Знам дека скоро се одбивте па додека паметиш, кога и како треба да се намалува цицање моево е 8 и пол месеци И цица 5-6 пати на ден. На два часа цице/оброк. Навечер 1-2 пати станува во 12 часа. Фала ти.
Се сеќавам дека до кај 9 и пол месеци имаше околу 5-6 подои во 24 часа. Потоа почнав да и намалувам преку ден, но полека. Навечер обично стануваше два пати тој период. Јас ги намалив полека денските, ги заменував со оброк и ужина и накај 10 и пол месеци ми останаа само подоите пред заспивање и во текот на ноќта еднаш. Потоа почнав навечер кога се будеше да не и давам, ја нишкав да презаспие, па остана само тој подој пред заспивање. По одбивањето малата пие околу 400 мл вода на ден, еднаш чај 100 мл, плус ад еднаш или два пати на ден. Напоменав додека цицаше едвај пиеше 100 мл вода само.
Исти случај. И мојата нејќи вода многу, пишав едвај 70мл максимум пие, некогаш 40мл. Ќе почнам значи со повеќе нудење. Не е научена ни на шише ни на Цуцла, и давав малку сега од чашка со клунче ни така сака. Само со лајче и давам уште. Препорака за чашка? Мислење? Тенкс
Завршив и јас со етапата доење Веќе трета ноќ како синко заспива без да цица, со нишкање нормално, и не ни бара да цица. Скоро 17 месеци траеше нашата успешна приказна за доењето. На почетокот тешко беше додека се научиме и двајцата, ама после беше песна Мило ми е што успеав и не се откажав првиот месец. Иако веќе 5 месеци цицаше само навечер пред спиење, сепак си сметав дека уште го дојам. Е сега, што пие кафана? Можам конечно да се опуштам со чашка-две вино
Читам назад мислења на мајки како лесно поминувале со одбивање и се надевам и јас на таква лесна приказна. Малата е 15м, веќе некое време размислував на темава ама еве денес се решив. Цица по цел ден дека сеа работам од дома, заспива со цицање, навечер се буди за цицање. Не можев да издржам веќе, стануваше цицањето болни пошо и растат заби. А голем цицач е.Па сабајле реков денес е денот. Од 7-8 сабајле нема цицано, од оваа гледна точка жал ми е шо не поуживав во тој момент ама тогаш не знаев дека ќе биде последно. И како го пишувам ова ми се нажалува душичката и размислувам дали да продолжам со одбивањето. Успеав два пати да ја заспијам без цицање, градиве веќе ги осеќам полни, ставив зелка и стегнав па ќе видиме како ќе тера. Уф ми се насолзија очиве, не мислев дека ќе ми биде толку тешко.
@SaNJaAaaAaa тука имам прочитано од некои членки дека кога ставале зелка им се полнеле градите, а не да им се намали млеко. Внимавај! @happygirl сечено коњаче за мене Како престанав јас да дојам ептен имам желба за алкохол, ми бара душичката и крај
Здраво мајки, моето дете е 19 месеци, цицавме до пред некој ден. Мислев дека ке биде тешко одбивањето но не беше толку страшно... Последниот месец цицаше само еднаш за заспивање, а во периодот кога бев пред добивање на менструација не сакаше да цица а мене ми се намалуваше млекото. Во таков период фактички и ја одбив.. сега сака само да ме чува со раката за града. Јас немав некој проблем, два дена имав како внатрешна температура, ми излезе херпес на устата се одмолзував во текот на денот. Заклучок: нема поубаво од доење
Не пишува цицо тука повеќе. Ќе пишам 2025-2030год евентуално. Штотуку намаливме подои скроз и се откажа од цицо, останав на одмор 10дена и удри на најјако. Иста прича е пак. Ми го избриша карминот ао марамче и ми рече дека цицо нема крв. Дополнително, ми кажа дека-цитирам: “цицо мое дете, мама не чепки” , и јас решив да не се плеткам во односот мајка-дете Ставив црвен пипер пред 3 дена и ми нареди “биши биби” - бриши го биберот. И така натаму.. патешествија.
Абе ко друго дете беше тие неколку дена, јадеше многу,играше многу и воопшто не и текнуваше, сакаше да заспива и презаспива со нишкање, сега надокнади скроз. Следно е купување фластери и лепење на цицо Ако и тие ми ги одлепи ќе се помирам со фактот доење до факс.
А ние што имаме деца Не јадачи, како да намслиме дневни пидои? 11 месеци,3-4 пати цица на ден, најмногу 5. Не рачунам ноќно доење
Ич неслушај други како што ти вели срцето така моето и 2год и 3м сеуште цица и мене секој ден ми зборуваат некои и ме осудуваат ама воопшто не допира тоа до мене оти јас знам каков проблем си имав со детето и зошто моето дете сеуште цица Уживај си.. Инаку јас планирам летово да ја одбијам т.е сега јуни месец, мислам дека повеќе ради тебе од жешкото ќе имаш мака со млекото БАРЕМ ЈАС ТАКА МИСЛАМ..
Мојата почна да јаде тек после 4ки некаде после 13ти месец. Кога прекина да цица ни млеко не пиеше. Ни јадеше. Па некако полека полека почна да јаде и да пие. Намали ги прво на три. Исфрли ги ноќните први. Ќе плаче ноќ два и ќе се навикне. Само вода за замена. После од три подој по подој укинувај на три дена. И рутина за замена. Кај мене мајка ми ја изнесуваше со количка надвор да ја успие. Нели само на цицка заспиваше. За две дена заборави дека заспивала на цицка.
Јас не можам да намалам, срце не ми дава, цица кога сака, сам доаѓа, тегне маица, вади цицка, стои и цица. Сеа со карантинов, веќе на саат време цицнува. Ама и си јаде. Ми се одложи и враќањето на работа, кога ќе одам, сакал не сакал ќе намали.
По совет на Анатх залепив хируршки фластери вчера, жени, ми ги одлепи и ми се изнасмеа во фаца. Не е можно веќе, ништо не успева Внука ми (5год) е на гости кај мајка ми и ќе остане тука 3 дена, сериозно се мислам да ја оставам, ама ако после бара да надокнади? Многу лошо се осеќам пошто не можам никако да ја одбијсм, дете почна да одбива храна пак, буквално од цицка преживува и тук-там по некое залаче минијатурно. Исфрустрирана сум,ме осеќа,се инаети и треска од земја ако не добие цицка.
Знам дека звучи грубо, ама ако ти се решиш дека нема веќе цицање, може ќе биде мачно за сите неколку дена и на крај ќе сфати дека нема и готово. Мене малата да ми се треска од земја за нешто (цицка, телефон, чоколадо, што и да е), под хитно би и го тргнала само затоа што ќе учи дека ако прави драми ќе добие тоа што сака. Знам дека повеќето мајки го сметаат цицањето за прекрасен чин, поврзаност со детето и слично, ама доаѓа момент каде тоа е само малтретирање кога детето секогаш и секаде цица, кога не може да заспие без цицката на мама, и за мене тоа не е во ред. Јас би ти рекла, кога веќе поблагите финти не ти успеале, треба да се охрабриш само, да не попушташ и кога ќе речеш готово нема веќе детето мора да се помири со новата ситуација. Да беше цуцла во прашање место цице, како би постапила?
Како успеа да ги одлепи мојов никако не можеше, иако пробуваше. Додуша, не се трудеше нешто многу многу, од прв обид се откажа. И јас не можев да ги одлепам кога сакав да ги извадам. Ич не знам што да ти кажам, кога гледам дека ништо не пали кај твоево...