Со песнички, приказни, со преправање дека јас спијам. Ме гледа како пеам. Се трти, се врти некогаш. Па ќе се пентари врз мене, евентуално се предава. Некогаш за 5 мин, некогаш за 45 мин - лотарија.
Јас планирам да ја држам будна до крај и потоа да ја однесам на спиење. Ама пак тогаш многу плаче. Песни и приказни нема да ми поминат. Евентуално цртани али отвара очи и гледа можеби нема ич да заспие. Сакам прво оној за заспивање навечер подој да го тргнам, оние преку ден за заспивање ќе заминат сами од себе. И онака заспива само еднаш преку ден максимално два пати. Ќе тргам наопаку јас од вечерен кон денски. Ми е страв само да не трае со саати и саати заспивањето.
Абе си ја знаеш твојата. Јас на пример, ако ја оставам до крај, потешко ми е заспивањето. Добива некоја енергија, не знам како да објаснам. А ако ја фатам на први знаци кога и се спие, помирно ми заспива. Јас искрено, многу сакав да ја одбијам. На крај она цицаше само за да заспие. А преку ден на годинка, спиеше уште по 2 пати, околу 13 месеци ми смени на 1 дремка. Баш тогаш и ја одбив уствари, сосема случајно. Читавме книга, се смири и ме слушаше, гледаше во сликите од книгата и ја приметив дека и паѓаат очи. Викам ајде, читај, збори уште, и заспа. Реков - или сега или никад. И така, првата недела бев под стрес - што ако ми побара. Ама не побара. Како да не ни цицала. Е сега, не можеш од прв ден да и фатиш цака. Сама ќе ти каже како сака да спие и како да се успие.
Ден 1 Решив, доста е! Се плашев од заспивањето, ама освен што побара еднаш онака жално цице, цицееее толку беше и на тоа остана Грешка! Пуштив цртан да гледа на тв, ама секој нареден му стануваше поинтересен легна до мене, прибра една кутија со коли и мачето, ама не разбираше дека треба да спие Па по некое време изгасив и уклучив пригушено светло и тука он стана и зема пенкало и ифче да црта У темно рика и се паничи, пробано ми е, затоа не е опција! Ама ваљда се измори веќе, 22ч бидна, па по 100ти пат го прашав дали сака да го нишкам за да спие и конечно рече да грабна кутијата со играчки, па со се неа се понишкавме и куфер за 2мин. Е сега, ваљда нишкање ќе го вратиме на сцена ама тоа е, ај може и не Градава засега малку тешкичка, ама не ми стои дека би имала мака, ќе видиме утре што ќе ме огрее
Ден 2,3,4 Дефинитивно успешно се одбивме и дефинитивно мајка знае најдобро кога е вистинско време за тоа. Нели една е мајка Ниту бара, ниту спомнува, воопшто не се буни. Втор ден исто потешко заспа, трет за половина час, двата дена нишкав, денес сам побара да гледал цртан, легна д о мене, а испадна дека 10мин изигравав диџеј, ниту еден не му се бендиса, па 11тата минута се комира Престана и да се буди навечер, а оддамна си потстанува за вода, уствари он може и би цицал, ама јас оддамна го нудам само вода Е сега градава вчера и завчера ми беше тешка камен, болна, незгодна уфффф денес као помека, помалку боли, се надевам како ќе минуваат деновите така ќе спласне скрос и нема да направи проблем.. Ииии ќе кажам бај бај града, ќе си останам со две цициња Ваљда и ќе се изедначат
Хехе браво, колку време доеше? Јас ќе го одбивав сега на година ама неможам за грев сум, кај ноќе станува само за да муцни малку, кај не спијам и пак не ми дава душава да го одбијам, сега си зададов сама цел ќе го одбивам на пролет моево па цица само на десна
Само на лева Точно 2г Јас цела есен викав ќе го одбијам, ама само викав, реално ниту пробав, ниту бев спремна, а мислам ни он. Неколку пати пред пробував да му кажам дека нема цице и одма се почнуваше со хистерии и рикање, па џапање, влечење да фати цицка, но сега само си прифати Денес 5ти ден, лесно и едноставно си заспа, ниту побара, ниту му текна. Градава ја чувствувам спласнува
Браво за доеничкиот стаж и јас само на збор го одбивам, ни сум пробала, ни сум спремна ајде времето ќе си покажи само и кај мене, има време тек година направи синко Ајде и со градата ќе се среди, веќе ти се регулира штом спласнала.
Три дена градава ми стана ненормално болна Потспласна и на тоа остана, едвај спиев, едвај седев, ниту маица не трпев, да не ме допре нешто, крш, а ко за инат бебево се во раце бареше И се така беше до денес на пладне и оп наеднаш дупло спласна и подомекна болна е уште, тешкичка, но се трпи, ваљда ќе се издиши скрос деновиве и ќе престане да боли
@FreeMind до каде си со фазата одбивање? Малата кај мене за некој ден 9 месеци полни, па веќе два месеца стоиме во место со 4-5 подои дневно. Сакам да редуцирам полека, за до годинка да заврши проектот доење .
Почнав од денес со прва фаза. Бидејќи имаше нели проблем со дијареа ги качи на 6/7 подои на ден. Од денес намалувам на три. Сакав и на два наеднаш али од синоќа во 22 до денес до 12 на пладне градите почнаа да ми жежат, оган. И веднаш и дадов да цица да не направам проблем. Лактација се регулира за два три дена, така да идам по шема три дена три подои три дена два подои. После недела дена еден и ниеден. Се надевам нема да завршам во болница. Ќе идам и да земам апчиња за секој случај да имам.
Кога прескокнуваш подој и даваш ужина или течност нешто? Кај мене пие малку вода и разреден сок, па ми е страв да не е жедна.
Ужина. Парче овошје со бисквити, смоки, кифличка што да е да јаде. Али кај мене пие многу вода околу 400мл на ден како ништо. Две цели шишенца полнев и сега и земав големо.
Тоа е одлична количина на вода, кај мене околу 30-40 мл. Може кога ќе намалам подој ќе пропие повеќе.
Сигурно ќе пропие кога ќе биде жедна. Сега за сега очигледно не и треба плус вода, доволно и е. Ајде ти стискам палци па да завршиме и со оваа фаза.
И јас би сакала до година да завршам со доењево. Лошо звучи, ама бре сакам да се опуштам со алкохол. Прееска бевме на Винтерленд и поминувам покрај грееното вино, па како ми замириса. Ќе си рече некој алкос тежок сум. И некако почнува напорно да ми станува. Цица за заспивање, насабјле, еднаш во 3:30, 4 во текот на ноќта, и еднаш преку ден. 4 подои вкупно. Некогаш 5 како сега кога е неарна. Како да ги намалам немам идеја. Барем денскиов скроз да го укинам. Ама жал ми е, се пружа по цице така мило.
После скокот да не кажам фаза после 5ти скок денски не ни бара да цица. Несака се трга и плаче. Заспива во 20.00 со цицање,па се буди на 2 саати до 6. До 8 ништо не бара,ни плаче ни бара. Нудам да цица,се корне и пие млеко ад. Па во 11 давам да доручкува овошје со житарици било што ке голтне 4 пати и почнува да се натега,да се наткрева. Па во 12 па нудам да цица,никако пие па 120мл ад,ручек 15 па јас давам телешко,зеленчук па исто натегање, во 17 и пол па само млеко ад , сега почнав нешто за good night кашички но не поминуваат и во 20 се успива со цицање. Значи детево не ми бара храна ни млеко,се јас давам. И немам проблем со градиве ептен спласнаа а има млеко
Помош мајки, сакам да го одбиам бебево и за него нема никаков проблем да е бидејќи цица само преку ноќ а во тек наден пие мое измолзено млеко и адаптирано така да воопшто не бара цице.Сакам помош околу намалување на лактација како да престане млекото да ми пише некој чекор по чекор
Да се јавам и јас. Утре 13 месеци прави господинов мој и уште цица. Не успеавме да се одбиеме. Тоа што пребира што ќе јаде и одбива скоро се уште повеќе ми отежнува. За среќа сам го исфрли подојот попладне пред спиење, сега се доиме само пред спиење навечер и преку ноќ. Ќе почекам уште некое време сам да намали со цицање и ноќе и ќе чиниме чаре некако. И сеуште не прифаќа друго млеко и шише.
Читам кај германциве овој чај го пијат за намалување на млекото https://www.google.de/search?q=salb...oECA8QAg&biw=414&bih=719#imgrc=mo5dOHRnQsXwFM Исто и минт нане. Ќе пробам од утре и јас да го намалам млеково може ќе сака сама да се откаже. Лигуш сум јас за овие работи тежок лигуш. Не можам да ја гледам како плаче. Ниту ова со намалување подои ми успева ќе мора наеднаш да ја прекинам.