@FreeMind Да живееме сами двете во некоја планина би доела ко она што сака, цел ден. И не би се нервирала и не би мислела на прекинување. Ама.. на чичко и не му било згодно,на дедо и не му било згодно, на гостите не им било, уште на комшиката од карши што не и падна незгодно. Мислиш од нив цица. И што е незгодно,коа јас пред никој од нив не дојам.. туку сами двете во спална. Ама коа сум опкружена со проста раја, ќе менувам расположеЊе 7 пати во неделата и има да ме трпите и тешите
2 ден како не цица преку денот, вчера имав проблем со едната града, само во таа има млеко, другата 2,3 капки. Ми се направи камен и пред спање и дадов да цица иако не побара. Сабајле цицаше многу малку од таа празната града и толку. Колку дена треба да не цица преку ден за да се среде? Буквално ми се вакви . (. ) , едната ја нема никаде, другата ќе пукне. Инаку не сум 100посто решена ама сум go with the flow, додека не бара не давам се надевам дека ќе успееме на мирен начин.
Ме изнасмеавте со муабетов. Да си имам на ум да го барам свекор ти за да ја одбиеМЕ и мојата кога ќе дојде ред. Хахаха. .. Мојот пак ќефој е што внукава цица. Тој цицал 4 години па на него била љубител на цицка. И јас не фермам никого. Вадам цицка и пред девер и свекор. Нека се срамат тие. Оф топик сум ќе ме преместат ама морав ова со свекорот ептен ме погоди
Хахаххахах Јас за инат со цицката низ соба би шетала и пред куќа ќе ја дојам. На свекор ти му сметало хахаххахах не можам се помочав од свекор ти. Која ракета е ликов како на @srekice свекрва и. Три дена најмалку да се нормализира лактација. Намалувај подои. Ако си ја доела вчера два пати повтори три дена два пати, па три дена по еднаш, па иди една недела ако треба се додека градата не ја осетиш спремна.
Некои прават.Знам во промедика идат колешки кај приватната. Јас одам во ремедика кај Наде Петановска.
Јас лично сум многу против доење долго време, ама ни на крај памет не ми било на некој да речам дека ми е незгодно што си го дои детето, иако мое мислење е дека на 2 години нема потреба да цица. Јас вакви коментари добивав од старт, генерално од мажите (татко, свекор, брат), и ич не ми беше гајле. Како што јас не се кријам кога јадам, нема потреба и бебето да се крие. Па и ако мајката решила да дои подолго време, што има на некој друг да му е незгодно, не го праќам детето од тебе да цица... Баш проста раја.... Јас престанав да дојам зошто јас не сакав да дојам повеќе, а не зошто на некој таму не му се свиѓало.
И јас не сакав да дојам долго, а доев подолго од што сакав. Никогаш не пронајдов убавина и блискост со тоа. Ме фаќаа нервози последните месеци кога ќе дојдеше време да цица за да заспие. Дури сега како расте и не цица, ја осеќам поблиска, се галиме, се гушкаме, веќе и разговараме по малце. 5 месеци како не дојам и уште ме држи среќа и еуфорија што завршив со тоа. Второ дете ако имам нема да го дојам ексклузивно. Тоа ми е решено. Апсолутно не ми смета да се дои пред мене, без разлика колкаво е детето. Ниту ќе коментирам, ниту ќе помислам нешто. Просто, се восхитувам кога ја читам @Chanell* . Жено, терај си како сакаш ти и само ти. И како сака ќерка ти. Нека не ти влијае ништо од страна. Сакав да кажам дека секој треба да си прави како што сака и како му одговара.
Кај 19ч ептен ми се стврдна, малку одмолзив, пошто беше камен а требаше да излеваме и уште 3 часа така да биде. Таму и текна на кај 22:30 дека сака цицка, а залажав дур да си дојдиме не дадов. Пред пола час и дадов да цица. Фактички навечер и насабајле кризира и очајно бара да цица, преку ден ја заборава, кога и се прејадува само се подава ама давам оброк и толку. Сега ако почнам пак да давам денски мислам дека пак ќе се навикне. Значи само 1 во денот ја осеќам камен цврста со пецкања на кај 18,19часот.Да терам вака? Белким нема беља да направам со градата.
Точно 10 дена после престанок се разбудив со мала болка во лева града. Незнам сеа дали може лошо нешто сум спиела или има шанси да се собрало млеко дури сега. Грутки нема. Ме јаде тоа што кога бебе цицаше секогаш перферираше повеќе на лева и се мислам сеа да не се лачи таму повеќњ млеко па да испадне проблем. ќе видам како ќе биде во тек на ден. Али марфи, мора секогаш нешто да се комплицира за викенд
Мајки дајте некој совет сакам да го одбијан син ми од цице но тешко ни оди, пробувам навечер кога ке се разбуди да го презаспијам со нишкање но никако не ми успева веднаш се расонува и нема спиење до сабајле, сум пробала и млеко од шише да дадам и пак исто осека дека не е цице и одма се расонува, тешко ни оди ве молам дајте некој совет што успеало кај вас во ваква ситуација
Не давај друго млеко ако го одбиваш, само проблем ќе си направиш, после и од тоа да го одвикнуваш. Нуди вода само и толку. Мојата три дена не презаспиваше, си игравме додека не и се приспиеше, па после ја нишав и така заспиваше. Ќе мора да го истрпиш и тоа додека се навикне дека нема така веќе.
Ќе плаче секако некое време, мора да го истрпиш плачењето. Ако си цврсто решена да го одбиваш, биди спремна на плачки неколку ноќи по ред. Немој да попушташ никако, ни шише да даваш, ни ништо, само вода нуди како замена. Ќе сфати дека нема веќе да цица, само ќе му треба време. Прашање е колку си ти спремна да го поминеш тоа.
Морам да пишам. Денеска тежок ден. Малата постојано бара се тегни еи плаче ама некако се воздржав и не и дадов да цица. Мислам дека ќе и направам хаос ако и дадам па пак не, вака се фативме на оро и ќе го играме. Вечерта цицаше пред спање и уште 2 пати. Градата моментално стабилна, другата скроз издиша. Почна да пие козјо млеко од шишенце. Има ли некоја количина дозволена или колку што сака?
Не давај никако денски, мојов штом издржа ќе издржи секое бебе ќе се навикни, бараше неколку дена после тоа се навикна, ако почнеше да бара јас одма му одвлекував внимание, го играв, го шетав...
4та ден, вчера цела ден кризираше, на кај 20ч и дадов, кај 22 се успа без цицање, вечерта еднаш цицаше еднаш вода пиеше. Толку. Градите издишани скроз. Мислам дека ќе се одбие целосно. Вчера после долго време спиеше од 22 до 3.
Два ноќа без будење и цицање. Се надевам ќе продолжи вака а и ако се разбуди ќе го заспивам без цицање веќе. Бидејќи цицаше само по еднаш градите не ми се многу полни. Што да правам сега за да снемам млеко?