@FreeMind јас најголема мака со градата видов по 3тиот ден и се тоа траеше до 8миот, каде поручекта баш се издиши и толку беше. Мислам ако сакаш да поминеш полесно и без терапија ќе мораш да почекаш барем 1недела од намалувањето на подојот, па да прекинеш скрос да доиш. @happygirl јас би пробала со АД, против сум пиење на кравјо (тетрапак, па и свежо нека е) на 1г. Ако не сака едноставно и не мора, давај малку подоцна вечера или плус уште една ужинка која ќе е млечна и тоа е тоа, доволно ќе е. Со лесно и на двете
Мојата го прифати козјото на олимпус. Не дека скратив подои туку кога не сум дома го пие. Нема воопшто јак мирис и вкус.
Ај да ми кажете, кој е прв чекор во одбивањето? 17м доење, доста е. Ќе доев уште, ама ми станува пренапорно. Нашиот ден изгледа вака: Се буди во 8, бара цицка и спие до 9:30-10 на секои 10мин будење за да ја земе и да шмука како цуцла. Пред појадокот бара да цица, после појадокот повторно. За 2-3ч и е прва дремка, заспива само со цицка. Ако се подразбуди од дремката презаспива со цицка. Кога сум на работа не бара,јаде и пие нормално,свекрва ми ја заспива со нишкање без проблем. Кога си идам од работа вика “ееее цицо” као демек еј цицката си дојде, мама не е битна и онака, и се мести секундарно, цица 5-10мин па ќе стане, за 15мин повторно бара и се треска од земја дури да и дадам, па за 15мин пак и така се додека не заспие. Со нишкање никогаш не ми заспала,во количка никогаш,во кола без да цица никогаш, со водичка од шишњ никогаш. Како да ја одбијам???
Прво да работиш на тоа да не си игра со тебе. Ако цица во ред, ама ако се забавува мора тоа да прекине. Особено со волку многу подои во денот. Или ригорозно нема веќе цицка повеќе и крај. Ќе плаче три дена и ќе сфати дека нема и тоа е. Зависи кое од овие тебе ти е полесно. Јас кратев подој по подој за да јас немам проблеми со градите, ама секое кратење беше "нема назад". Ако еднаш не цица, готово од следниот ден тој подој не го ни нудам. Колку сака нека се траска од земја, како што кажуваш.
Како за мојата да читам. На мене не ми успеа да скратувам подои, едноставно невозможно беше и потешко, се бунеше зашто еднаш може да цица еднаш не. А упорно бараше да цица и ни вртење внимание успеваше ни ништо. Цице си е цице и нема вртење внимание од него. На крајот се намачкав со кафе и кажав дека е болно цицето и не правело веќе млекце, само тоа успеа. Не плачеше среќа, да плачеше ќе се откажев веројатно и ќе оздравеше цицето. Продолживме со нишкање и гушкање, не ја оставив ниту еднаш без мене и двете заедно го поминавме процесот. Цела година после тоа си збореше за цицето, рачето на цицки или во цицки за утеха. И денес си збори со љубов за градите мои, дека и давале млекце кое било највкусно. Мене ми беше најстресен период досега од целото мајчинство, спреми се психички дека ќе е тешко, ама може и ќе те изненади, па лесно ќе поминете, со децава никогаш не се знае.
Нејќи ни синко мој никакво, пробав се, баш пред 2 дена ко стана ноќта му подметнав кравјо млеко, го сети ми се испули неубо и пак цицка цела ноќ
@Chanell* уште се смеам али знаеш и мојата беше иста и ќе станеше како твојата во иднина и затоа подобро е сега да прекинам отколку да се мачиме. Тоа не е никакво задоволство, ниту утеха тоа е малтретирање. Особено во кола да и ја даваш цицката како цуцла на дете седнато на седиште е навистина тешко особено ако си над 70кг. Јас од таков ритам почнав вака: - Прв ден се буди нема цицка за појадок, веднаш ја ставам во стол да појадува мајка ми ја заигрува јас исчезнувам од собата додека се најаде. Потоа пак играње до момент на дремка. Иде дремка искачам пак од соба мајка ми ја гушна и пушти цртани и така заспа. Втора дремка цицка. Заспивање вечерно цицка, презаспивање цицка, три дена така. -Втора фаза втора дремка укинување со изнесување од дома во количка претходно добро најадена и вода напиена. Сите прошетки без мене. Останати цицање во тек. Три дена. -Трета фаза презаспивање ноќно време укинување. Станува плаче 3 саати јас си лежам до неа и зборам, ја гушкам, цртани песнички, сеумори и заспа. Втор ден не стана, трет ден синоќа закемка пет минути не ни мрднав сама заспа. -И четврта фаза укинување на последниот подој во 21 ч. Тој треба да почне од денес кај мене. Планирам да ја однесам на бањи од 18ч до 20, да се умори добро, по кола кекс со млеко во шише што си пие и потоа дома и да плаче и да не плаче ќе заспие одма. Втор ден ако успее прв повторувам ако не не знам што ќе се прави. Тие измеѓу од прв ден кини ги. Ќе видиш втор ден нема ни да бара.
@FreeMind Ти си на добар пат за одвикнување. Браво за решителноста. Камо кога беше помала да прекинев и јас. Ич не ми е уживање веќе. Ме болат брадавиците исто ко после пораѓај. Ќе треба да исчезнам на една недела од дома за да и укинам подој. Или да ја одбијам скроз. Синоќа до 1:30 седеше, заспа со цицање, за 20мин се разбуди со плачки и вриштење дур не и дадов пак , до 2:30 свиткана над креветче бев. Нервозна дека ненаспана, од 8 сабајле до 10:30 со плачење бараше цицО за да презаспива. Ни она се наспа нит јас. Станавме некако, најадена и напиена вода, земав да смукам по дома и она весела скока,се смее и игра, и и текна сака во раце и вика “ајдеее цицо” и ми покажува накај креветот Детево мисли оти цицо ми е името Ко едвај да дочека да ја фати,за секунда заспа. Инаку,кога пробувам да не и дадам ми седнува во скут и шмука на блузата Абе лани коа ја читав @kukla21 дека вика оти нејзината е ко наркоманче за цице се чудев зошто вака зборува женава, ама сега разбирам! Баш зависник е мојата!! Да си земам одмор и да ја летнам некаде, нека си го наоѓа крајот свеки со неа,и онака се тандем Ама немам срце да ја оставам. И месец дена да не ме види исто ќе биде. На маса стои јадењето она ми ја џапа блузата, вади тоа што и треба и со најмил глас на свет вика “цицо кај сииии” ја гали со рачињата и ми ја влече брадавицата. @RainBow На која возраст ја одби? Не знам дали би разбирала да почнам да се мачкам и да и кажам боли.
Беше негде накај 21 месец ми се чини. Тогаш веќе разбираше. Пробав еднаш додека не разбираше, ама не можеше никако да се убедиме. Дури веќе кога разбираше успеавме. Не можев никако пред тоа ни да замислам да ја одбијам зашто плачеше многу, едноставно се и беше цицето и ќе беше многу трауматично, а не сакав од такво прекрасно искуство да направам да го памти ко да е нешто неубаво.
Хахаха ме изнасмеа, леле што ме чека, страв ме фаќа ист случај кај нас, зависник од цицка еве 13 месеци, леле само читам тука и собирам храброст, се измачив и јас ноќе по цели ноќи на цицка бе неможам значи, на работа ми е тешко, дома турбо нема застанување, барем да спиеше ноќе, да врзеше некој час
Затоа женче со време треба Ја ќе бидам само цицо за неа уште некое време... Кога би имала второ не би издржала олку да дојам, ма дали и ќе почнам
Со поголемиот син поминав нешто слично. Го доев до 18 месеци а јас се викав "тиц". За жал не успеавме со постепено намалување на подоите, кога решив неколку дена не давав преку ден со тоа што не бев дома по цел ден, и најтешкиот дел беше вечерта, го оставив да спие со свеќи и го слушав како жално плаче од другата страна на вратата. Потребни беа 2-3 вечери, но иако не цицаше повеќе и во наредните два месеци се будеше со плачење дека нешто сака а незнае што...не прифати ништо друго во замена за тиц. Да не одев на работа може ке го доев кој знае до кога, ама не крај многу ми беше тешко и имав 46 кг. Не издржливо стана. Син ми беше право смокче малечко. Бебево сега планирам до 1год.ама ке видиме здрави и живи со храна како ке ни тргне.
Бевме на базент и сега беба крпа уморна лежи во дневна и гледа цртани во надеж да се успие без мене како за прва вечер. Јас хоризонтала на спална чекам плачење, засега нема ни глас од неа. Прва вечер одбивање во тек. Градиве ми се полни, но меки нема грутки нема жештина даваат надеж. Со
Фала што сподели. Јас вака од почеток се осеќам и имам грижа на совест. И го дојам зошто имам млеко, а доењето не ми е никакво уживање. Се надевам дека пред да тргнам на работа ќе го одбијам од цицање
Вечерва прв пат без града заспа и без плачење апсолутно никакво. Ајде што пие цела кафана јас частам! Јеееееееееееееееееее ќе пукнам од радост Најадена до даска вечераше си поигра и си ја земав до мене во спална изгасив ламба (досега во пригушено заспиваше) и пуштив ова приспивната играчка од бебе со ѕвезди што се вртат. Се вртеше лево десно ми ја зема раката и си заспа. Љубов мајкина душа моја најмила. Е ова јас го нарекувам вистински начин на одбивање без солзи со убаво се надевам и утре ќе ни успее како втора вечер. Но најбитна е првата и цели 24 часа без доење заклучени. Многу сум среќна многу!
Бравоооо... Многу е среќно знам... Мене ме фаќаше страв и наредни неколку вечери како ќе биде после првиот ден. Ама супер пројдовме. Џабе се секирав.