И јас не се стегав. Цицаше само за заспивање еднаш. Вториот, третиот ден се стврднаа, петиот веќе сами спласнаа. Мене ме мачи што кога ќе се стиснам уште искача капка, да одам на доктор, а? Месец дена како не цица.
Од левата не цица веќе 3 месеци малиот, немам млеко ама ако стегнам излегува жолто нормално е без гајле.
Реков јас дека забите ќе ми го решат доењето. Не ме гризе, ама како изгребани ми се брадавиците, ваљда трие со запчињата кога цица. Следнава недела почнувам со работа, таман си е на време за одбивање.
Веќе 4 дена како не цица сега за сега немам ништо нит црвенило нит тт да фаќам, се на се дали 3 пати осетив силни болки и како жарење и стегање ама помина со парацетамол не сум ги пиела тие бромергоннот ама ми фуфка дали има шанси нешто да се деси овие денови или? Пијам чаај од жалфија и нонстоп градите ми се стегнати со прслук, вчера малку стиснав излагаше капка две млеко (жолто мн) така чи треба да биде ? Да проверувам ли дали има или не? Мака ми е мн мене а мали си прифати без проблем, и уште нешто сега какво млеко да нудам?
Ако немаш болки и не ти се полнат многу градите, нема потреба да го пиеш. Јас пиев и со двете, ама имав огромни болки и многу ми се насобра млеко. Со бромергон за десетина дена ми се среди се. Како што те читам, тебе ти е 4ти ден и немаш јаки болки. Продолжи како и досега, мислам дека ќе бидеш ок. Намали внес на течности. И кога ќе дојдеш следно во Мк, направи си ехо на гради, пожелно е после 6 месеци од престанок на доење, ама може и порано. За млеко, ако сака да пие, нуди свежо млеко, кравјо, козјо, какво имаш, ако не сака, не мора да пие. Еве, моиве не пијат никакво млеко.
И мојата како на @Annath не прифати никакво млеко од кога се одби. Кога и нудев и доаѓаше нагон за повраќање, се гадеше. Престанав да нудам.
Ви благодарам женски, инаку мм вчера вечер му дал тетрапак млеко за да го успие бидејќи јас не бев дома си испил без проблем.(мене дури сега ми кажа за тоа). Ќе барам тука свежо млеко по маркетите фала ви а за градите нормално е да ме пецка на моменти малку чудно ми е ново и неискусна сум со ова.
Нормално е. Кај мене после една недела си дојдоа сами во нормала. Ептен тешки ми беа само два дена. Издржливо.
Јас како намалував подои, ми се смалуваа. Сега само цица малата насабјле, повеќе од 1 број ми се помали.
јас неможев да го пијам.Ужасно лошо ми беше од него и го преќинав одма.Кај мене млекото спонтано прекина само од себе после одбвањето.Без лекови без ништо.
Јас завршив на клиника вчера онесвестена ме однесоа од бромергонот, испив една половија сабајле вечррот др и оп труп едвај викнав по мм кога се освестив бев во клиника на апарати, имам жарење во градите ужасно ме болат 5 ден денеска не знам што да правам веќе аман. Пијам чај од жалфија молзам малку ама пак ме болат.
мн лош лек е .Јас имав страшни тахикардии лошење гушење...Ми дадоа замена за нив ама не ги зедов.Подобро ли е денес?Имаш мн млеко или само болки имаш?
Со молзењето си правиш белја, демек измолзи колку да ти олесни, ама така правиш пак да се полнат. Еднаш измолзи ги целосно до крај, да издишат, и стегни се, и после веќе не ги чепкај, намали внес на течности и ќе се среди. Јас со првото имав од Бромергон такви нуспојави, вртоглавици и поспаност, вториов пат кога ги пиев, немав никаква мака. По едно апче навечер пиев, преку ден не.
Млеко на стискање капка две жолто, а болки имам во средината ма градите. 5ден денес првите 3 ништо немав ништо скроз. Не знам што да правам тука лекари ми викаат да продолжам со него по едно апче на четири дела дневно.
Не стискај ич. Млеко и до година после прекин може да имаш. Секое стискање и проверување е стимулација, макар минимална. Како ќе го делиш на 4 апчето?
Не ни пијам веќе од апчето, а вајда половинките на уште по два дела да ги поделам мислат. Сакаше да прашам уште колку време има да престанат да болат? 6 ден веќе ме пецкаат уште.