Кажи а како да лебдиш е првата чаша Многу јако чувство. Далеку ти е втора држи се до една неколку дена, па потоа допри до две оти нозете шпагети. Ама чувството дека имаш дете секогаш ќе те држи на ниво. Неописливо.
Јас само што се породив одм на стомак одвај чекав цел живот спијм на стомак и тоа ми беше најмачно во бременост
@FreeMind не ми помислив две да се напијам, ќе ми се свртеше цела соба . Среќа малата ми спие цела ноќ сега па така слатко си се наспав . @Bupalu јас додека доев не помислува на стомак да легнам, и странично кога спиев некогаш ми се правеа грутки. Сега исто чекам да обвиснат па да се опуштам.
Толку беше и од мене. Трети ден денес и до сега се е во ред. Не ми се верува дека попроблематичен беше подојот насабајле, отколку тој навечер. Навечер мислам еден месец веќе не цица. Затоа што госпоѓицата не прифати ни едно млеко, јаде кисело млеко во 7 сабајле. Се изнадававме пари за различни видови ад млека, пробав од секакви можни шишиња, чашки и лажички и не и не. Не сака да помириса. Само кисело млеко директно од канче. Денес ми тежат градиве, пецкаат, чудно ги чувствувам. Масирам под туш, не молзам, нема грутки, течности сведов на минимум, па се надевам добро ќе поминам. Ако направам мастит не знам како ќе издржам. Е си поплакав малку дента кога не и дадов да цица. Утре имам една собиранка, можеби ќе пивнам малку бело винце. Маж ми вика полека жити се, разреди со кисела вода, ќе те мавне. Скоро две години капка се немам напиено.
@thinkerbell welcome in the club Још @happygirl ја чекаме на шанкот (на автобуската што би рекле вие)
Си терам јас уште со подојот пред спиење. Демек чекам да заврши зимава па да го одбијам скроз. Всушност лесно ми е што заспива цицајќи, тоа е причината.
@thinkerbell проба ли да и дадеш незгреено млеко. И мојата на почетокот одбиваше ад кога и го давав топло. Потоа еднаш и направив со вода што стое на собна тт и одма почна да го пие. Минатата недела ми поткашлуваше малку па си реков да и го стоплам за грлото, и пак ми го мавна шишето. Претпоставувам дека имаш се пробано, ама сакав да споделам искуство.
Искрено немам така пробано. Нели се водам по логика мајчиното е на телесна температура, го сака, па и ова така и го правам. А директно во вода на собна температура го ставаш млекото? Не грееш ништо?
Кај мене почна со краш експрес една лажичка, а млекото ад е од дм и ладно го давам по литро е како нашиве кравји млека за директно конзумирање. Пробај и така.
@thinkerbell не греам ништо, ставам од прашокот и имам нејзина вода која што стои на собна тт, ја матам убаво да се соедини со него и одма давам. Кај мене така почна да пие. Плус и давав и со бискоти. Кога пробав со топло млеко не сакаше ниту една лажичка да проба. Сега со ладно го обожава тој оброк.
Не поминува ни ладно млеко. @FreeMind како се викаше млекото од дм што го купуваш? Го има и кај нас? Да купам, па ако не помине тоа е, ќе се зафркаваме со кисело млеко. Чудно дете е.
https://www.dm.de/milupa-milupino-kindermilch-ab-1-jahr-p4008976091271.html?wt_mc=pdm.google.onlineshop.pla.BabyKind.BabynahrungGetraenke.Babymilch.Milupa.4008976091271&erid=EAIaIQobChMIiI7zzLCP6AIVjsjeCh2H1QHQEAQYASABEgIMdPD_BwE&hc_tid=10107518C4751PPC Повели
Добро си е детето, знае што сака и што треба. Подобро кисело млеко да јаде, отколку слатко млеко да пие. И го нема ова кај нас во ДМ што го дава Фри.
Обожава кисело млеко. Сигурно 300-350 грама во текот на денот јаде, некогаш и повеќе кога ќе и измешам со палента за вечера. Страв ми е да не и е многу еднолично, секој ден исто, или пак да не го одјаде.
Самата ќе си направи пауза кога ќе и биде потребна. Не се секирај. Нека јаде детето. Со млекото станува поеднолично, а тоа и повеќе заситува и држи, помалку јадат.
Знаев дека неможам толку лесно да поминам. 10 дена по одбивањето ми се направи како каналче полно со млеко, малку болно на допир. Се туширав со топла вода и нежно масирав, но уште е тука? И на другата града кога престана да цица имаше нешто слично, но беше помало и одма по престанувањето. Ова таман човек да се опушти и ајде проблем . @FreeMind како ти помина тебе?
Само од себе за три дена. Не го масирај само со млаз вода над него, чаеви зголеми пеперминт нане. Ќе помине. Ако имаш симптоми на мастит ги знаеш кој се веднаш на лекар.
Се надевам ќе помине за брзо. Немам некои други симптоми за мастит. Од денес ќе уклучам и чаеви од нане и пеперминт.
Како се приметува мстит? Градите ми се и онака меки и кога имав млеко Моево цица многу малце попладне или навечер некогаш мислам и дека сме рипнале ден и кога цица тоа е минута можда две, иначе се успива со шише млеко и сабјле исто пие млеко.. Сама некако престана не дека не и давав јас Ме интересира и по колку мл им давате... Она е година и два месеци сабајле пие 180 и навечер 180..