После прекин на доење од спиење на цицка заспива вака: Дефинитиво подобро е ова чувство. Само да охрабрам некој ако му треба поддршка.
И мојава сака да пипка некого додека заспива. Паѓа у несвест за 3 минути, ама да ме држи барем за прст. Да не им киднеме случајно
Ве читам и не можам да ве дочитам сакам и јас да го одбијам почна веќе на нерв да ми оди.Будење на два саати само за цицка а година веќе направи. Преку ден цица само кога ќе дојдам од работа мислам дека ме гледа во форма на цицка и одма бара и пред спиење ама веќе не можам да издржам планирам уште максимум 2 недели да издржам вака и таман кога ќе појде во градинка да биде одбиен(ако успееме)ме плаши тоа што не пие никакво млеко а ниту сок само вода инаку до сега ќе го средев Па ве молам за искуство кога ќе почне да плаче ноќе што да му давам или да не му давам ништо
Јас вода и давам кога ќе стане ноќно време. Млеко одбиваше со месеци и наеднаш почна да пие. Му доаѓа исто како водата прво одбиваат после сакаат. Инаку нека не те плаши тоа може ништо да не пие доволно е вода. Само млечни продукти треба да јаде и доволно е.
Ако веќе си решила, не чекај уште две недели, почни одма. Ќе тргне во градинка, па тоа е уште една промена, можеби потешко ќе ти биде. Може ќе се мачиш на почеток дека нема да му се свиѓа промената, ама ќе се навикне. На година нема да остане гладен ако не цица, сигурно се друго си јаде. Немам искуство со одбивање од доење навечер на оваа возраст, само сакам малце поддршка да ти дадам дека нема потреба да се грижиш од хранлив аспект. Ќерка ми не цица ноќе од 3 месеца, и не е ни некој јадач општо, па ете си расте, ништо е и фали што не цицала ноќе.
Антонија се одби самата. Последнава недела пишував дека ќе и го скратам подојот насабајле за да може да си поспива и така и беше, навечер пред спиење си цицаше колку да шмукне два три пати и си ја ставаше цуцлата во уста и сама почнуваше мммм за нанање. Си помислив дека пред добивање на менструација прави вака ама вчера и завчера само по еднаш шмукна, ги погали брадавиците и си се сврте на страна. Вчера и кажав дка последно ќе ни биде така на голо да си се гушкаме и дека од утре ќе нема цице, па како да ме разбра од двете гради шмукна, ме погали по градите, па по раката моја, извади една насмевка од шестка до шестка што би се рекло и си ја стави цуцлата и со нишкање си заспа. Ми беше малку тешкичко, доењето беше момент само за нас две, ама тоа е, растат бебушите, за 15 дена годинка, Фала му на Господ што го имавме и тој период наречен доење. Продолжуваме сега со гушкање навечер и се надевам дека ќе засака да и читам приказни за добра ноќ. Како вчера да беше кога ја гризев маицата од болка додека да фати убаво да цица, па после кога ми рекоа мораш да прекинеш со доење, измолзувањето со пумпа и фрлање на млекото за по 20 дена да ја фати брадавицата како експерт и да почне да влече, да голта, да шприца млеко, солзи радосници... Расте во моите раце и полека се оддалечува од нив а секој ден се повеќе и повеќе ми се прилепува за срцето и душата.
Денес точно 14 месеци, последно цицаше во саботата во 22ч, можи да се кажи дека е одбијан. Цели 14 месеци доенички стаж Испадна здравствен проблем кај мене и докторката ми рече да не го дојам повеќе заради лековите што ги примам, последно цицаше само 1 навечер пред заспивање, ќе одевме уште некој месец со доење да не беше ваква работава, но од друга страна па конечно се заврши. Сега паметот ми е на др место и не мислам толку на одбивањево пред 1 месец немав други грижи и си плачев ко решив да го одбивам и згора на се не го одбив ама битно си отплакав. Уште ми е мака дека вака се завршува, но се тешам дека не е мал, дека не цицаше многу во последно, дека само галење ни беше во последно, само навика...пред да се породам велев барем до 6 месеци да цица, па до 9, па до 1 година и тако даље, уште 5 да имам уште 5 пати ќе дојам, според мене најскапоценото нешто што му го дадов на синко Само на доење стигна до 9300г до 4 и пол месеци мрсно млеково Др сакав да кажам, сношти после повеќе пати пробување да го заспијаме со мм, конечно заспа во 23ч со мене без цицка и замислете не бараше цицка иначе секогаш бара, јас останав ваква само 1 стана во 3ч и сам си презаспа само вода му дадов, потоа спиеше до 7 и пол. Се надевам дека ќе имаме вакви мирни ноќи. Сеуште немам никакви грутки во градава, помалку пијам течности, ако ептен имам мака малку ќе се одмолзувам, така си поминав лесно и на 9 месеци со левата града, кога сам се одби од неа Малку долг постов ама сакав да си ја олеснам душичкава
И овде една по една заедно завршуваме. Се ќе биде во ред Лаки може повеќе ќе спие. На друг кој е на ум за одбивање и му треба поддршка тука сме
Едвај чекав и јас да завршиме со доење. Исто 14 месеци имам стаж . Да го одбиев наеднаш не знам кој повеќе ќе се трескаше од земја, дали тој или јас од што немаше да можам да го слушам. Од страствен цицач кој буквално пола година ми беше по цел ден на гради на крај полека самиот си се одби. Алелуја . Бидејќи цицаше само по еднаш левата града ми беше мека, на десната требаше да цица последен пат и таа малку ми беше тврда и ме болеше на допир но после неколку дена омекна така да не сум имала проблем. Ама градиве не си ги препознавам веќе, можам да заборавам на деколте дефинитивно. I'm a free woman now. Конечно можам да здивнам и да се опуштам. Не можам да кажам дека доењето ми е нешто најубаво. Искрено баш ми беше стресно, особено на почеток.
За градите не збори време е за хирушка интервенција. Какви цицки заминаа во неповрат...ова што остана на се личи освен на гради. Ужас.
Ти уште доиш од кога ќе издишат не гледај. Се залепија како издишани балони надоле. Многу лошо изгледа многу.
Доам само еднаш навечер кога ќе стане од 1 града, количината се среди скроз, не се полнат воопшто тука некаде сум, страшно изгледа
Јас со малата почнав да праам “озбилен” муабет дека цицо е какан и не треба да цица веќе. Прееска во сон ми се извика мамооо цицо какаа, го сонува Голема си дада,ќе одиш во школо со дечињата и не треба да цицаш.. Така? -Да. Цицето е какано веќе види мама крв тече,Лара го гризнала, ќе му кажеме чао? -Да. Срамота е голема дадичка ко тебе да цица,нели? -Да. Се надевам ме разбира што и зборам. Причина-ми напраи рагада т.е ме врати година наназад, боли ужасно.. Повеќе цица на десната деновиве и брадавицата боли ужасно грдо,ме пече, ма ужасно се осеќам. Се нервирам кога ќе дојде да цица, значи боли и боли и неиздржливо ми е. Што од подои да намалам, коа она не цица за да пие млеко туку да си пошмука цуцла заради галење. Едино останува секое барање цицка да го сменам со игра? Да не се шкртам со кармини и глупости или ? Сега е време да престанам. Доењево во моментов ми е нешто најиритирачко!
Пробај залепи ханзапласт на пупките,ќе видиш реакција.Кај мене помогна,страствен цицкар така се одби.Пробуваше бараше пупки,ама пупки нема.Јас мислев ќе му текне да ги одлепи ама не.А беше прилично голем,1 и 7 месеци.И само повторѕвај се расипа цицето