа уште 1 саат седев будна од што ја очекував пак да заплаче во секој момент. Чим си се решила, немој да попушташ. Ако влезеш, исто како да не си ја оставила претходно. Само упорно. И за твое и за нејзино добро е тоа. За една недела кога ќе се наспиете една цела ноќ ќе речеш дека требало порано ова да го направиш. Стискам палчиња П.С. првиот пат кога ја оставив мојава да плаче, беше неполни 4 месеца. Првата ноќ плачеше 45 мин, втората пола саат. Третата спиеше цела ноќ. Твојата е поголема и посилна, биди спремна и на саат и два. Еднаш издржи, вториот пат е полесно. Кога ќе видиш подобрување, тоа ќе ти даде мотив да продолжиш. Те чекаат неколку тешки дена, ама ќе биде
@lackygirl ,@FreeMind друшки ме оставивте сама Па со кого ќе се тешам и жалам после кога ќе почнете да спиете по цела ноќ??? И јас би,ама не верувам дека ќе имам храброст,а и во скок е малиов па не би ризикувала И како би го извеле тоа со плачење по 1 саат, цела куќа ќе дигне во воздух, иако живееме на посебни спратови,една куќа е, и се се слуша. Абе не губам надеж дека сам ќе смени ,а ако не Господ нека ми е на помош,додека да се решам самата да си помогнам. Инаку ништо не е сменето, се будиме ноќе по безброј пати. Женски,ви стискам мора да успеете. Има многу нови мами кои не спијат, ќе им се труснам на нив
И синко уште не спие по цела ноќ, ама само еднаш му давам да цица во 3 и после во 6,7 зависи како ќе стани, прво пробувам со нишкање да го заспијам, ако се влоши тогаш цицка вчера во 9ч заспа, па стана кон 12ч му дадов да цица малку па заспа, после кон 3ч стана тогаш без цицка го презаспав, па следно стана во 6ч го зедов до мене, цицаше и сега во 8ч стана. Некогаш можи и само 1 да стани некогаш 3 пати, ама далеку подобро е сега од пред тоа на секој час и пол час кога стануваше, знаете и двете што значи да се спијат 2,3 часа без прекин за цела ноќ ќе почекам и јас изгледа ако почни пак нон стоп да станува пак со мм в дневна ги праќам
Imam prasanje za prijatelka. Poradi prepisani lekarstva mora da prekine so doenje, bebus e 6m jade kasicki po malku, ke.premine na ad mleko, davajte sovet kako da zapre laktacijata kaj.nea? Apcinjata za prekin ne smee da gi.zema. Blagodaram
Конечно собрав храброст и после 3г и 4 м се одбивме. За голем голем е но инаетчија тешка е.... Може да се каже дека се обивме од вчера 13ч до сега еве го 13ч и 23 м нема цицано нели? И онака не цицаше многу туку за заспивање само двапати на ден. Некогаш кога не сакаше да јаде бараше да цица и урлаше по дома како некој да го коле. Е сега се стегнав силно со прслук и со него спиев(читај се мачев да спијам) сум се одвиикнала од него. Што да правам за млекото да се намали? Еве дури сега малку осетив стегање во градите ептен малку ме пецка. Како да постапам правилно? Кога бев во мк до матичниот гиниколог зборевме за тоа како после одбивање ми рече земи си таблети да ти прекине млекото и ми даде бромергон но сеуште немам посегнато по нив. Искуства и совети ми се мн потребни во моментот.
Респект сваќеИмам читано дека градите не мора да ги стегаш.Јас кога ја одбив едноставно ако осеќав притисок ќе одмолзев малку за да не си направам проблем.Ама тоа беше првиот ден после немав проблеми.Ништо не ставав и не правев.Лесно поминав без проблеми и без апчиња.Мојата кога ја одбив цицаше само навечер.Предтоа и го укинав постепено дневните подои, па остана 1 недела на ноќни т е еднаш навечер кога ќе се разбудеше. Со лесно