Кај мене проблематично стана после седми ден. Се згрутчи и морав на гинеколог да ме проверат да не случајно направам проблем. Само чаеви пиј пеперминт минт и жалфија и никакво масирање. Ако се згрутчи остави така два три дена само од себе да мине. Со тушот млаз нежно и ќе се среди.
И јас сум пред одбивање, малата веќе два дена има само еден подој пред заспивање. Вака планирам да биде уште недела, две и со полни 11 месеци да ја одбијам. @thinkerbell и мојата не сакаше ад, ми го фрли шишето, но почнав по малку во кашички да и ставам, па зголемив на млеко ад и бискоти како оброк, и пред некој ден беше гладна и ставов 150 мл ад во шише и си испи. Славев после тоа . Планирам по одбивањето, пред заспивање да пие ад. Преку ден јаде млечни оброка, пие вода, не ни бара млеко.
@paleska3 и јас за заспивање ќе и дадам ад. Мене ми е за насабајле, ајде и да го прифати, да не не сака после да јаде? Инаку и јас и ставам во јадење, без проблем така јаде.
Ќе јаде секако. Освен ако не ти е како мојата што никад не и се јаде, би требало твоето кај 10ч веќе да појадува.
Ако мислиш дека нема да јаде, помала количина, ама големи се веќе нашите, не ги држи млекото. Мојата не пие млеко насабајле одамна, одма појадува околу 9-9 и пол.
И јас примерив дека млекото не ја држи веќе.И да и дадам насабајле,пак си бара за појадок.Не количински многу,ама мора да јаде. Он топик: Како да успијам бебе без цицка?Во кола не заспива без цицка.Во количка нејќе ни да чуе.Во раце нишање од 5 минути повеќе не можам да ја држам.Во татко и никогаш не заспала колку и да се трудел. Е не сум ја оставила да плаче па да заспие,ама морам барем денски да ја научам да заспива сама инаку никогаш нема да се одбие.Друг нема кој да ја успива освен мене и татко и.Ве читав сите и пак не најдов решение за мојот проблем
Јас прво пробав на 10м да а одвикнам со друго млеко не сакаше пак бараше цицка. Сега е 1г веќе се успива со шише млеко.
Тргни го и шишето. Не треба веќе да заспива со млеко над година освен ако не е на доење. Забите ќе и се упропастат.
Сама многу тешко дека ќе ка одвикнеш да заспие без цицка. Впрочем во мојот случај беше невозможно. Мајка ми ја презеде за денските, со неа заспиваше во количка надвор со мене тоа нема шанси. Навечер продолжи на цицка да заспива. Остана само тој подој. Потоа добро најадена ја носев на спиење (тука малку почекав да се погоди вечерта) и наместо цицка вода. Виде не виде си заспа сама. Потоа повторуваш три вечери исто да е се. И готово.
Знам ама само така се успива,пред секоја дремка пие. А да и давам пола час пред спање или исто е? Уште малку планирам да тргне во градинка таму како ќе биде...
Исто е. Последно пред спиење се мијат заби и после тоа само вода. Многу примери имам со деца што покасно почнале да пијат млеко од шише за успивање, забите им се сосема изронети. На 3-4 години уште пијат од шише. Навиката тешко се искоренува колку е детето поголемо.
Редовно ве читам иако сум далеку од одбивање . Мислам до детето е најмногу. Јас истата мајка имав син шампион по неспиење и сега ќерка која е шампион во брзо заспивање и спиење. Но искрено со второто имаме ред од првиот ден и за ништо не го менуваме. Може до тоа е. Еве ја искапена веќе спие и не практикувам да ја успивам цицајќи. Преку ден редовно прво цица па после малку се љубиме или менуваме пелена или било што па после само ја легнувам хоризонтално и веќе е успана. Навечер додека беше помала заспиваше со цицање,а сега ја цицам будна па после заспива. Така може секој да ја успие. Во кола и количка редовно сама заспива. Е сега едно прашање. До кога е корисно бебе ноќе да цица? Мојава станува еднаш кај 2 и сабајле во 6. Може да помине и без цицање Само да ја земам во раце заспива и ја имам пробано спие така гладна уште некој саат. Но не сакам бидејќи не знам од која воздраст може да поминат без храна. Инаку сме 6месеци А паметам за синко еден др неуролог ми викаше да не му давам ноќе да пие млеко бидејќи и мозокот и бубрезите треба да одморат. Но тогаш синко беше над 18 месеци.
Еве денес пиеше млеко и и ги поминав забите со четка после пола час се успа. И за денско ли спање исто е? Имам во фамилија детенце 2г предните заби му се расипани од тоа
Денски си пие, навечер се мијат заби и после само вода и јас така го знам. Баш стоматологов истово го напомена.
Епа проблемот ми е што станува во 7, 7:30, цица, па појадува во 9 и во 9 :30 заспива. После околу 12:30има ужина (најчесто тоа е кисело млеко), па во 1:30 заспива, и ручек во 3:30. Вечера околу 6:30 и цицање во 8:30. Ако го поместам појадокот толку рано и ручек ќе треба да и давам до 1 макс, а на страна што ќе биде општ хаос насабајле. Ништо ќе пробам во 7 со помала количина на млеко, 100ина грама. Немам идеја навистина. Не е уште спремна на една дремка, самата си бара да спие.
Пробај со помала количина на млеко или ќе воведеш уште една ужинка. Мојата има денови кога има и две ужинки веќе, затоа што не цица воопшто преку ден.
Синоќа за малку ќе го прескокнеше единствениот подој пред заспивање. Бевме на гости и на враќање ни заспа по кола. Дома ја префрлив и продолжи да спие. Само си реков ако продолжи до 3-4 часот ноќта не и давам. Леле луѓе кои емоции ми дојдоа, не ми се веруваше. Како наеднаш да не сакав да заврши овој процес. Дефинитивно е повеќе до нас одколку до бебињата. Се ми се измота низ глава, како почнавме, како си дојдов дома од болница со раскрварени брадавици, болки ненормални, како влечам со пумпата а во шишето гледам крваво млеко. Како се радував на првиот преглед, кога ми рекоа дека супер напредува, тогаш знаев дека успеав да доам. Непреспаните ноќи, грутки, масажи, пак болки, блистери....Се ми е така свежо, врежано во главата, како уште да го чувтсвувам. Па до пред две недели имав повторно рагада. Но тука се и милувањата, тие мили рачиња кои ме галат кога цица, радоста кога ќе ја наместам и кога ќе ја виде цицката е непроценлива. Кога не сум знаела што да и правам од плачки, така одма ми се смируваше, како со магично стапче да замавнуваш. Па реално мајчиното млеко е и некој чуден магичен напиток. Се чувтсвувам прекрасно што успеав тоа да му го дадам на моето дете. Синоќа си поплакав од овие чудни емоции и на крај малата стана во 23 часот желна за цицање. И дадов, сега ќе продолжам како и што планирав до 11 полни а тогаш ќе бидам спремна да завршам со оваа фаза.
Мене не ми се верува што се случи со градава, нели само на деснава цицаше, 10ти ден од ко е одбиен ни грутка, ни капка млеко не ми протече, ни се молзев, ниту собра млеко, дали е можно ова, значи не ми се верува како лесно ми секна млекото. Или пак малку цицал пред тоа или не цицал дали има уште некоја др мајка вака ко мене? Синко уште бара цицка, уште му текнува, плачи ноќе, многу полошо е од ко се одби, станува повеќе, еве сношти, од 10 до 1 спиеше после од 1 до 7 на 1час стануваше, значи седнува, си зборува, јас станувам го земам в раце,вода му давам и го нишам 10 мин за да заспие, ако го пставам да си стои така или пак да плачи ќе се рассони и си седиме 2 часа после сега само да ги видам тие што ми велеа Одбиј го поќе ќе ти спие ќе му кажам убо Значи полошо е, незнам до кога вака, млеко, јогурт, сок, чај не сака да намириса, само вода пие, сеуште... и тоа ми е малку проблем, како можи дете што јади се, ништо да не пие освен вода Можи е подобро што не пие, ама мора бе нешто за да се залажи ако си излезен некаде, нешто да му дајш.. Емоционалниот дел со одбивањево...многу полесно сега ми беше бидејќи имав други маки, здравствени проблеми, болки и бев преокупирана со мене на мојата мака, да речам се погоди среќа во несреќа одбивањево оти во јануари ко решив да го одбивам цел ден плачев