Се надевам дека ке биде така бидејќи цел месец се молиме и никако да фати, секој пат поминуваме со плачки, вриштење и на крај секогаш завршува на цице.
Од моето искуство, најефикасно е само ако се разделени мајката и бебето неколку дена, вклучувајки и ноќи. 21 месец синко и уште цицаше, млеко имав, јадеше се, но млеко од шише никакож само доење,и по цела ноќ подразбуди се цицни... Сплет на околностите, забременав, но одбивање кога е со мене по цели денови и ноќи тешко, се само околу градата беше. Поради крварење 4 дена бев во болница, тие денови го зеде свекрва ми кај нив и на вториот ден веќе по литар млеко од шише почнал да пие. Јас се врзав на градите. Кога си го зедов дома пак бараше, и го вратив па се на се една недела бевме одделени за да се навикне од каде сега млекото ќе го добива. Ми се чини јас поголема траума доживеав, само плачев по него го жалев, ама наредното доаѓање и одма сам си рече 'не цице'. И си бараше сам млеко цуцла, ем најадено детето, ем ноќите почнаа на ноќи да личат, од 9 до 9 спиење да се виде.
Сим ми е речиси две години и сеуште цица. Неможам да го одбијам. Почнав пред неколку месеци, во јуни, и таман стасавме до едно доење навечер, се разболе и попуштив. Пред еден месец пробав пак, абе вриштење, плачење, и не бива, дадов пак. Се мачкам со сенф, ама разбира, бара да го бришам за да цица. Во јуни не бараше, ама сега знае. Маки, голем е веќе, плус се буди навечер да цица, наутро пред работа. Мислам дека му е доста. Најверојатно ќе одам со методот на одделување, ќе го пратам на гости кај баба му. Инаку во градинка пие млеко од шише. Дома цице, нејке шише.
Искрено да ти кажам и јас мислев да го спроведам ова и да го оставам барем на некој час без мене да не ме гледа, да изгладни па можеби ќе фати. Е сега проблемот е во тоа што живееме сами тој по цел ден е со мене. Често се случува и после кашичка да цицне, онака колку да почувствува некоја близина не дека му се јаде. Не знам колку ќе биде изводливо сето ова кога на крај остануваме сами и тој пак ќе бара цице.
Колку се поголеми толку се потешки за одбивање.Јас малата ја одбив на 8,5 месеци.Тргнав на работа малата одеше во градинка и кога се враќаше од градинка не бараше да цица туку само за успивање.Имаше веќе и запчиња и многу ме гризеше и сметав дека е доста па прекинав.Имав среќа што е малечка па не плачеше и не бараше и тоа ми беше олеснителна околност.Здравје за второво истото ќе го направам,мислам дека е идеална возраст за одбивање без плачки и трауми и за мајката и за детето
@lovepotion малечко ти е детенцето, незнам зошто му ускратуваш само поради тргањето на работа. Исто како @joy1 што ти кажа и јас би рекла така да правиш, многу мајки одат на работа па сеуште дојат.
@Kitten јас сум најмногу за тоа да продолжиме со цицање. Значи ми беше во план да продолжи да цица и кога ќе тргнам на работа а за тоа времр додека сум на работа да пие млекце од шише. Е сега проблемот е што моево дете цуцла не сака да смисли. Не знам колку сменив не сака и не сака. Кашички јаде но течности слабо пие само поради тоа што не сака цуцла. Затоа и помислив да го откажам за да имаме време да се привикнеме а не јас да тргнам на работа и да го мислам цел ден. А така верувам ќе биде уште потешко и за него и за мене. Ако во меѓувреме се привикне во ред ќе цица додека сака ама ако не се навикне не знам кој би го чувал а детево да плаче за цице. Сте го поминале сигурно ова ако имате некои совети добро би ми дошле, инаку главава ќе ми пукне
Не гледа цицка и нема ни да ја бара.Толку. Течности не пие ни мојата па никому ништо.Додуша освен вода друго не ни нудам нема потреба.За кравјо тетрапак исто ви е рано. Така да терај си со доење.Иначе ноќе ако почне за млеко да станува ке видиш што е мака.Топло млеко,па лади,па миј шишиња...
@joy1 а како вие се снајдовте кога тргна на работа? Нели плачеше или веќе си имаше привикнато на шише?
Ни плачеше ниту пак шише користевме. Јас раб од 8 до 2. Она си спие до кај 9:30-10 часот.И има еден оброк и една ужинка.
Мајки изгледа и моево дете конечно се одби по цели 17 месеци. Еве веќе четврти ден како не цицаме. Се мачевме цели 4 месеци со намалување, одбивање, ама сѐ поради некои причини попуштав. На крај пресеков оти и јас веќе не можев да издржам од болки (уште се опоравувам). Јас немам на кого да го оставам на неколку дена па го одбив сама дома со помош од маж ми. Првите два дена беше страшно: хистерично врескање, мавање, трескање од земја, без разлика дали дома или не. Срце ми се кинеше, ама издржав. Мислев ќе трае многу подолго, ама сфати одма и после смени. Ќе му текне да побара, покажува со прст и одма после тоа ме гушка и си заспива. Првпат моето дете почна да ме гушка и да се гали. Пред тоа јас не му требав туку цице. Тој цицаше последните месеци заради утеха и чешање непца (иако три месеци нема ново запче), а сега утехата ја бара во мене. Ниту фати шише, ниту пие млеко. Пие по малку вода од чаша, редовно си јаде. Јас уште го регулирам млекото без некој проблем. Се извинувам за долгиот пост, морав да споделам со вас.
Браво! Најтешко се одбиваат децата на таа возраст, разбираат и сами бараат... сепак сте успеале и гордеј се што за брзо време се навикнал без цице. Јас сакам да искоментирам за непиењето млеко. Не е страшно, знам многу деца кои одбиваат млеко и пораснале во здрави прави дечки. Дури од лекар имам слушнато дека подобро јогурт да пие отколку млеко. Зборот ми е, форсирај му млечни производи (јогрт, урда, павлака, кисело млеко) и со тоа ќе го надоместите калциумот.
Мајки, по колку време откако ги одбивте малите ви престана млекото? Јас веќе 10 дена како не дојам и кога ќе се притиснам си тече млеко.
Во соба за доење,дρ-κата објаснува деκа млеκо може да има и година дена,ништо стρашно,но имам исто читано деκа не тρеба често да "пρовеρуваш" дали имаш млеκо.
син ми еве веќе еден месец не цица се одби а кога притиснам пак тече помалку нормално е тоа некое време зашто не може скроз да не тече веднаш.