Тоа не може да не го приметиш почнува да жежи градата и ужасно многу боли. Не сум имала јас најчесто на почеток на доење се добива поради запушени канали. По 125 мл два пати на ден.
А кога им давате по повеќе пати да пијат млеко? Јас си мислам дека само пред спиење навечер ќе пие моето Или треба почесто да пие млеко? Оти во текот на денот има 3 оброци и 2 ужинки.
Сега со градинкава и давам по кола 125мл да испие и бидејќи веднаш легнува и ставам уште 100мл бидејќи само појадувала без ужина. А навечер не треба да му даваш воопшто и да му створиш навика бидејќи после миење заби треба да легне, а шеќерот од млекото ќе му ги нагриза и оштети забите многу брзо.
Мојата пие после појадок, тоа иде пред дремка. Пие поручекта на кај 4,5 и пие 1ч пред спање, мииме заби и ја успивам. И мојата пиеше млеко пред спање ама успеав да и го направам порано.
А после појадокот и ручекот нема ли ужинки? Мислам дека кога би му давала млеко на синко плус ужинки, нема да јаде.
Јаде и ужинка, само не многу количински. Пример во 9 појадок, во 11 млеко,кога ќе стане ужинка, па ручек кај 15, 15 и 30. Јас давам сега по 90мл млеко и не и иде многу количински па си јаде оброци.
Внимавај со тие апчиња мора дозата да ти одговара знаат да симнат притисок и да те пратат во несвест. Навечер се пијат пред легнување.
Сега прочитав во На срце ми лежи и срце ми се распрара Мајката подобро да се консултира со стручно лице, не верувам матичен да може антидепресиви да препише... немам зборови, пиши бриши и стварно немам... Тие за престанок на млекото, знам дека матичен гинеколог ги препишува..
Бромергон само со препорака од гинеколог, се пијат по шема или како што ке каже гинекологот. Антидепресиви препишува психијатар, но прво добро би било да поразговара со некое стручно лице, се надевам нема да требаат антидепресиви.
После 50 подои дневно и 10 навечер, решив доста е. Почна да бара на секои 15мин да цица, ми здосади и почна да ме нервира. Сабајле и дадов последно во 9, се тргна и после 5 мин пак ми вика мамо дај цицо. Ми се споија + и - . Нема цицо. Станав се намачкав со темно црвен кармин и на двете гради. Побара и покажав, “иии цицо има кв” и не сакаше да проба. Побара после еден саат пак, ама и текна и сама пак си рече “цицо има кв”. Сакаше да спие и пак вика “мамо дај цицо” и покажав, и и велам “дојди мама ќе те нишкам, боли цицето”, се согласи и за прв пат ми заспа во раце. Си го гушна мечето, ми се навали на рамо и заспа Во план сум да не го бришам карминот цел ден. Денес и утре сум цел ден дома, ако поминеме добро а знам дека ќе поминеме, за од вторник нема да е проблем пошо сум на работа половина ден. Искрено, сакав да ја одбијам следната недела кога ќе бидам на работа, ама реално не би издржала, пренапорно станува и доста е. 21 месец, дадов и повеќе од што треба, и дадов и млеко,и утеха, и имунитет и тука завршуваме. Големо девојче ми е веќе. Се договориме дека цицо боли од многу цицање, дека ќе го чуваме за ако некогаш имаме бебе пак. Дека ниту едно од нејзините другарчиња не цица,и дека е готово веќњ. Се согласи.
Женски малата ми има 10 месеци точно. Блиски роднини ми кажуваат коментари од типот Уште колку ќе ја доиш, Има така некои до 2 години ги дојат итн. Ниеден од коментарите не ме засегна, ниту допри до мене, освен комнтарот дека во лето не смее да се одбива бебе. Тоа точно е? Јас сакав до година да ја дојам и понатаму со кравско. Совет барам од вас поискусните. Ако не ја одбијам сега, ќе треба значи цело лето да ја дојам? Најискрено првпат слушам за ова. Фала
Да бе, тие што живеат на места каде стално е лето, доживотно ги дојат децата @Makedonka007 не се замарај, кога сакаш тогаш одбиј го детето, нема врска дали е лето или зима.