@Spidy @BabyT Епа глупави се прашањата шо да прам? Свесна сум, но исто и неупатена, па се ќе слушниш. Иначе на лето да не ја фатело запек или дијареа, не знам ти како, а жената породена пред 8 години Оки! Решена дилема за то, нема никава врска. Туку одма после годината почнавте да давате кравско домашно малку разредено? Или?? Ајде барем за ова просветлете ме, да си направам еден план за понатаму
Јас не сум ти некој репер бидејќи малата е алергична па пиеше од 11м козјо млеко. Инаку би давала ад.
Претпоставувам дека е по некоја логика дека лето топло, па да не дехидрира. Но сето тоа нема врска, @Makedonka007, слободно дои до кога сакаш, без никави ограничување дали е 5-10 месеци или лето - зимо
@BabyT* какво козјо млеко и даваш? И колку го разредуваш? Јас сакам да и дадам да пробам па ме интересира
Прво давав на Олимпус ама го немаше никаде после па земав домашно. Не го разредувам од почеток така го давам.
@paleska3 па така иди некако, фала ти @BabyT фала ти. Со кравско ќе почнам, ама има време, ќе испитам.
Ад до година, па некое време пола ад пола кравјо мешав, и после чисто кравјо. И тоа за кратко време зошто многу повеќе пие од кравјото отколку што пиеше ад или мајчино млеко. Кравјото го сака повеќе.
Касно разбрав за тоа. А и сега веќе доволно е голема за вакво. Туку тоа знаеш ли дали е до 1г само или како ад е према возраста?
3ка е после 12 месеци. Исто е како Ад. Јас не сум дала козјо, цица мојот, ама пие по 60мл секој трет ден Холе Ад кравјо за да продолжи да го пие кога нема да го дојам (не планирам да дојам повеќе од 9 месеци), па сум го видела и козјово.
Хаха и мене така ми рекоа. Или до кај јуни одбиј ја или после септември. Причината била - доаѓало многу млеко на лето и мастит се фаќало. Јас два пати прележав сред зима. Нема врска Прави како ти одговара. Инаку јас ќе си ја дојам и после 1-2 год како ќе дојди така
@Spidy фала ти. На кравјо мислам одма да ја префрлам, без Ад @Presrekna ќути аман, не отепаа од такви информации ширење До 10 месеци што не слушнав Фала ти
Исто ми велеа да не се одбива на лето, можно е да не прифати бебето никакво млеко, но ако пие вода можиш и во лето да го одбиеш, навистина можи да дехидрира доколку не пие др течности, на пр. Моево цицаше до 14 месеци, млеко друго не прифати, сок не, остана само на вода, пие по 1литро некогаш и повеќе во денот. Но има деца кои и вода не пијат многу, затоа останало "од стари" тој совет, кој "држи вода" според мене. Пред да го одбиеш пробај дали ќе пие др млеко, или др течност
Обавезно ќе пробам прво со кравско дали ќе сака, па потоа откажвање, оти не пие баш многу вода. Колку течности дневно треба да прима дете од 1 година? Од искуство? За точна мерка на нет ќе најдам.
Постои опасност од дехидрација ако не пие доволно други течности. Не се бабини деветини, ама како сакаш.
Ова држи вода. Еве мојава освен мајчино млеко и 20 мл вода никаква течност не прима. Баш се чудам кога ќе пропие. Ноќеска немав млеко не знам зошто. Имав страшна главоболка, дали ќе добивам циклус па од тоа е? На пола час бебе стануваше и бараше. И направив АД го плукаше. Па се напив чај за доилки, лактил капсула И кај 4:00 дојде млеко се нацица и спиеше до 8. А што кога ќе ја одбијам? Затоа ќе тераме со цице. А мене конкретно ми имаат речено за лето одбивањето е лошо заради мастит што ми нема врска.
@Annath Како да почнам и со кои други течности?? Вода и моето не пие баш, дневно околу 60 - 70 мл. Чај, вода, соков цедени?
Најчесто бебињата додека цицаат не сакаат друга течност, затоа што си ја гасат жедта од млекото. Со него добиваат се што му треба. Ретки се тие што прифаќаат друга течност, било вода, чај или ад. Мојата пиеше само вода и тоа минимлано. Како намалив со цицање, почна да се зголемува количината. Така да сметам дека поголемиот број деца ќе пропијат кога ќе ожеднат. Секако постојат и исклучоци, но ретки се тие што не пијат баш никаква течност.
Со ќерка ми лесно помина одбивањето.Останав трудна кога керќа ми имаше 13 месеци и цицаше уште месец и пол и после една ноќ се разбуди како по обичај за цицање, ја занишкав и и дадов водичка и заспа повторно и до ден денес( веќе има три години) си спие по цела вечер.Најверојатно млекото сменило вкус поради бременоста. А синчето веќе ке наполни 15 месеци и обожува да цица иако си јаде се за својата возраст и си пие вода, јогурт и цедени сокови. Навечер се буди еднаш до два пати за цицање и нема смирување додека не ја осети градата а преку ден три пати цица иако кратко.Едвај го чекам денот кога ке се наспијам како човек цела вечер.