Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    :doh: ова болеше. Пробај убаво ти напишала членкава со ханзапласт и сенф мачкаат знам. Но ако пројде залепена полесно е него да се шлапаш на секое.
    Жено цицо со тебе сме(fingers)
     
    На Chanell*, paleska3, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    17.124
    Пол:
    Женски
    Мојот си ги лижеше и со сенф и со бибер,мака си немаше.Ќе си се намршти и ќе си продолжи со цицање.
     
    На lackygirl, Coco31 и FreeMind им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Одвај го заспавме ние вечерва ми бараше цицка :(
     
    На BabyT*, FreeMind, hello-kitty.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Лајкот е за подршка.
    Замислувам како ти е ама се предал, кад тад мора да заспијат.

    За муабетот за градите... и јас имав убави и релативно мали. 80А носев. Сега земав 85Б со пуш ап. Ај што висат, висат, него средината ми е како дупка, не знам како да објаснам. Поспоени ми беа.
    Кожа надоле. И некако празни, меки. Па и мали. Суви сливи.
    А и стриите си стојат, среќа бар обелени.
     
    На BabyT*, Larahappy и FreeMind им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.680
    Пол:
    Женски
    Кај ти текна да спомнеш величина на гради. Во втората бременост ми се зголемија. Откако престанав да дојам...виснати се. Како некоја баба сум. И плус тоа...големи. :rofl:
     
    На FreeMind и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не знам дали помали или поголеми е полошо. И овие многу виснаа како за мали.
     
    На Watermelon96 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.680
    Пол:
    Женски
    Додека да почнам да дојам беа уште поголеми. Ама имаа форма. Сега се спласнати. И малку помали. Во бременоста носев прслук 95...а сега 90
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Поголеми. Јас пред бременост држев цицка 90ка, во бременост не носев градник па потоа купив онаков бабински за доење. И сега не знам дали да носам градник или да користам салотејп.
     
    На paleska3, AlicaInWonderland, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Па нели од саботата не бараше?
    Значи не забораат баш за три дена :(
    Леле како ќе бидеме ние... упорно и викам цицо кака, она ми вика “неее,цицо тече”
    абе шо тече?крв тече!!
    “нее,тече мекааа (млеко) “
    детево попаметно од мене е,знае дека ја лажам а знае дека најголема љубов и е цице :(
    Ништо, од денес планот е да цица само два пати во денот-една недела
    Следна недела-цицка само навечер
    И со полни 19месеци ваљда готово ќе биде..
    уф:u:
     
    На hello-kitty.90, BabyT* и Presrekna им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    За седум до десет дена нема ни да памети дека имаш цицки. На 15 дена им е меморијата сега на твојата да и дадеме уште десет дена напред за 25 дена нема да знае ни ти која си :))
     
    На TutiFuti, AlicaInWonderland, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.083
    Пол:
    Женски
    Не е баш така. Тоа е нешто што им е познато од раѓање, им било храна, вода, утеха. Додека се помали можеби и ќе заборават побрзо, ама поголеми тешко. А и не се сите исти, нормално.
    Имам пишувано дека ќерка ми долго потоа си зборуваше за цицањето, градите мои се уште и беа утеха и си лежеше на нив.
    Затоа @Chanell* мој совет ти е да не и го претставуваш доењето како нешто срамно, со зборови како голема си веќе, срамота е да цицаш и такви муабети. Нека си го памти како нешто убаво, а не како нешто срамно.
    И ништо не правиш вака со колебање, ти кажувам и од искуство зашто мојата беше иста. Ако не си решена не се напнувај, кога ќе решиш нека биде решено. Лепи фластер, болни се и готово. Гушкај дете многу тој период. И ќе помине. Само нека помине со љубов и да си ја зачувате близината.
     
    На lackygirl, gjoker4e, BabyT* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    Малава ми е на два подоја, пред заспивање навечер и насабајле кога ќе стане. Навечер не цица многу, скоро ич, ама насабјле сигурно 15 минути влече убаво. Гладна е бидејќи еве месец како ја преспива цела ноќ и ништо не пие.
    Е сега сакам да го скратам цицањево наутро, затоа што слично како и Паркер и мојава се расонува, а морам порано да ја земам да цица кога сум прва смена.
    Прашањето ми е со што да го заменам? Обично цица накај 7, па накај 9 појадок и 9:30 пак заспива. Појадок во 7 мислам рано ќе и биде, млеко од шише не сака ни да помириса.
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Тоа е доживување од лична перцепција. Да ги разграничиме работите децата до 2 години не паметат, немаат развиено лонг терм меморија. Затоа и со одбивање од пелени се почнува од 1,5 каде почнува да развива меморија. Научно бројките идат вака:
    - до шест месеци памети 24 часа
    -до 13 месеци еден месец
    - над 24 месеци паметат 4 месеци
    До две години постои така наречена ситуација на детска амнезија. Од седум години почнува да се памети долгорочно.
    Ова во кратки црти како е научно докажано.

    Затоа и најдобар период на одбивање е до 12 месеци.
    Во принцип одбивањето не остава психолошки последици по детето, иако изгледа драматично сепак драмата иде од нашата глава. Кај детето тоа доживување е плачам за се што сакам во моментов и потоа заборавам.

    Кај шанелка е 1,5 година и нема последици по емоционално здравје. Кај шанел е проблемот во неа, а не во малечката.
     
    На Lianna Anna, lackygirl, babydust и 3 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.083
    Пол:
    Женски
    Колку клинички ти е сето ова претставено.:|
    Мозокот најмногу им се развива во првите три години, се што правиме делува на нив, да не беше така немаше толку внимание да посветуваме. Мојата сега не се сеќава како цицала, но знае дека цицала и дека се хранела од мене и тоа е нешто убаво за неа и така си го доживува. И сзо препорачува до две години да се дои, треба да им го скратиме доењето до 12 месеци само зашто после ќе било потешко одбивањето и ќе се сеќавале? Глупости. Кај Шанел си е малата приврзана за доење, има деца што повеќе сакаат да цицаат и некои што не се толку поврзани и полесно оди одбивањето. Затоа кај децата што си се поприврзани треба и внимателно да се постапува, како што реков, се што правиме е дел од нив, затоа и не ги тепаме и малтретираме нели, зашто и тоа ќе остави последици.
     
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Да ги оставиме драмите на страна. Од развој на мозок до развој на меморија да речеме има така поголема разлика. Знае твојата дека цицала зошто сте повторувале вие дека цицала. Вие и ја трењирате меморијата и вие ја насочувате во моментов. Иначе сигурно дека ќе знаела дека цицала и се хранела од тебе :)
    Кој рече дека треба да се одбие од цицање со причина дека е полесно? :) Убаво прочитај, реков најлесно е за одбивање не го ставај во корелација со одлука за одбивање.
     
    На Lianna Anna и happygirl им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.083
    Пол:
    Женски
    Мислам дека јас и ти нема да се разбереме зашто и сосема поинаку ги гледаме работите.
    Само сакав да кажам дека нема да заборави за една недела дека има мајка и цицки. Од такви кажувања јас бев сосема неподготвена дека нема да е така. Зашто мислев дека ќе заборави за три дена и дека било постресно за мајката, а не за детето. И пак ќе кажам дека не е секогаш така, дека не забораваат толку брзо, дека и по месец ќе и текне на цицката и ќе праша, или ќе види друго како цица и пак ќе се потсети и ќе праша. Да, потоа откако престана процесот нормално дека си зборевме за како цицала, некогаш и да не памтиме нешто ни останува чувството за нештото. Ама... Ај, доволно е.
     
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам и ти укажувам дека ги гледаш и зборуваш работите од свој аспект, а не онака како се и како е веќе научно докажано. Едно е ние што мислиме, а сосем друго е како е реално. Кога си во фаза на одбивање баш и не си пресметлив го поминав и јас тој период. Гледаш за себе, гледаш за неа, идеш чекор напред се враќаш назад и така во круг.
    Затоа и медицински ставив како е да не се носи тој товар бадијала дека ете со тој чин ние му наштетуваме на детето. Не му наштетуваме никако ослободете се доволно е стресна целата ситуација за уште тој товар на грб да го носите. Не сакаш да доиш? Прекини со доење на свој начин само не си ставај во мозок дека ете детето си го разболуваш емоционално зошто ти не сакаш да доиш повеќе. Впрочем отворете на сите страни дали медицински, дали психолошки итн сите до една велат дека доењето завршува во оној момент кога едната страна не сака. Се понатаму е “не доење” на сила, болно, нервозно. А нема потреба од тоа.

    Пс Те земав во цитат, а не се однесува на тебе главнината од постот да не дојде до недоразбирање како со @Ava.84 :*
     
    На Lianna Anna, babydust, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    13.551
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме лични ставови, јас лично мислам дека им наштетуваме (психички) на децата со доењето до 2 или 3 години (или не дај боже повеќе). Ама бидејќи немам најдено нешто медицински поткрепено за ова мое мислење, затоа на ниедна мајка не сум рекла престани да доиш, ама јас немаше да дојам ни ден после година, па и да се утепавме двете од плачење.
    Нормално дека на мајката и е потешко зошто размислува како возрасен човек. Детето само знае за "сакам и ќе плачам дур не ми го дадете", не само за цицка, туку и за парче хартија на земја што го видело.
    Јас малата ја одбив на 11 месеца, и еве после 2 месеца знае да си игра со мојата блуза, општо сака да ме пипка по гола кожа, па не пробала да цица, нити асоцира млеко со мене. Имав доста среќа што немав никаков проблем со одбивањето, ама и да имаше голем проблем, чим сум решила дека нема цицање, во ниеден моменет не помислив за утеха пак да и дадам. Иако беше настината кратко по одбивањето и плачеше ноќе неколку дена, само затоа што цицка во уста е најлесно решение во тој момент, не значи дека е и најдобар. Тие се моментите каде ние мајките попуштаме и затоа одбивањето е тешко.
     
    На S.J.Parker и happygirl им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.822
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Последно цицаше саботата за заспивање, неделата не побара затоа се чудев, но сношти ми бараше, ме тегнеше за блуза, ама заспа сепак, ноќта пак само еднаш стана вода му дадов и презаспа, мене градва уште ми е мека, уште нежа млеко собрано, нормално е вака? Или допрва ќе збира?
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Фри што убаво си заспива вака :inlove:
    Ние немавме проблем со одбивање. Бараше 2-3 дена. Не дека заборави преку ноќ, ама немаше плачки и стресни ситуации. Целото доење ќе ми остане во сеќавање како преубаво искуство и среќна сум што го поминавме и тоа.
    Завршивме на 14 месеци.
    Само како “проблем” ми остана нишкањето. Вечернотп заспивање мора да е со 10минутно нишкање. Би сакала да заспива сам на кревет со музика или читање ама не успеваме во тоа.
    Како и да е, не се жалам. Со оглед на тоа што си спиеме цела ноќ, 10мин во раце не се нешто што не би можела да го издржам :)
     
    На paleska3, BabyT*, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.