Ама признај колку и да е тешко и напорно, сепак е најубавото чувство на светот. А коментарите од страна до школо дали ќе сум ја цицала и дека не јаде поради цице и дека млекото не ми е хранливо, само ме бодрат да ја цицам до +3 години. Особено свеки со нејзината теорија дека цицањето било помодарство во денешно време, во нејзино време се знаело до 6 месеци и крај. Што било ова денес по цел ден со цице во уста. Нејзе и е криво дека не може она да ја успие и да ја земе на поседок. Знам.
Да. Затоа и ја дојам сеуште Кај мене па на свекорот му смета Дури замисли ме прашува на 4-5 пати и тоа Како ќе сме ја одвикнеЛЕ? Кој тоа “ние” му викам, јас и ти заедно ќе ја одбиваме или како? И многу им е мака што не јаде, а нивно внуче од внука им (врсник е со мојата) за машала се си јадело, па овошје,месо..ова моето само цицка барало, тоа другото со шишенце се успива.. Абе трагикомедии, нааа толкава ми ја напраија со тоа одбивање Ко да не сфаќаат.. јас сама научив да дојам,ја научив да цица, јас и ќе ја одвикнам. Али кога јас ќе мислам дека е време. Засега е најголемиот љубител на цицка, па нека ..
@Milaаа991 @Chanell* А ве читам вака и си викам шо муабет си направивте во темава да си кжете дека не ги одбоивате ај гитла таму по другите теми (се шалам нормално, ме насмевте со муабетиве)
Ја паѓам од смеа од Шанелка Како поделена личност е на темава иде нервозна ја одбива веднаш со строги методи иде следен ден го воспева доењето Ела ми живот ми продужуеш, продолжи не оди никаде! И свекор ти уклучи го да ја одбиеме и ние од форумов ќе дојдеме
Е така @Chanell* Светко мој си кажува дека он како најмало дете и галениче мајка му го доела до 7години Па у еден момент им спомнав и јас, ете внучево по што ќе е ист на дедо
7 години? Па дали е тоа физички возможно него завршивме со одбивањето, и сега ме интересира какви прегледи е пожелно да направам и за колку време? Има некој упатен? проблем со градиве немав, сма еве оосле една недела при туширање коа ќе стиснам уште има млеко...
Не стискај ич. Само проверувај нежно после некое време може како грутки да се направат бидејќи се создава уште млеко. Мене после три недели ми се појави згрутчување на десната и само помина од себе. Редовни прегледи на дојки после два месеци од одбивање. Ехо преглед. И потоа цел живот еднаш годишно ехо до 40та па мамографија од 40та.
Мене радиологот ми рече 6,8 или 10 месеци по одбивање да појдам на ехо преглед. Ама јас правев ехо поради грутка и за време на доење, па можеби и затоа после толку време ми закажа.
Кој стар не претерува па ти На Дискавери оддамна гледав фрикови кои дојат и по 10г, физички е возможно ако мајката има убави гради, па да има дете што да влече, пример со моиве тоа не е никако изводливо млеко секако нема! Гинекологот и Педијатарот ми рекоа по 6м до 1година најкасно откако ќе престанам да дојам да направам ехо.
Во Македонија има посебни за ехо и мамографија. Во Скопје им една девојка одлична е се наоѓа кај Авицена Веро2 во тие зградите. Можам и контакт да најдам ако некој сака да се провери. Има современи апарати, пристапот и е перфектен, покрј што е одлична во дијагностика. Овде кај гинеколог се прави. Ако има сомнеж идеш кај специјалист.
Јас одучив да одам кај Маја Чапова во систина, средина на март. Значи два месеци од одбивање како што кажа фри. Не ми се оставаат за чекање вакви работи
Да си кажам и јас, уште цица само навечер за заспивање, а после тоа уште еднаш му давам, станува тој повеќе пати, некогаш со вода презаспива, некогаш само ќе закемка и презаспива, него друг ми беше муабетот, градава почна многу мека да ми е, значи е регулирана и намалена лактацијата, оти еве од 07.01 до сега е вака само навечер цица, ама ми се полнеше многу, сега не, осеќам дека млекото ми е намалено. Исто се нервира напати кога цица мислам дека не му течи како што му течеше и да ви кажам не цица многу, повеќе си ја држи во уста како цуцла дури заспие. Сега прашање на време е кога ќе прекинам скроз, мислам дека за брзо ќе биди.
Еве сум и јас исто ко Лаки, само со подојот пред заспивање. Синко мој сега дури на 13+ почна да заспива на града замислете Досега цела година цицаше навечер па дури после еден саат со нишање заспиваше. Со градите немав мака досега со доењево, се надевам нема сега да имам на крајот Не знам дали кога ќе го одбијам скроз ќе почне конечно да пие вода. Голтка вода не сака да стави во уста откако почнав со дохрана.
Јас го одбив синчето на 21 месец поради здравствени причини.Беше цицач невиден, дене ноќе на цицка, цела ноѓ цицката како цуцла му беше, се укочив скроз, ми се оптеретија нерви на вратот и грбот, Господ го видов од болки и трпев и трпев мислев нема шанси да го одбијам, почнав да намалувам подои така што не го одбивав дирекно туку кога ке побараше да цица преку ден му свртував внимание на нешто друго, се додека ептен не запне да цица,итогаш го доев, после почнав да му зборам дека цицето е љуто не чини. Пробав со сенф ми донесе марамче вика бриши го хехехе. После купив маст грозозо, за деца е да се одучат од грицкање нокти, не е мнгу грозен, прва го пробав, горчи малку ама не е страшно за да го повреди бебето,безбојно е и се впива бргу.Бара да цица му викам не чини више цицето, расипано е, проба, прв пат беше упорен цицаше, после тоа ке проба ке чичне ке се тргне. Ноќите беа тешки малку, ама со зборување нишкање ги надминавме, 3 дена траеше тоа толку.Јас одмолзував ептен кога ке ми се преполнеа градите за да не ми се направат грутки, колку да ги ослободам, не скроз, и за 1 недеа ми намали млеко а по 2 скроз снема, не се стегав со ништо ,не пиев таблети, не го оделив синко од мене. Е сега уште бара од време на време да цица, прашува дали може, сака да ми буричне во градите, сега има 2 години ама мн збори, ми вика чекај да погалам малку, некогаш ако се пресоблекувам кога ке ме види се радува на градите, викаа цицее, дај да видам малку, дај да мириснам, па ме душка, па некогаш ке му текне ке ги бакне, ми вика мамо многу ги сакам,му зборам сине ти си голем више тоа е за бебе, ти не си бебе, и ми вика може бидам бебе малку?Златни се, доењето е нешто најдобро што можеме да им го пружиме, ама тоа е период кој мора еднаш да го надминеме, љубовта секој ден е поголема кон детето, има и други начини да ја искажеме, со гушкање, играње,спуштање на нивно ниво и уживање. Слушајте си го телото и пратете го своето дете, секоја доеничка приказна е различна.
Ми останало во сеќавање дека таа др нешто не ја биваше @kukla21 која беше др од Филип втори што ја фалеше?
Баш Маја ја фалат дека е одлична како радиолог, за односот не правам муабет, тоа е друго. Не е дека не ја бива, ептен е добра, ама гужва е кај неа. Јас одам во Ремедика кај Петановска, еднаш инцидентно само отидов кај Лидија Велјановска во Жан Митрев, добра е и таа, ме смири тогаш ептен, пошто бев многу испаничена.