Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Да почнавме и со дохрана.. прво со кашички после и дома му приготвувам нешто.. нудам вода но не сака... да има шеќер чајчето но само тоа ми го сакаше.. други чајчиња не сакаше да проба.. па по препорака од семејниот педијатар му го понудив бекутанче.. за жал сега и тоа не го сака... со душа го чекам денот кога ќе пропие вода... мислам дека ќе го славам тој ден...
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Јас останав со ноќните подои, но подобар е сега, 2, 3 пати спиеше по5, 6 па и 7 часа. Ќе продолжам вака уште малку па можи и сам да се одбие. Само вода пие.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.667
    Пол:
    Женски
    @beba@meba првата ќерка од кога почна со цврста храна на 6 месеци , истото ми го правеше за водата , се пиеше , вода никако. Дека беше и на цицање до 10ти месец, ајде ќе цицнеше , пиеше и јогурт од 8 ми месец ама за вода нејќеше да ја види. Потоа од година кога направи почна да пие. Не се грижи, ќе пропие :)
     
  4. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Пали ли методот оставање дете само неколку дена за да се одбие?
    Сакам да ја оставам на 3-4 дена по цел ден кај мајка ми и таму да спие.
    Ме натажува самата помисла на ова, но навистина не постои друг начин за нас.
    Не дека ќе издржам да не ја видам повеќе од 10часа... ама да пробам.
    Единствен прв пат во овие 18месеци да заспие кај татко и беше пред три дена дека беше ептен затната па не можеше да цица,и сеедно и беше кој ќе ја заспие.
    Попуштив, не требаше да и дадам воошто пак.
    Од тогаш наваму по старо.
    Мама нананана, мама цицо.
    Или у превод мама да ме нишка и да даде цицо. Ако не даде цицо ќе вриштам и хистеришам до сабајле.
    Мм ја носи во друга соба и ја заспива т.е пробува али залудно.
    Кај свекрва не можам да ја оставам зашто сме во ист двор,ќе и текне дека сум дома и ќе дојде горе.

    Вчера и реков дека мачката го гризнала цицето и дека е какано, и пола саат повтараше “ла’а (лара)апе цицо мама” ама кога дојде време за спиење не и беше баш гајле дали е гризнато или какано.
    Се намачкав и со кармин пред некој ден, така жално плачеше и молеше да и дадам.. се дур не се измив неќеше ни да погледне, а не да цица.
    Значи попуштив пак.
    Ако се намачкам пак мислам само ќе ја разлутам уште толку, или па не?
    Не јаде ништо.. само “мека” бара, ни овошје,ни месо,ни јајце.. ништо ништо не јаде!
    Останавме на цицање пред спиење денски и навечер, и во сон барем уште двапати бара.
    /Не можам повеќе.

    I need help!
     
    На hello-kitty.90 и lackygirl им се допаѓа ова.
  5. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    109.347
    Пол:
    Женски
    Толку често бара цице бидејќи е гладна, не јаде бидејќи цице и е поомилено.
    Ти треба да пресечеш и одлучиш, по ова што го пиша само на збор си решила да ја одбиеш. Ако навистина мислиш дека треба да е крај ќе пресечеш и тоа е тоа, ќе се снаоѓаш со вриштењето, а вака правиш бетер, она научила дека ќе почне да рика и ти ќе попуштиш.

    Лично ваков чекор на одбивање јас ни на сон не би применила!
    Едноставно и голема е, не е дека ќе заборави за 4ри дена, напротив кога ќе те види ќе зе закачи и 40дена нема да те пушти :D а како ќе минат со мајка ти...
    Не не не јас вакви експерименти не би применила!

    Можеби едноставно и она не е спремна, ти не си сигурно :)
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @Chanell* веќе и Емка ти кажала.
    Мора сама да решиш.

    Нашите се иста возраст 10тина дена беа разлика. Ама мојата приказна е многу различна од твојата.
    Јас од 11 до 13 месеци имав само 1 подој за ноќно заспивање.

    Јас не би оставила дете така 3 - 4 дена.
    Кај ќе жали по цицо, ќе жали и по тебе. Јас така мислам , ама ти си го знаеш детето.

    Големи се и разбираат многу, АКО ИМ ОДГОВАРА.
    Мора да најдеш начин, да и кажеш нешто што ќе го разбере, БЉАК разбира мојава на пример. И после бега од тоа.

    Не знам дали намалување на подои би играло улога овде.
    Барем, на пример, ако бара 10 пати ти да и намалиш на 5 пати.
    Да дојдеш некако само до ноќното доење.
    Нејзе и е навика, играчка, мезе, галење, блискост.

    Зборување само. Чудно ама многу пали, може не одма, ама гледам по моево, после некој ден разбрала што сум и зборела.
    А јаде кога си на работа, од бабите?
     
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Не дали јаде, се понаша ко цела недела леб да не сум и дала.
    Сама им бара, те коко,те тост, било што, им отвара фрижидерот и бира.
    И јаде се што ќе и дадат.
    И количински саглам јаде.
    Со мене ко од инат ништо во уста не става.

    Оставањето кај мајка е проблем да, пошо она во последно време почна и на нив (бабите) да им вика ајде мама цицо, кога сум на работа :(
    Навечер сум до 9,она од 8 точно знае да почне да ме бара се додека не дојдам дома.
    Ама во ќор сокак сум.
    Знам колку сака да цица, ама знам колку сум исцрпена.
    Не можам да најдам решение.
    Моментално спие и цицката и е во уста, ако и падне се буди ја зема пак и продолжува.

    @emkaemka Јас ако ја чекам она да биде спремна таман во школо ќе почне да оди.
    Сакам да ја запишам во градинка, а мора да ја одбијам пред.
    Само на збор е зошто навистина немам идеја како се тоа ќе се одвива.
     
    На lackygirl и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    109.347
    Пол:
    Женски
    Со тебе не јаде бидејќи имаш цицо :D

    И јас мислев до пред школо ќе цица, ама пробував неколку пати, го тестирав, па баш еден спонтан ден пресеков и толку беше. Ниту рикаше, ниту се џапаше, прифати и тоа е тоа, за да бидам сигурна дека не е гладен го вечерав пола саат пред сонот.

    Прифати дека до тебе е, убаво ти вика Теди укини денски подои, не давај да те џапа, или пак едноставно укини ги сите.
    Ќе успиваш кога ептен ќе и се спие, денски кога ќе бара ќе анимираш, носиш надвор, па и чим јаде од баби, ќе се тргнаш на пола саат и ќе ја наранат..
    Мора да има начин и има, само цврст став, ако си се намачкала со кармин нема да се избришеш :)
     
    На Chanell* и happygirl им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @Chanell* пак се врати љубави?:D
    Не си спремна не знам оти се мачиш себе си. Давај и ја цицката додека сака и ќе дојде ден кога нема да сака.
    Пробај остави ја види како ќе оди еден ден. Сестра ми ја одби внука ми на 3 години на тој начин. Ја остави кај мама на пет дена и си ја зема без да цица. Идеше денски да ја гледа и си одеше дома. Друг начин не најде.
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.572
    Допаѓања:
    201.780
    Пол:
    Женски

    Земи од големите хируршки фластери од аптека, покриј ги со нив брадавиците. Тие покриваат широка површина и не се вадат лесно. Јас ги искористив за да го добијам малото, кога виде, се натажи малку, проба да ги извади, ама не успеа. И се откажа. Мора да си цврсто решена дека ќе ја одбиеш, ако доењето ти е малтретирање, а по ова што читам (многу ме потсеќа на првото дете, три четири ноќи плачки имаше), не ти е лесно. Плус ќе почне да јаде. Кога ќе решиш, не попуштај. Ќе плаче, не дека нема. Ама нема да има избор. Оти ако попушташ на секое нејзино плачење, ќе почне да те манипулира, не само за ова. И за други работи.
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    И јас ко тебе, неможам скроз да пресечам, денскте да му ги тргнав, а да е до него ќе си цица и дење :) малку настина па ајде и ноќе продолжив, сега др недела на вакцини е, па ајде нека помини и тоа...после морам да го одбијам од март планирам в градинка да го носам.
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    А нели е поедноставно да се прати во градинка, ќе види дека нема цице? Си прашувам за мене :D
    Мојата е нешто слично, а ме виде одма бара, влече блуза.
    Па се израдував дека кога ќе почне со градинка нема да бара, или грешам..
     
  13. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Со керќа ми немав проблем за одбивање од причини што останав трудна и на почетокот на трети месец сама без никаков проблем се одби од доење навечер а имаше 15 месеци и од тогаш навечер си спие без будење.Наверојатно млекото смени вкус.Е сега син ми е вистински уживател во цицањето кога ќе си дојдам дома после работа околу 18 часот.Кога ме гледа само сака да цица а кога не ме гледа не ме ни бара и си јаде се што треба преку ден. Навечер се буди барем два пати да цица и пак заспива.Ке полниме годинка скоро и би сакала да го одбијам од ноќните подои и да се наспијам како човек еднаш веќе
     
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    У право сте сите.
    Мене солзи на очи ми идат со самото пишување, си мислам ептен “тежок” заговор и спремам позади грб:tmi:
    И сакам и не сакам да прекинам изгледа.
    Повеќе ко да ме притискаат коментарите одоколу него мојата желба.
    Како на *** детето не цица и јаде се, како пие млеко а твојата не,како спие само а не со нив итн..

    Не е лесно ни да почнеш ни да прекинеш доење,дефинитивно.
     
    На happygirl, lackygirl и emkaemka им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.084
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Како што те читам јасно ми е дека ќе се обвинуваш после ако направиш такво нешто, да ја оставиш толку денови без тебе. За мене доењето беше заеднички процес, заедно бевме во него и заедно на крај го прекинавме. Почекај малку, не ви е моментот ете, престани да се напнуваш, батали глупави коментари од страна, гледај за себе и за детето. И ќе јаде и ќе пие се, а доењето е само сега и толку, повеќе нема. Не му се секирај воопшто за тоа. Кога веќе нема да можеш има да бидеш и те како решена, ќе видиш, јас на крајот најмногу од мака што имав ја одбив, решив дека е толку и нема назад и така беше. Некако и они полесно прифаќаат кога не гледаат одлучни.
     
    На Annath, happygirl, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    109.347
    Пол:
    Женски
    Мислиш на тој начин да ја одбиеш?

    Шанса нема да успееш така, мора ти да пресечеш и да минете процес на одбивање. Ок нема да цица еве и до 16-17ч дури биде во градинка, ама после ќе бара и ќе ска да надокнади, само што ќе ги укинете подоите до 17ч. Ама па за викенд :clap:

    Лелееее Шанел немој ова да биде причина за да ја одбиеш, те молам, ама те молам немој да дозволиш прости муабети да ви влијаат на тоа.
    И сама знаеш нека се доите и 3г, ама 93 сигурно нема да цица малата, бесценет е тој процес и таа блискост не се менува со ништо. Секако ако ти е малтретирање тоа значи не е во ред да се иде понатаму, ама ако ти е убаво, ок твоја одлука и тоа е тоа.

    На мајка ми еден од коментарите беше: треба да го одбиеш, треба да биде муж, а не цмиздра :smirk:
    Друг муабет е дека млекото не е здраво :smirk:
    Коментари дека ќе дојам до прво да не спомнувам, ама едноставно јас не се ни фаќав на муабетите, едноставно не ни давав коментар. Ако толку сакаш да вратиш, кажи само "ќе дојам дури ни е убаво" а ако вратат и кажат некои 10год, врати "е ако де ако до тогаш ни е убаво, до тогаш".

    Ти кога ќе бидеш спремна, верувај магично ќе му ја пренесеш таа енергија на девојчето и пола фаза од одбивањето ќе ја завршите :hug:
     
    На mal.ecka, babydust, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Мајки, син ми е 11 месеци, и сега полека сакам да го одбијам..навечер стана многу напорен, се буди на пола саат а не е гладен, супер си јаде..сакам да почнам сега со намалување на подои па таман следниот месец кога ќе полни година и скрос да престанеме со доењето.. е сега проблем е што он преку ден а го земам во раце одма цице бара, значи нема некој посебен ред за цицање него давам секојпат кога бара..може ли да ми помогнете околу тоа како да почнам со намалување на подои, како да го изведеме тоа за да на крај не би имала проблеми со градите..секој совет би ми бил од помош, јас не знам како да почнам ^_^:smirk:
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    34.014
    Пол:
    Женски
    Да прашам скоро трети месец син ми како не цица ама еве од вчера некои глупи болки имам во градите дали е нормално ? Левата повеќе ме боли од десната значи како да ме жари и она кога ја пипап стискам повеќе ме боли си помислив на најлошото. Но сега во ломентот не сум во можност на доктор да појдам термин дури по две недели имам.
     
  19. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Мене иста судбина ме чека со мојава. Само што од друг па ич николку не јаде. Уште од сега страв ме фаќа што ќе и правам. Веројатно до школо ќе си ја цицам.
    А за спиењето исто со цице во уста, па башка и со силиконски цица, па да гледам да не и падне, абе трагедии. Некој ден ќе ме фати инат ќе и ги фрлам и ќе е крај. 8)Без нив само кенка пред цице и ме штипи и каса, но не пробува да цица. 8)
     
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Да бе, ко што мене ме фаќа инает еве месеци уназад :P
    Сабајлево усисавам по дома и ме гледа во кујна при крај сум, цела насмеана ајде мамооо цицоооо и ме фаќа за рака и правец спална. :D
    Нека цицаат бе, еднаш се вака малечки само:inlove:
     
    На mal.ecka, emkaemka и Milaаа991 им се допаѓа ова.