Офф леле јас ептен сум паничар и ми е страв да не припаднам пак како минатата ноќ дека сама сум со мали дома. Секое стегање ми е паника. Ми се чини веќе никогаш нема да дојам.
Јас па никаква мака не видов со левата града, помалку цицаше од неа, омилена му беше десна од почеток, само намалував на подои, уствари сам се одби на таа града никако не сакаше да цица, на почеток се одмолзував по 1 во денот ако имав тежина, после тоа 1 на 2 дена и така сама секна, ништо ни болење ни пецкање никаква мака немав, се надевам дека и со деснава така ќе биди.
Нормално ли е да чувствуваш уште болки 7 ден денеска, и имам некое чудно чувство се осеќам како малаксана се некои црни мисли ми се мотат, знам досадна сум ама неискусна со ова.
@joy1 до колку дена е нормално да имаш болки во градите, на моменти имам напади ан паника и ми е страв да не ми се повтори пак истата песна од пред некој ден, не пијам течности едвај еден чај од жалфија што го лигавам цел ден и ако се ептен осетам заникаде пијам вода со шеќер.
навистина не памтам.Ама немав страшни болки ич.Онака првата недела осеќав само тежина топлина на допир,пецкање и ми помина.А млеко имав скоро уште цела година на стискање
Престани да паничиш, ништо нема да се случи. Само позитивно, најтешкото помина. Штом не ги пиеш апчињата, ништо нема да ти биде. Болки цело време имаш?
Па на моненти имам болки знае да зажари ама одма се туширам и масирам, немам грутки мислам дека и малку ми сплеснаа ама не скроз, а за проверување не измолзувам по филџан да речеме , туки капка две дур де туширам ама тој пусти страв дека паднав од апчињата и сега де ме паничи. Прашав и золви кажаа дека до две недели чувствувале болки во градите нормално е вајда?
Здраво ме интересира до кога имавте млеко така на стискање, после година ипол престанок на доење нормално е да има? И во спиење кога ја стискам градата со раката имам исцедок и вака на стискање ми излегува жолто бел исцедок повеќе накај темно жолто почесто...можно лие некое хормонско пореметување ?
Имам другарка која и после 1 година од одбивање на бебето имаше така жолто, беше на ехо се било во ред. Кај мене еце 3 месеци не цица на левата града јас ако стиснам имам жолто.
Дали бевте на некоја диета после престанокот на доење? Бидејќи избегнував млечни производи една недела и мрсна храна , сега штом пробам почнува да ми се лоши .
Синко направи 14 месеци и една недела..вчера вечерта почнавме со одбивање.. последен пат цицаше вчера сабајле во 7 и 30...ко зомбиња сме со маж ми од вчерашната вечер со плачки и рикање.. Меѓу другото моите гради се огромни полни со млеко и болат.. цел ден сум со листови зелка..се масирав..малку се одмолзев рачно..се туширав со топла вода.. Страв ми е вечерва во спиење да не ми отечат уште повеќе.. Не знам што друго да правам..
Зашто не почнеш со намалување на подои место така нагло? Може имаш причина, не знам. Само мое мислење. И јас ја одбив мојата на 14 месеци ама немав мака зашто веќе бевме стасани до 1 подој. Ставај зелки, масирај, не молзи многу, пази на грутките. Краен случај ќе мораш со апчиња.
Ние сме со 3 подои во 24ч, денес од 7ч сабајле дури во 20ч цицаше, намалувам постепено, првите денови ми се правеа грутки, но еве сега 2,3 дена полесно ми е веќе е намалена лактацијата. Значи пак ќе пишам 100 пати пишав Со левата града поминав без никаков проблем, со намалување на подои и сам се одби, сега пак исто со десната правам мој совет исто како @TeddyGrey намалувајте подои не одете дирекно на одбивање.
Намалени беа подоите..само навечер цицаше кога ќе се разбуди..преку ден не цицаше воопшто.. ама јас генерално од секогаш имав многу млеко.. Какви апчиња се во прашање? И до кого се консултирате за работиве со гинеколог ли?
Мене зелката ми направи проблем, ми го извлече млекото и ми ги наполни градите. Зелка не. Тоа само кога сакаш да доиш, не да прекинуваш. Измолзи ги еднаш убаво до крај, стегни ги градите и намали течности. Ќе прекине млекото.