@lackygirl мојава е скоро 20 месеци, пред 3 дена, се решив конечно. Мечка страв, мене нестрав, и успеав
Другите подои давај му ги овие следни два дена да не му иде наеднаш. Ете прв ден дремката ја тргна, утре нема да плаче слушај ме, третиот ден веднаш ќе заспие кај татко му. Се исплака си олесна не размислувај многу утре е нов ден, те гушкам.
@FreeMind Кај тебе само цицаше, или ко мојава пијавица и во сон ја држеше цицката во уста ко цуцла? Синоќа добри 5-6саата не ја испушти од уста, јас во една никаква положба згрчена,згужвана.. Пред некоја вечер ја заспав со нишкање и презаспав со гушкање, ама кога ја спуштив на спална одма се ококори и побара цицО. Е ова ме кочи. Ама цицо више не може да издржи. Денес на гости кај мајка ми, на секои 15мин ме носеше во нејзината соба за да цица. Ни јадење ни игра ја занима. Кажуј планот ајде, кога си идам од работа ми се преполнети и само тогаш цица за да пие млеко уствари, сите други подои се само игра т.е држење цицка во уста напразно. Дали прво да земам таблети за да секне млекото или ? Уствари како ќе секне кога она ќе стимулира повторно со цицањето.
@Chanell* навечер од 9ти месец не и дозволив да ми спие на цицка. Заспива и и ја вадев од уста али пред добро да заспие не смееш да мрднеш. Цицка бараше нон стоп како цуцла лажливка да си полежи ете така на цицка, но и си пиеше машала макар голтка две. Храна ако не и погодиш немаше шанси да јаде цицка и ништо друго. Сите оброци во денот ги менуваше со цицање. Последниов месец од наутро од 8 до 12 прва дремка бараше да цица 3/4 пати. Наместо да намали подои ги стодуплираше. Фактички цел ден беше на цицка, среќа навечер почна цели ноќи да спие па само за заспивање и понекогаш презаспивање со цицка. Касањето стана секојдневие проследено со агресија и ако ја скарав следното доење ме гризаше најсилно што може. Последното доење и бришев крв од уста ме распара скроз на пупката. Едноставно пројави агресија кон моите гради. Таблети значи нема веќе доење, крај. Ако сакаш постепено да намалуваш лактација мора оние игри да ги прекинеш веднаш од одма. Ќе се лути и ќе и помине тука нема цицање. Тоа можеш преку ноќ да смениш збори и дека е голема и дека играта не ти се допаѓа и нема да и дадеш цицка. Или намачкај се со сенф на таа возраст помагало. Штом ги исфрлиш овие за игра имаш два подои. За да намалиш лактација три дена им требаат на градите мин. Кинеш еден чекаш три дена да се адаптираат па идеш следен. Таблети се од кога ќе завршиш со последниот крај не даваш и таблета. Таблетите имаат нус појави и се силни затоа е добро со намалување. Еве кај мене е трета вечер деснава е полна левава е празна. Мислам дека до утре ќе се регулира само од себе. Чј од жалфија пијам 3/4 шољи на ден тоа можеш од кога ќе почнеш да кинеш подои за да намалиш лактација. Можеш и нане пеперминт чај да се напиеш го менува вкусот на млекото па можеби сама ќе се одбие тие два чаја идат заедно со доење.
Моето беше 24/7 на цице, мислев ќе е претешко, а беше прелесно, едноставно, брзо. Како што вика @FreeMind се е во нашата глава. Се намачкав со кармин и реков бувот ме каснал има крв и ме боли, виде оо мама крв був боли и толку беше. Всушност се одби кога јас пресеков во главата. Цело време бевме заедно и ја бев под огромен стрес да не побара цицка па нит се бањав нит соблакав прслуци и маица од страв. А ја долгометражни филмови, како она плаче, вришти, ја одам во хотел да спијам барем една ноќ, па не спие цела ноќ трагикомедии, а она уште првата вечер си заспа до мене без проблем. Туку најдоброто од одбивањево што почна да ме гушка. Претходно само цицките сега конечно мама.
Да кажам за вчера Прво си се изнаплакав квалитетно, па го заспа мм кон 18ч, после пред заспивање кон 23ч му дадов да цица, градата ми се преполни, цела грутки беше, како на почетокот во првите месеци од доењето ја лапна како никогаш да не видел, воздивна и почна да цица, поцица можи 5 мин, па се тргна, не му се спиеше, се вративме в дневна и во 12ч пак пробавме, пак му дадов, поцица пак уште 5 мин, ја пушти и заспа без цицка в раце кај мене го легнав в креветче, стана во 1ч со плачење, го занишав само, презаспа, стана во 4ч, е тогаш го оставив 5 мин да плачи и кога стана неиздржливо за двајцата, уствари тројцата, го зедов в раце, го нишав, на крај му дадов пак малку да цицни, но не заспиваше, го легнав до мене и го оставив, се вртеше, се вртеше, зборуваше нешто и си заспа пак сам, ама ова дури во 6 без 20, цел саат и 40 мин траеше се после од тогаш во 9ч стана Јадеше, играше, пробав и млеко пак да му дадам, кравјо, но не сака, значи нема шанса ни 1 голтка да голтни, е дојде време за прва дремка почнавме, прво в раце станата го нишав, го вртев, не, не и не, плачи бара цицка, па в спална отидовме, плачеше, плачеше, плачев и јас, заспа после пола саат...ете така, бидна и првото заспивање со мене без цицка, успех на годината јас мислам дека сум на добар пат, тешко е многу, ама ќе се навикниме, после сум на работа, па ќе го заспиваат или мм или свекрва ми, јас завршив со денскиве дремки. Сега вечер пак ќе му дадам да цица пред заспивање и продолжувам исто.
Ја бираш најтешката комбинација ти сама да го успиваш и одбиваш. Кај мене мајка ми ја успиваше во количка надвор преку ден. Уште така ја успива. Навечер седи додека не се умори скроз тоа е негде 22.30 и си ја земам во спална изгасено се, ламбата со приспивни и ѕвезди и заспива веднаш. Вчера дури и не погали замисли тоа беше момент на топење. Па не душкаше со носето и заспа. Пробај свекрва, мајка уклучи барем една недела само за успивање да не те гледа. 4ти ден денес од одбивање градава ми се нормализира, но бев и на лекар. Ме напипа и рече дека ќе поминам без таблети али ми даде за секој случај. Значи никако одмолзување и масирање града. Млекото се повлекува со чај од нане пеперминт од 1-3 шола на ден, под туш млаз може да тече на гради но никако да триеш ја провоцираш градата да се воспали. Никакво стегање, само градник кренати да бидат. Штом почне да жежи се пијат таблети за прекин, чим болат и креваш температура итно на лекар се добива антибиотик. Течности да се редуцираат на мин и се ќе биде во ред. За 7 дена треба да се среди само од себе.
Фала за советите Фри Е свекрва ми денес го слушаше дека плачи пола саат ама не се качи горе, оти и неа и е тешко да го заспива, мама нема да ми се нафати да дојди кај мене, ја знам, иначе со неа најбрзо заспива. Ко ќе ми останат уште ноќниве за укинување тогаш ќе ја молам мама да иди, или свекрва ми, исто и мм е тука за помош, али се на се тешко ми е. Кај мене само на десна цица од 9 месеци навака, со левата прелесно поминав од ко ми се одби, немав ич проблем. А да почнам со чај уште сега?
Можеш со чај да почнеш. Јас две недели веќе пиев и плус некои таблети на природна база се намали млекото али логиката ми вели дека се намали од подоите. Од чајот може да се смени вкусот на млекото да знаеш ако прави фаци бљак до тоа е. Инаку може да пие и он.
Сношти беше исто се како и првата ноќ, потполно исто. Денес мајка ми го чуваше од 9 до 18ч, таа го заспа 2 пати, прв пат цицаше сега, па еве го заспа. Се тепа за цицкава малку ми е полесно психички, лактација одма намалена, уште некој ден вака и укинувам и ноќни подои
Мислам дека сезоната доење во времетраење од 8 и пол меееци кај нас е затвотена. Сам престана,најпрвин денски едно две недели нема шанси да фати да цица,уште повејќе се разбеснуваше благодарение на скок,а од пред 48 саати и нема ноќен подој. Едноставно сам. Настина и неможеше да трга ни цицка ни шише,давав со лажичка,чашка...џабе два дена на 3 лажички јаболко кашичка беше и сокче/ад колку ке голтеше. Немам вооошто проблем со гради,си ги истренира еден месец унапред. Јас не сум емотивно срушена,бидејќи не си го доживеав така процесов. Може затоа и мака немав додека почна да цица а и сега. Може ми е криво што се ова се деси за време на вируси,зима и што има само неполни 9 месеци. Можеше до годинка да е но ете така требало да е . Значи со 48 саати и нешто плус можам да се одјавам од тема доење.
Трет ден само ноќе цица, сношти пак исто, 2 пати стана со плачење, прво го оставам малку да поплачи, па го нишкам и на крај цицка давам, ама кратко цица, дење нема цицано 3 дена, еве и денес нема да цица, сега спие, мајка ми го заспа, после другата дремка сум на работа ќе го заспие свекрва ми или мм. Незнам колку дена да одам вака само со ноќно доење. Не сум уште спремна да укинам скроз, што мислите? Лактација намалена, сношти помалку полна од пред другата вечер, не пијам ништо, само помалку течности. @Happyinlove биди среќна што сам се одбил, супер се завршило за двајцата полесно.
И кај мене синко е само на еден подој, тој пред спиење. Моето не ни бара да цица, исто како што не ни бара да јаде. Ама кога и да му дадам, јаде оброци Така беше и со доењето. Никогаш не заплача од глад, не дава знаци кога е гладен. За кратко и тој еден подој ќе го укинам и да завршиме. Никогаш не го сфатив доењето како нешто којзнае колку посебно. Туку само како начин да го нахранам моето бебе. Првиот месец ми беше многу тежок, едвај научив да го дојам. Не знаев како да го наместам на градите, особено на десната страна. Тој не можеше да влече, немаше сила, поспан од жолтицата. Плачев буквално на секој подој, мачење ми беше. Успеав некако, бев многу среќна што не се откажав. Мило ми е што поминав и уште минувам низ ова искуство. Ама не се притресувам толку многу за одбивањето сега.
Доиш додека сакаш се разбира. Намали на подои колку што сакаш и држи се до тоа. Еднаш ако прекоречиш ќе бара пак одново. Остани на ноќниот и дој го само тогаш. Да сфати дека само тогаш цица и после ќе го тргнеш кога сакаш. Градите ми се регулираа се е супер го завршив цел процес безболно. Кај сите вака да биде одбивањето како кај мене.
Не си спремна. И јас не сум. И не прекинувам со сигурност. Нека си цица, до 2години максимум би ја доела, значи имам 6месеци пред мене
Еј овдека одвикување од доење навелико Прво честитки @FreeMind знам дека од поодамна сакаше да прекинеш со доењето,зошто веќе поминуваше во мачење. Ептен ми е мило. Кој би рекол дека твоето бебе како едно од "полошите" бебиња на форумов ќе се претвори во умница. Да ми кажеше пред 2 мес дека се ќе заврши вака немаше да ти верувам. Под "полоши" мислам на неспиење,нејадење и мезење цицка @Happyinlove се надевам нема веќе твоето да се лаже по цицка и дека конечно ќе почне да ги преспива ноќите. @Chanell* моево и твоево исти пијавици Само што моево не знае да збори,инаку сигурно и јас би била ЦИЦО . Веќе наполни годинка,наместо да намалува со подоите,тој ги зголемува. Дури и денски не сака да се најаде,за да може да цица. Постојано цицката му е во уста. Среќа ноќе веќе 1 недела се буди само по 3 пати,онака чматаше по цели ноќи. Храброст за одбивање да бидам искрена немам уште,дури и ми е уште уживање . Нека остане вака да се биди само 3 пати и супер ќе е,а не е лошо и да намали уште со будењето. Во иднина сигурно ќе ме вика и мене ЦицО Моево какво цицалче е,ќе одам на голем одмор да му дадам да цица,додека другите јадат кифли и тостови,осеќам @lackygirl ти посакувам побрзо да ги стигнеш Фри и Хепиинлав А ние ќе продолжиме со цицачкиот стаж
@hello-kitty.90 И мојата после годинка ги зголеми подоите. Татко ми вика “кој знае какво уживање и е тоа,со каква љубов ги гали и плаче за нив,немој да ја одбиваш” за разлика од сестра ми,свекорот,мајка ми и девер ми за кои е “па срамота е,голема е шо до 1во одд ли ќе цица, дете јаде и има заби не и давај веќе” Им реков ако им е срам да не не гледаат, тоа е мое дете а не нивно, и ќе цица до кога сака. Ај не одам офф,кога ќе ја завршиме фазата ќе пишам овде.
Еј во која тема и да идам, истата екипа е дефинитивно најактивна генерација мајки и јас се решив да биде доста па дојдов да прочитан искуства и совети. Почна да оди малиот и по цел ден трча, се преморува и заспива побргу и поцврсто. Внесен е во одењето скороз и сметам дека сега е моментот да помине овој процес најлесно и мислам нема ни да осети. Веќе и си кажав дека не е тој проблемот него јас. Преубав момент беше за мене ама веќе со запчињата и одењето ми е дете. Не ми е повеќе бебе и така сметам дека до тука е доста па ќе видиме како ќе поминеме....