Да ја пишам мојата приказна. На мојата среќа не и давам да цица од саботата вечер.Се плашев како сето тоа ќе помине но на моја среќа не е лошо.Она има 2г 4мес. и реално е голема но никако неможев да се решам да ја одбијам бидејќи е страсвен цицач,со огромна љубов и страст го правеше тоа ,му збореше го милуваше и уживаше додека цица.Ноќе како новороденче ми се чини цела ноќ цицаше.Иако бев советувана многу порано да ја одбијам поради мои здрвствени проблеми НЕМОЖЕВ.Предходно имам близнаци и нив ги одбив без нукаков проблем на 11мес.но тие пие млеко а она не пие никакво.Мене овој процес ми падна многу тешко .Она беше два дена кај баба,кога дојде јас ги нацртав со креон повремено ќе побара да ги види ќе каже дека е какано и толку.Навечер сега покасно ми заспива и се буди сабајле во 6 лута ,плаче незнае да искаже дека и фали а многу и фали, но разбрана дека е какано.Душава ми се пара ,јас се чувствувам неубаво како да ми фали некој дел од мене.Тоа е стварно непроценливо и незаненливо чувство.Се тешам дека е голема и плус здравственава состојба моја што морам да ја решам. Е сега за градиве првата вечер се измолзив а потоа само навечер се стегам и ставам зелка.Градиве ми се камен тврди.Несакам да пијам апчиња ќе се среди ова само по себе или треба уште нешто да направам?
И мене уште ми е жал, моето 14 месеци е, исто си сакаше да цица, сега уште ми се пика кога го нишкам за заспивање и плачи ко ќе види дека не му давам и јас поради здравствен проблем го одбив, но планирав секако да го одбивам сега пролетва, така да помина и тоа, за градите нз совет да ти дадам мене воопшто не ми се наполнија со млеко, ниту ми протече млеко, еве денес се 11 дена од ко е одбиен, мене уште не ми се верува дека вака ми е.
Мајки веќе 1м како е само на еден подој, навечер кај 2,3ч. Мислев дека цицнува многу малку колку да ме осете. Вчера првпат ја преспа цела вечер до креветчето и не побара цицка, само вода. Арно ама кај 14ч а осетив градата болна, не беше цела цврста туку делот кај брадавицата. Ја измолзив ептен малку, држеше 2ч и пак почна да боли и пецка, пак малку ја стиснав. Има како грутка и ме боле неподносливо, баш таму кај делот внатре кај брадавицата. Може ли да биде опасно или? Дали да одам на доктор да ме виде? Жештина нема само остра болка.
Дај и да цица од таа. Градата не ти е спремна. Наеднаш си прекинала нормално е да ти се преполни. Чај од пеперминт пиј и чај од жалфија. Вода намали скроз. Течности други никакви. Градите во граднил нека ти бидат цело време не се стискај и не се масирај. Само со тушот млаз нека тече врз нив. Ако гледаш грутки се прават и болат право на гинеколог додека не се ископлицирало нешто со бромегерон ќе се среди за миг.
Ти знаеш најдобро колку те боли и дали можеш да издржиш, ако мислиш дека е итно појди си да те видат. Ме болеше и мене, али само на допир, ама допир и од маица и ужасно тешка ја осеќав, тврда, камче. Со измолзувањето правиш полошо, така стимулираш млеко, појди под топол туш, држи слушалката на градата некое време, ќе ти подолесни. И носи обавезно прслук, викаат да се носи и помал број, али јас носев точен, шанса немаше да издржам на таа тежина уште стегната да бидам. Ми спласна секако, мислам 8от ден баш у еден момент се издиши и толку беше. Не пиев ништо. . Сега да прашам. Како стоите со циклус по престанок на доење? Ви се промени нешто? Откако се породив си добивав на 28-30дена, нормални циклуси и безболни. Овие три циклуси како престанав да дојам ми се обилни, болни и добивам на 26дена
Уште не ми е дојдено. Јануари имав регуларно (тогаш ја одбив) и сега еве +10 дена уште немам. Јас имав на 37 дена безболни циклуси. Сега имав точно на 30 дена али болни и со лошење.
Нема некако заинтересираност за цицка, гледа дека слабо млеко течи и се откажува брзо, последните 2 подои така ги престанавме, едноставно не ја интересира веќе. Сака сега повеќе да се гушка Се успива со раката во уста или во гради пикната. Таква е болката, преосетливо ама се трпи. Ќе видам утре како ќе биде, ако се стврдне ќе правам како што ми кажа. Од паника ја измолзив. Околу циклусот прегеска се чудевме со мм, од минатиот циклус (броено од прв ден) до овој има само 23 дена Баш помислив да почекам и нареден како ќе биде ако не да тркнам до гинеколог.
Не паничи, знај дека и утре и задутре ќе те боли, но ако се поднамалкува болката секој нареден ден е ОК, ако почувствуваш жежење, вртоглавици, Т одма на лекар! И немој ни да помислиш да спиеш на таа страна!
Вртоглавици си имам стандард, и денес имав баш ама друго сега за сега ок. Ќе следам баш, мислев дека последниот подој најлесно ќе поминам ама сум се излажала. Фала Емке.
@BabyT* и јас како што пишав имам еден подој но еве веќе две недели цица само од едната града. На другата како престанав, после два- три дена ми се направи топче, не беше многу болно но сепак подболуваше на допир. Не ми се полнеше воопшто градата, не се стврдна. И јас како тебе од паника полнав да го стискам топчето додека се бањав и течеше млеко. Така правев неколку дена и ќе спласнеше и пак се појавуваше. Од кога престанав да стискав и молзам, еве неколку дена веќе спласна скроз таа града. На почетокот кога престанав да и давам од таа града, како почнуваше да влече од другата осеќав дека имам пецкање од надоаѓање на млеко и во другата, но ден,два и толку престана и тоа.
Денеска е подобра не е толку тврда и болна. Ќе видам како ќе биде до после ама дефинитивно не молзам веќе да не направам беља. И мојата исто така другата града сама а одби немав никаква мака со неа, и сега се чудам од каде волку количина на млеко кога она не цицаше воопшто толку.Не пиам ни течности намерно и пак. Нека поминува ајде.
И јас си мислев дека не цица ич од таа града ама ете испадна дека сепак цицала. Нека минува за брзо само без проблем.
Јас па мислев дека цица, а последно изгледа не цицал ништо значи, никаква промена на градата, преку ноќ секна млекото уште се чудам, поминаа 2 недели и 2 дена.
Женски, викендов не бевме дома и преку ден и давав само еднаш да цица дека по цел ден излезени. И веднаш едната града каде што имав порано проблеми со блистери и грутки на тој дел ми се направи тврда и болна. Ја истискав под туш и баш голема количина на млеко само од тој еден канал измолзив и тоа само колку да ми олесни. Стварни ме плаши како ќе се одбиваме. Таа мислам полесно од мене ќе поднеси.
Баш пишев на темава дали има ваков случај како мене, оти другаркиве се стегаа со зелка ова она, да ако се стегнам има капки ама воопшто не се наполни, ниту една грутка, ништоо, па на крај си велам можи такво ми е телото. @Milaаа991 секогаш е така, за мајките е потешко, синко уште бара ако му текни ама се поретко е барањето мене уште не ми се верува дека го одбив.
И мене не ми се верува сеуште. Сега кога ќе ме види на пресоблекување нема никаква реакција како никад и да не цицала.
Мене кога ме гледа од подалеку како се пресоблекувам не реагира никако ни сега а уште цица. Само кога ќе ја наместам за цицање и ја виде одблизу цицката се возбудува.
Три месеца по одбивање си најде нова занимација, ми ја трга блузата од страната на вратот да ми го најде деколтето и си шлапа со рацете по цицките како барабанче да сум. И многу е среќна кога го прави тоа. Појма нема дека некогаш цицала, ама многу сака да ме шлапа, најверојатно зошто ми се растресени како желе
@BabyT* како ти е градата? Се одбивте ли? Малата денес полни 11 месеци, во план ми е оваа недела да се одбиеме. Има само еден подој пред заспивање навечер. Се надевам со лесно ќе поминам