Оф, а како да ја натерам литро да пие. Затоа не ми се ни одбива од цице. До скоро ни капка не сакаше. Сега од чаша и давам и интересно и е, па се напива малце. А вака нон стоп си е мочкана.
Мојов од 30мл на ден почна да пие по 250-300мл Незнам што влијаеше за промената, во исти момент сменивме две работи: топла клима и чашка со сламка на нук. Дали од топлото се пропи, дали од чашката. Претходно не ми беше текнало сп таква да пробам, мислев нема да знае да укапира како се пие со сламка. Ги пробував сите можни шишиња и цуцли. Ама дали не сакаше да влече многу, сега со сламка ќе повлече 2-3 пати и за 5 сек ќе испие пола чаша. А може па и топло му е па самиот организам си имаше потреба од течности... Така да може да пробате со ваква варијанта со сламка
Од топлото е. Обично бебињата пропиваат вода кога ќе затопли, во лето особено. Самиот организам бара вода. Колку се поголеми, толку се поактивни, потат и телото си бара вода.
Мене од тоа ми е страв, што мојата не ги сака многу млечните продукти, јаде само моцарела и по едно лажиче кисело млеко во кашичка. Друго млеко освен мајчино не сум пробала да и дадам и си велам дали ќе внесува доволно млечно по одбивањето. Вода зголеми малку овие денови, па пие по 50-60мл на ден. Сеуште си добива доволно течности од цицањето ваљда како и на @Milaаа991 малата.
Купив за прв пат ад да почнеме на 14 месеци. Ако ги прифати ќе му го давам до 2 години. Ако не ќе пробаме со козјо. Купив аптамил и го читам упатствово и многу комплицирано било ова цицка си е права ствар. Вади лапај Имам некои прашања или д жа ми кажете финтички некои.... Прво ова со стерилизирањево...миење раце океј нормално, незнам ни зошто е ставено како чекор во припремање. Ама стерилизирањево не е многу? Јас стерилизаторот го собрав уште на 5-6 месеци. Сега само ги мијам со средство за бебе на нук и на крај ги плакнам со врела вода (онаа од бојлерчето, не превривана). Незнам сега за ад да почнам да стерилизирам пак? и за утринското млеко некоја цака? Дека водата треба да се преврие па олади и за тоа ќе мо треба 15-20мин. А малиов коа стане е научен одма да цица. Па сакам да имам до кревет право да му дадам шише. Да превријам одвечер и да чувам во термос па само да додам прашок, може? п.с вкусно ова бе. Во некоја тема имав прочитано дека формулата имала мирис на носен чорап останато ми е ова во секавање и страв имав
Јас купив пред 4 месеци од бејби лав од ДМ дека поевтино реков да пробам да не давам мн пари, мене искрено ми се згади, го пробав многу лошо беше, а синко ич не го ни голтна, така остана, а за припрема и јас одвај се снајдов хахах мн комплицирано исто си помислив, златна цицка
Ова ми е супер. Баш ко млекце малку поблаго. Можда има разлика меѓу маркиве. Или пак во составот според возраста.... Јас аптамил зедов по препорака во систина. Се мислев за НАН ама нестле ко компанија не ги сакам ич. Уште тестираат врз животни и постојано имаат скандали, посебно од причата нивна за формулата....
Да си ставиш во суво шише дозата млеко и вода извриена во термос до кревет. На шишето има милилитри. Мислам најбрзо ќе оди. Инаку, не мора со топла вода, млака накај ладна им е попријатна за пиење на повеќето деца. Ако ти е вруќа, ќе треба да чекаш да се олади.
Ај ќе пишиш дали ќе го сака, оти јас повеќе незнам што да нудам а и немора да пие па ако не сака, јас млеко никогаш не сум сакала, доена сум до 9 месеци.
Се надевам кај вас ќе упали. Кај мене беше и по испиено млеко, ад и козјо пак бара цицка и се откажав да не се дува не потребно.
Синко е 13м и уште не пие вода, никако. Ни од шише, ни од чаша, капечка, некапечка, со сламка или без, ни со лажичка. Некогаш (читај ретко) пие од шише по 200мл сок разреден со вода, давам домашен или на Хип. Јаде три оброци и две ужинки, и уште не пропи вода. Цица само пред спиење. Не знам од што моча искрено.
@AlicaInWonderland Ако стави во суво шише прво млеко па потоа додава вода од прашакот што е на дното нема да знае точно колку мл вода. Значи ако го применуваш овој начин, во термосот нека има точно мл вода. И зависи на која температура ќе ти го сака. Моево нејќе да чуе за ладно млеко, плус прашакот подобро се раствора во топла вода. Вода користам флаширана Бебелан и не ја превривам, само ја затоплувам. За стерилизирање што знам...бебе мое има 4 м и сеуште стерилизирам , иако мислам дека не е неопходно, поготово не за дете над 1 година.
Еве ме и мене тука во оваа тема.. полниме 7 месеци за 2 дена и веќе се одбивме... на полни 6 месеци се одбивме.. до 5 месеци цицавме често но од 5,5 месеци цицавме само наутро.. ноќните и дневните подои ги исфрливме сами.. до 6 месеци цицавме такани после сами се одбивме.. се нервирав, го малтретирав да цица но не сакаше.. ја вртеше главата настрана и со непцата ме стискаше на пупките, дури и жар црвени ми ги правеше.. ништо не ми преостана сем да појачам доза на ад млеко.. вода не сака никако да пие.. од малечко не сакаше, сокчиња не сака.. чајче пиеше до некни но и тоа сега одбива... не знам што да правам.. се плашам да не не внесува доволно течности во организмот.. да не дехидрира ...
Чим пие ад нема шанси да дехидрира, ич не се замарај. Сокови не нуди, не полни меше безпотребно со шеќер, пробувај со незасладено чајче или вода, најдобро и само вода, еден ден ќе пропие, мојот на 1г пропи вода
Во дм купив денес има голем избор за од 1 година готови млека во тетрапак за ич да не се замараш со правење: https://www.babymarkt.de/milupa-kin...MI1MLfhoyO5wIVSON3Ch0VsAHoEAsYAiABEgJO3vD_BwE
Морам да пробувам. Ќе ги побарам утре. Успешно се одбивме ама друго млеко несака. Аптамил не го сака, а мене ми е вкусно. Го земав и хумана, не го сака ни тоа, а тоа и мене не ми е вкусно. Денес заспа со јогурт Ќе видам уште со овие од дм и козјо ќе пробам. Ако небива, здравје. Ќе бидеме само на млечни производи
Ад пие без проблем.. аптамилот не го сака но пие бебелан 2... вода нудам често но не сака.. пробав со лажиче да му давам но ја плукаше водата.. потоа со шприц пробав но исто плука.. сокчињата што се продаваат за бебиња не ги сака воопшто, пробав да му давам цеден сок од јаболко и малку банана.. ќе пивне малку и после не сака.. со сета сила ми го трга шишенцето настрана...чајче пиеше само од бекутан но и тоа престана да го пие... сега остана само на ад млеко.. а веќе 7 месеци е... се нервирам што не пие течности
Пробувај си. Ова денес го најдов и направив пире со компири и млеко и се си изеде. После бисквити и дадов и тоа го изеде. А чисто млеко да пие не сака. Пробај и вака со подметнување не мора голо да го пие. Или ако ти јаде влаго краш експрес малку или какао. Ни ја не би го пиела аптамил тие сите ги имам дома многу лоши млека, невкусни.
Пие течности, пие ад и тоа е доволно! Но веќе е големо бебе, сигурно имаш воведено и дохрана, па по кашичките нуди вода, еден ден ќе пропие, не се замарај Чај Бекутан има шеќер колку што знам