@AlicaInWonderland никакво двоење сите заедно баш е смешно навистина како во ист момент ни текнува и одбивање Лесни чекори на малиот и со лесно да минеш при одбивање. Внимавај на лактација три дена им треба да се навикнат на градите мин од еден до друг подој.
Сигурно е полесно како мојот случај,дете да те одбие а не мајка детето. Незнам чудно е , но ете 3 дена не цица воопшто градиве ми се така меки,немам болки ни грутки ни жежење,се надевам не се појавува подоцна. Ни се стегнав,ни зелка ни чај пиев. Може некоја ке пише колку време да внимавам или да очекувам промена на гради. За екипаа навистина ние сме,може некоја од нас и во труднички им држи предавање
Мене така ми беше со левата града, сам се одби на 9 месеци, а и пред тоа слабо на неа цицаше 1 денот, првите неколку дена се полнеше и малку се одмолзував и за недела дена немаше повеќе, ама ако стегнам има млеко уште, еве 4 месеци поминаа.
Стигнавме на цицање навечер и насабајле само. Поретко бара и преку ноќ, ама кога ќе побара и давам. И онака е само еднаш. Не се буди и продолжува да спие. Преку ден веќе цела недела воопшто не цица, почна да јаде поубаво, па изгледа ја држи повеќе. Сега за сега останувам на овие два подои, барем уште месец- два. Немам срце да ги скратам, а и она си бара навечер цице, се притресува. Не е спремна мислам. А колку и да ми е мачно, ни јас не сум, барем за овој пред заспивање.
Со оглед на тоа дека постојано ти висеше бебе на града,би те советувала да не препушташ ништо на случајност. Стегни ги и избегнувај пиење течности.
Денес прам 1 недела како се одбивме од доење, градиве ми се спласнати, само ги држев стегнати и намалив скроз течности. Првите деној ептем надуени ми беа, и ме фаќаја сили. Фала Богу немав грутки и тт. Со лесно на сите мајки
Облеков помал прслук со фижбан и вечер ке се врзам со тетра,арно викаш да не оставам на случајност... вака ги пипкам меки се,но големината не е баш спадната. Може имам среќа поголеми ке ми останат
Ова баш доаѓа како во средно, кога другарките нешто прават и ти сакаш . Кога ве читам добивам желба и јас да почнам со одбивањето . Ќе почекам уште месец -два и некаде пред роденден да се одбиеме. Ние сме стигнати до 3 подои, еден пред заспивање, еден во текот на ноќта и еден преку ден. Најтешко ќе ми биде за тој подој кога се биди сред ноќ, затоа што само тогаш плаче и бара стварно цицка и не презаспива додека не добие. За другите мислам нема да е проблем. Сакав да прашам и дали малите ви пијат друго млеко по одбивањето?
@paleska3 Мојава не пијат друго млеко, зш и јас не пијам млеко. Немајка сум. Ама пијат многу јогурт, к.млеко, сирење, кашкавал, моцарела. Во денот околу 300мл вода пијат. Незнам колку е здраво ама мн сака вода. Фала Богу сокој несака, ретко цедено портокалче со лимон.
@paleska3 јас секој ден пробувам било какво да и подметнам и несквик ставив и какао и до сега ни една марка не помина. Бисквити со кравјо и дадов вечерва изеде две апки. Едноставно не сака млеко и ќе се откажам наскоро од малтретирање. Млечни продукти јаде особено крем сир кој мора да маскира се. Урда, сирење и јогурт, јајце, моцарела. Млечните продукти уствари ги јаде. Зеленчук катастрофа жива и житарици. Исто Ц витаминот ми некако најслаб според продуктите кои ги внесува, а не сака ни портокали ни лимони. Пиперка зелена и давам како замена. Јаболко и круша јаде секој ден и во нив има малку. Со моето млеко имаше се сега внимавам на секој витамин. Не користам додатоци ќе прашам дали треба да се дава нешто на вакцина е на 17ти. Вода пие многу. 400мл на ден како ништо ги пие, добро и според килажата и треба да пие.
Јас сум на мисла по одбивањево со какво млеко дс пробам, се мислам дали формула да зимам или да барам козјо млеко. Педијатрите препорачуваат ад до 2год, ама сега на година и два месеци енос прв пат да му давам формула некако не ми иде природно. Веќ2 го адаптирам на наша храна, а не да му воведувам енос бебешки. Што мислите вие и што давате? прашање е дали воопшто и ќе прифати некакво, ама незнам што прво да понудам
Јас ја одбив на 13 месеци. Никакво млеко не сака, ни чоколадно дури. Со сите пробав. Почнав со АД. Па ги изредив сите. Затоа во јогурт се дави.
И јас секакво, пробав, АД, кравјо домашно, купечко од разни фирми, чоколадно, па ладно со несквик, топло со несквик....најмногу се згади од АД ваков беше. Јогурт пие и него некогаш го одбива на периоди, сок не пие, чај не, само вода, мноогу вода, сега 1л можи пие, шишето му го полниме по, 4-5 пати во денот по 200-250мл, дека ништо друго не пие затоа со вода се полева уште пробувам секиј ден со кравјо, некни со мед му го направив, ма јок бре Јас уште останав со ноќните подои, по 2, 3 во ноќта, многу се разлошува ако не му дадам да цица, а сега е настинат и затоа попуштив и јас денски не цица, не му давам. Јас изгледа наеднаш ќе му ги скратам ноќниве оти вака со намалување не можи.
На пријателка моја бебето на година ипол скоро по 2л вода пие и во мешето е подуено како тапанче, е тоа е веќе многу мислам. А јас како се мачам за 50 мл да испие течност што не е мајчино млеко се прашувам што е исправно и колку течност навистина треба да пие. Изгледа се е индивидуално и зависи од потребите на детенцето.
Повели германците што велат: Литро на ден од 1-4 години. Извор: https://www.eiszeitquell.de/mineral...MIyK-U6ZWA5wIVicx3Ch34jwF2EAAYASAAEgL0KfD_BwE Кај мене пие 500/600 мл на ден засега. Искача како да се полева со вода нон стоп пие.
Јас знам дека доено дете не мора да пие вода, дете на АД мора да пие вода оти мајчиното млеко и адаптираното немаат иста структура, или така нешто. Кога ќе престанете со доење, некоја течност мора да внесува. И во храната има вода, во кашички, манџички, крставица, јаболко, морков...
Без дохрана не се дава вода ни на доено ни ад. Самата формула содржи вода. Тоа е неточно дека со ад треба вода. Водата се дава со дохрана цврста. Најчесто со третиот оброк почнуваат да пијат вода. Чим бебето цица како кај мила нема да има потреба од вода бидејќа ја добива преку млекото.