Сакав да пишам апдејт. Фала што ме потсети. 5ден одбиена, градата само таа ден беше цврста, утре дента како никогаш да не сум доела. Пие навечер водичка и продолжува. Една вечер кризираше за цицка ама плачеше од забите, не дадов само ја презаспав. 13. 5м, ја завршивме и таа етапа. И може да кажам дека 2 дена пиев алкохол, рекреативно
Супер, уживај во пороците сега, јас се придружувам за некој ден . И сакав плус да прашам, од кога по одбивањето почнавте да спиете на стомак? Милам тоа најмногу го очекувам
Јас уште неможам на стомак, онака малку странично да ама како шубе ми е, се си мислам дека ќе течи млеко
бебето е 13 месеци сакам да го одвикнам од цицање какво млеко да му давам ? адаптирано или тетрапак ? ако давате тетрапак од која фирма?
Јас сум во план да и давам ад на хип, затоа што ми го прифати, до година и пол а за тетрапак какво уште не сум размислувала.
Син ми е 2год и 4ри месеци. Цицето му е се на светот. Заспива само со цицање и се буди така. Но, Пред 3 дена доби воспаление на крајници. Нон стоп има температура и само водичка пие. Прима антибиотик и чепчиња на 4-6 саати за темп. Во сета таа невоља, не може да цица. Последен пат цицна вчера само 1мин. А цело време ѓи гушка и вели сака да ѓи чува цицињата а не да цица... Што да правам? Дали вака ќе се одбие или? Дали ќе снема млеко или веќе снемало? Знам дека е време да се одбиеме но нз дали ова е правилниот начин... Секој совет, искуство, мислење е добредојдено! Благодарам
Зависи мајка,дали ти си спремна да го одбиеш? Нема правилен и погрешен начин,битно е ти да сакаш.Детенцето веќе ти дало знак дека е спремно. Со градите ќе внимаваш.Ќе намалиш течности и не одмолзувај.
3 ноќ од одбивање. Малата супер прифати, не ни бара цице, плус спие цела ноќ. Градата ми е уште полна, но нема грутки, нема болки, само ја чувствувам тешка. Навистина ви се восхитувам што успевате да доите 2 па и повеќе години. Јас сум презадоволна што ги преминав сите препреки и и овозможив на мојата ќерка да цица 11 месеци
Сега за сега нема проблем со градите. Мислам дека сме спремни и двајцата. И повеќе од доволно беше е сега како ќе го успивам не знам.. . Инаку за колку време се преќинува лактацијата?
Кај мене тек на 7ми ден се направи грутка па потоа само од себе кај 10ти ден си спласна и дојде како на сликата погоре. Честитки со лесно помина па да наздравиме сите @BabyT* јас кондиција набивам сакам да си се вратам на старо. Сеуште ме кутка лесно, а веќе два месеци вежбам. Што ти се вика две години без алкохол
Од 2 чаши вино ми се мате Ама битно не се давам. Секоја ден по малку Почна со цигари? Да не ти е од тоа уште полошо
Фала @FreeMind, навистина полесно неможев да замислам. Чекам да спласне градата па да се почастам со чаша алкохол, сигурно од една ќе ми се сврти @KuklickaSk ја земам во спалната, гасиме се, и давам да го испие шишето млеко, од кога ќе го испие се буни за уште но ја земам кај мене на меше со главата на рамо, во положбата што ја сакаат сите новороденчиња и и пеам песнички. За 10 мин максимум е успана, плус спие цела ноќ без ич да се разбуди. Сакав и тоа да го кажам, дека без потреба се нервираме што не пијат вода, мојата од кога престана да цица пие по 300мл вода на ден. За секоја работа требало време.
Почнаа првите бунтови за цице. Сега е подобар не го боли грлце и ноќеска бараше цице 3 пати плачеше многу... срцето ми се кршеше не знаев што да му кажам... некако легна врз мене и заспа. Денес кога да поспика преку ден вели сакам цице да цицам. Отидовме во собата почнав да му пејам да му раскажувам а тој само ги пипка ги гледа... и по некое време приба да цица... и веднаш се тргна вели цицето е луто (јас претходно се намачкав лак за одвикнување на грицкање нокти). Потоа заспа гледајќи цртани.... Се надевам ќе стане полесно но ме фаќа страв да не стане потешко... нз што да му кажувам што да му давам да пие навечер. Не пиел од цуцла никогаш. И памет во глава за друго дете, до година ипол макс доење...колку покасно толку потешко...
@Happyinlove да не се опуштам многу значи . Сега си пивнав една чаша вино, се чувствувам како тинејџерка за прв пат пуштена од дома до покасно