Фри те читам некое време и многу се пронаоѓам во врска со одвикнувањето. Јас не сакав да ми плаче дете и да бара од мене а јас да не давам. Пробував некогаш и брзо попуштав. Си викав дека не е спремна. Се смируваше кога ќе цицнеше, така заспиваше. Самото дете ми покажа кога беше спремно без цице да заспие,буквално преку ноќ, не заплака нитуеднаш за цицање од кога се одвикна. Знам колку ти е тешко. Јас бев преопседната со одбивањето, не сакав да цица веќе ама нели кој ме пита мене. Уште сум пресреќна,ме држи среќата што завршив со таа етапа. Ќе биде и кај вас, пробај да имаш трпение иако знам колку ти е тешко.
Она не е спремна во никој случај затоа и многу плаче. Пробавме и мајка ми е тука да ја успиваат, со цртани, со приказни, п јас да ја гушкам само, па по на мајка ми паметот кромид да ја намачкам градата не помага ништо. Ни преку ден ни навечер дури и температура ќе ми качи од плачење толку многу плаче ако и го сменам ритуалот за спиење. А почнува и со градинка морам да ја навикнам поинаку пред да тргне. Ќе збудалам со одбивањево јас се напунив нервози, бебе не дава цицка за жива глава. Не ми остава избор освен наеднаш да ја одбијам и да пијам апчиња. Велат ќе плаче два три дена мислам мојава ќе плаче два месеца.
Немој ради градинката да ја одбиваш. Мојава идеше во градинка и таму немаа ич мака за заспивање. Уште се чудам. А 9 месеци беше. Дома никако другчие не заспиваше уште 4 месеци од кога тргна во градинка. И кај свеки им заспиваше без мака, освен ако бев јас таму. Изборот е твој, не ме сфаќај погрешно, само ти кажувам искуство. Секое дете е различно и карактер, а твоето ти си го знаеш најдобро.
Добронамерен совет- ништо не правете на сила и со нервози. Велиш почнува со градинка, ама не разбирам каква врска има тоа со доењето. Сигурно ќе имате период на адаптација и нема од одма по цел ден да останува таму. Како што разбрав, многу подои имате, пробајте да ги прескокнете тие што не се круцијални, тој за заспивање последен нека ви биде. Доењето не секогаш му е за храна, и за утеха му е на детето. Компензирајте со некој друг вид на блискост и утеха.
@FreeMind знаеш дека сум голем поборник за доење, но ова не ти го пишувам од аспект да те предомислувам, туку исто како Теди и Биљарката да ти споделам искуство. Имено, ќерката беше многу приврзана - не за мене туку киснеше на цицка во секоја прилика. Дојдовме тука и требаше да почне со градинка. Дома заспивање само на цицка. И преку ден и преку ноќ. Кога почна со градинка ме фаќаше нерва дека ќе прави циркузи за заспивање и ќе биде комплицирана. Доаѓам да ја земам (уште во фаза на привикнување кога прв пат ја оставив 5 саати).. ми викаат влези, ама децата спијат ќе си поседиш со нас. Спие?? Сто пати ги прашав како заспа. Се чудеа зошто ги прашувам како заспала. Буквално викаат - си легна и си заспа. Јас не верував. Викам, да видам да не верувам. И учителката истото го кажа - многу деца имаат различно однесување во градинка отколку дома. И сето она што го правиме дома "да го привикнеме" и да го спремиме бебето за во градинка се чини за џабе. Дома си продолжи да си цица кога сака за викенди, а во градинка ниту еднаш не направи никаков проблем кој е поврзан со доењето. Во секој случај, ве читам и ви се дивам како се наканувате да ги одбиете пред вадење на забите. Мислам ако не цицаше кога вадеше тројки и петки ќе си ја имав акнато главата од ѕид.
Причината за одбивање е поради тоа што јас повеќе не сакам да дојам. Се останато ми е изговори да си олеснам на себе си. Едноставно од пред некој месец не сакам повеќе да дојам и сакам да ја затворам фазата. И сега барам начин како тоа полесно да го изведам за неа али не гледам некоја нежна алтернатива. Намалување подои и полека постепено еве со месеци не ми успева.Таман ќе дојдам на два ќе качи на 10, тоа кај моево не е алтернатива. Ми останува уште да не давам од денес и да го преживеам плачењето неколку дена. 11 полни месеци за некој ден. Ми треба некаква утеха, слабак сум на неа од дома имам поддршка за процесот али таман ќе почне да плаче и одма ме гледаат мене како виновник и се чувствувам уште толку полошо и мизерно. Мислам тоа чувство го знаете како детево плаче ради тебе.
Го знам. Непостојаноста на подоите и неможноста да ги намалиш е поврзана со возраста на бебето. Скоро секое одбивање во оваа возраст е нагло. Ретко кој успеал да намали подои кај бебе. Друго е кога ќе тргне во градинка, па дел од денот е исполнет со други активности, почнуваат игри, зборување, развојот е на друго ниво, и на пример место подој можеш да заиграш дете и да го прелажеш. Ако не сакаш да доиш мораш да пресечеш. Не е фер ни да си играш со бебето. А не е лошо домашните да поработат подобро на поддршката, оти не е баш поддршка ако на секое плачење те гледаат како "виновник". Особено е важна поддршката, затоа што одбивањето не ретко е стресно и за мајката отпосле. Колку нѐ има што сме ги одбиле децата после кукање дека едвај чекаме и редно било, за следниот ден да нѐ мавне нешто што не сме го очекувале - детето ок го прифаќа тоа, а мајката да е со милион емоции и потешко да се соочи со тој момент.
Псхички од тебе зависи.Одбивањеро е исто така еден процес што е многу природен.Еве јас како ја одбив.Решив има година доста и е трга на градинка.Мојата не беше јадач и уште не е, повеќе сакаше цице иако подоите станаа кратки. Решив кога свекрва ми и свекор ми беа тука на гости .Ги намачкав брадавиците со сенф ,читајќи дека е една од најефикасните методи за да предизвика одбијност од страна на бебето.Мојата за среќа не сакаше да проба.Само и велев мама боли цице.Плакаше малку па ја залажуваа свекрва ми и свекор ми со нешто.Така неколку пати во денот одма и давав после да грицка- ручка нешто.Ама вечерта пошто ми се будеше и давав да цица така денски и прекинав , а ноќе заспана си цицаше.Вториот ден исто се мачкав со сенф за на трети ден да заборави веќе.Ноќниот подој и го одбив мислам после две недели.Кога ќе се разбудеше само ја нишав. Можам да кажам беше полесно од што мислев и едноставмо е до спремноста на мајката.Немав со градите исто никаков проблем. Почна повеќе да ручка откако престана да цица и повеќе спиеше навечер. Верувај одкако ја одбив сранавме и двете посамостојни.Можев да излезам без неа без да мислам што ќе јаде.Само полека зацртај си дека тоа е само процес кој трае 3 денаСо среќаСпомените остануваат
Денеска не цицаше воопшто од синоќа од 21ч. Пред да спие мајка ми ќе ја нарани добро и пушта цртани ја гушка и бебе заспа. Заспа без цицка алелуја. Слушаш ли @lackygirl И сега ми се преполнија градите и дадов да цица зошто ми се направија со грутки и повторно иста шема цртан и гушка. Неверојатно. Јас станав да не заспие на цицка. Со мене нема гушкање веднаш ја бара градата. И вечер ако успее ова за неколку дена ќе се среди се и нема да е проблем одбивањето. @Ava.84 и кај мене е проблем јадењето порадо ќе цица него ли да јаде. Со виш ми лак
Јас ќерка ми морам да ја одбијам бидејќи имам висок притисок и морам да примам терапија. Оставив на страна мое здравје и успеав да ја дојам до 6 месеци. Подоите ги намалив прво на два, па на еден. Една недела се мачевме и молевме да фати шише. Еве сега веќе има 24 часа откако и немам дадено мое млеко. Дали се смета за одбиено бебчето? Исто така, на внатрешните страни од градите имам тврди делови. Ги масирам и подизмолзувам по малку. Дали да почекувам да прекине млекото само или да земам лекови?
Следам ситуација не јас неможам уште да се решам до мене е, жал ми е. Заспива и мојов без цицка, дури сум на работа или мајка ми или свекрва ми го заспиваат со плачки, со нишање в раце, ама успеваат некако, ноќе пак почна на 2 саати да цица, како новороденче е, 2 дена го носам од кај 4ч в дневна и спие со мм до кај 8ч без да стани, нз што ќе прај веќе, ако е до мене станува ако не е, не станува...дали ќе смени нешто ако го одбијам? Нз не верувам. Јади се, ама освен вода ништо др не пие.
Немам пишано дека ја одбив. Во ниту еден момент доењето не ми претставуваше уживање, не гледам никаква магија во тоа и немам никаков инстинкт или желба да дојам. Сепак доев две и пол години и второто би го доела минимум до годинка. Живот.
Јас бев на работа викендов двата дена и плус и на прослави навечер, и малата ја пратив кај мајка ми на спиење на два дена. И со тоа официјално завршуваме со доење на 11ипол месеца, нема цицано од петокот. Веќе 1 месец цицаше само насабајле бидејќи ме мрзи одсабајле да станам од кревет, таман ми беше цицањето за да имам време полека да се расонам. Инаку намалував подои од 9 месеца отприлика. Се на се, имав убаво искуство со доењето, без проблеми, болки, мастити, имав многу млеко и бебе брзо цицаше. Да не беше така, сигурно многу брзо ќе се откажев од доењето. Секоја чест на тие што сте упорни со доењето дури и кога е тешко, јаа тоа не би можела. Не ми фали да дојам, не ми значи ништо што престанав. Едноставно среќна сум што можев тоа да и го дадам, ама и без тоа ќе пројдеше. Секако доев подолго од што мислев, ама како и да е планирав да престанам до годината. Време е да се почастам некој нов прслук сега
Елај ми Еве јас сум пресреќна за тебе и се радувам дека вака заврши твојата епизода. Како што кажав и пред 10 месеци тебе капа ти симнувам. Демек чаеви и хомеопатски таблети земам за намалување на млекото али како крава буквално преполни ми се. Цица најмногу три пати имам млеко цела градинка да надојам. Да ти *бам и цицки и млеко и се. Имам и апчиња за секој случај али тие биле многу силни и ми е страв.
Од вчера на еден подој оној во 21ч. Имате претстава колку време после прекин на доење треба да внимавам на градиве? И дали грутки ви се правеа? Не сум имала мастит ниту сакам да имам од тоа најмногу се плашам. Дали ми е попаметно да се измолзувам рачно малку после тоа кога ќе имам грутки? Идам до петок само со еден подој во петок имам и термин на лекар да разговарам за градиве и крај со доење. Преку ден не бара веќе да цица колку брзо се навикна дури чудна ми е.
@FreeMind моето искуство со двете покажа дека бебињава се спремни (а и градите) за одбивање на околу 15-16 месеци. Како што кажа и кај вас е сведено на еден подој,идеално да се намали млекото и да немап проблем со градите. Тој еден подој кај нас потраја 2-3 месеци, но кога гледав дека дете имаше проблем со заспивање, не се мачев. Буквално самите покажаа дека не им е потребно цицање пред спиење, туку само гушкање. Првата на 16 месеци, втората на 18 месеци. Ако можеш да стиснеш заби уште некој месец ќе си направиш и услуга. Само проценувај ситуација кога можеш да го избегнеш подојот. Па ако се случи една вечер побара, па не бара, па трета пак бара, верувај тука веќе ептен се гледа крајот И мене ми беше мачно доењето, дури ако веруваш после 8ми месец едвај чекав да завршам, но издржав. Што поради децата тоа и поради себе.
@Kitten да можев да издржам уште некој месец ќе беше добро. Доењето ми е ноќна мора станато ме апе со месеци пред некоја вечер со крвава блуза легнав речиси ми ја откина пупката. Кога иде време за доење имам голем страв и како на игли да лежам го очекувам секој момент оној стисок со забите. Во таква позиција сум и сум за медал штом толку долго издржав. Но веќе нема никаква смисла да продолжам бидејќи ми е константен стрес и нервоза. А не би сакала да ме гледа таква ниту да и пикам прсти во уста или да и стискам вилица за да ме пушти. Вчера беше втор ден 24 часа со еден подој во 21ч. Градиве се регулираа не се тешки и не се прават грутки преку ден. Околу 21ч ми натежнуваат. Вечерва е последниот подој од утре натаму здравје прекинувам и со тој. Синоќа беше малку драма кога се разбуди во 12 часот благодарение на идиоти кои си допукуваат огномети и бараше цицка до 3. Заспа плаченка со пуштен телефон на бебешка музика за заспивање и рипчиња кои пливаат. Уствари се изнапи вода па легна. Цртаните ја расонуваат, алергична е на гушкање и нишкања, не сака да ја чепкаш воопшто, не сака да и читаш, сака така сама да заспие. Од утре бројам без подој три дена. Искрено мислев дека ќе биде многу потешко намалувањето на подои. Сега ми изгледа тоа толку лесно и сфатив дека филмот е само во нашата глава. Ако два дена по ред прескокнеш подој (ја успиваат во количка надвор како новороденче) третиот апсолутно не ни бара. Само сам со себе и бебе мислам дека е невозможно, мора некој од страна да помага во процесот. Надвор со мене во количка плаче ни заспива ниту одмара.
@FreeMind браво, супер новости Синко е скоро 13м, на два подои е, еден пред спиење навечер (иако не заспива на града одамна туку со нишање), и еден подој наутро околу 6-7ч, цица и пак заспива. Подојот наутро што е сакам да го укинам, да спие цела ноќ и тој а и јас. Па за некое време да го одбијам скроз од доењето. Се мислам само дали да му давам АД навечер пред спиење или кравјо млеко? И по колку мл? Никогаш досега не пиел никакво друго млеко освен моето.
Прво дали ќе сака друго млеко. Кај мене ги пробав сите млека ни едно не и се бендиса. Ќе остане само на млечни продукти кои фала богу ги јаде. Препораките се поделени. Австралиско здравство не препорачува ад после 12 месеци, Еу препорачува. На педијатар овде советуваат до 1,5 АД, потоа може кравјо. Од она што читам на форуми козјо млеко е најдобро после 12 месеци. Имаш на холе пробај го. По колку мл не знам.