Не знам да ти кажам дали може пролактин да испиташ тогаш, на втор или трет ден од циклус беше, ама не сум сигурна. Напомени дека и тоа сакаш ако испитуваш хормони.
Како да ја одбијам кога она иако е 10м кога и се јаде ми ја тегне блузата околу вратот и го пика рачето внатре и ме гледа со насмевка и сјај во очите за да и дадам и кога цица си ја гушка со раците сама се мести легната... А згора на тоа само она од трите ќеркички цица благослов за мене е што конечно успеав и во тоа јас треба прво да се подготвам психички, инаку во градинка без цице заспиваше 7м беше тогаш можеби ќе ја одбиев до сега ама ради коронава нема шанси сега да ја одбијам освен недај боже ако морам
После 14 месеци доење решив да ја одбијам. Веќе 5 дена не цица и не ми направи никаков проблем. Но јас не може да помине ден а да не се одмолзам бидејќи ми се полнат градите и имам болки. Пред да останам трудна јас имав висок пролактин и пиев Достинекс 11 години. Прашањето ми е дали некоја имала сличен проблем како мојот и успела да ги среди градите без да пие апчиња? Пробувам без апчиња но сакам да знам дали е тоа воопшто возможно со ваква историја или џабе се мачам и си го губам времето
Како ја одби? Јас намачкав сенф. Ми го избриша со рака и продолжи да цица. Денес намачкав горчлив гел за нокти, плачеше 15мин, ја зема и продолжи да цица. Не и сметаше горчилото. Си поплакав од немоќ.. Се осеќам дека сум лута не детето ради ова.
Едноставно не и дадов да цица. Она никогаш ми немаше побарано да цица, ниту сега. А и никогаш не заспивала цицајќи.
Паметно. За второто ќе знам како не треба Мојава синоќа само за заспивање цицаше и сабајле во 5. Се разбуди 3 пати во сон,мм само ја занишка и пак заспа цврста. Сабајле и дадов да исцица што има насобрано,тешки ми беа градиве. Цицање онака асално пиење млеко. После дур стане од спиење уште еднаш побара мислам. Сеа пак со гелов сум, лизна и ми рече ја горчи. Ми побара млеко во шише сама. Со нишкање пола саат во раце заспа. Од вечер само со татко и ќе спијат.Гелов ќе го мачкам дури сама не се згади и не и текне дека не треба да бара. Не е толкав хорор ко што замислував. Држете ми среќа, овојпат сум на добар пат.
Многу сакам да те читам заради цицо. Јас од сега се плашам како ќе ја одбијам, бидејќи јас сакам да цица. Обожавам кога цица. Сеуште пијам чај за доилки и лактил само да имам млеко за да цица. Со лесно бременоста баш убаво мала разлика ќе бидат дечињата. Имам слушнато дека во бременоста се менувал вкусот на млекото заради хормоните. Можеби затоа не бара цицо. Како и да е на добар пат си. Среќнооооо
Од вчера сабајле нема цицано. Го изнаплачи цицо и се смири и помири изгледа.Го лизна-и горчи, па го гушкаше и плачеше велејќи “цицоооо”. И реков да не ми се лути, млекото се расипало од топлото време затоа цицо горчи. Мама сеуште ја сака најмногу, ќе го замениме горчливото со убаво благо млекце во шише. Некако брзо и помина плачката,5мин дали траеше. Цел ден не побара, ни за спиење дента ни па вечерта. Мм спие од нејзината страна па ја занишкувал 2-3 пати без да стане, и пак заспала. Ќе видиме денес како ќе биде. 22 месеци деноноќно љубење со цицо Си ја пораснав во девојка со цицо. Сега ќе го чуваме за бебето.
Цицо само со друг да поминува подолго време уште два три дена и сигурно нема да бара да цица никогаш повејќе. Чувај се собирај сили за друго бебе. Цицала доволно според мене. Може и тандем да било но сепак ке има скоро 3 годинки кога ке се роди бебе па реално нема потреба од цицо више. Нека остави за другото малце срциња кој знае како се приврзуваат. Јас може една од ретките што син ми не одби на 8 месеци. И како ке биде кога ке го дојам другото дете? Познавајќи го ке се лепи за мене. А мал е мојов 18 месеци ке има кога ке се роди бебево. зарем би ме разбрал кога би му кажала бебе така јади? Не... но сигурно би плачел и би се лепел за мене... познавајќи го... А каква мајка би била да не го дојам другото само заради вакви незгодни ситуации?
Зошто не згодни ситуации Хепи? Верувај ќе разбира повеќе од што мислиш. Додека го доиш другото него гушкај го
Да генерацијо, ве предварив Завлеков нога, ве чекам со @TeddyGrey. Фала ти. @Happyinlove Како сите така и моето.Ќе се одвикне. Еве ја бара сама млеко во шише, едвај пие по 30мл али битно пие. Сум и била маче јас на неа, па ми вика сабајле “маче сака цицо ти”? Ама не побара. Сеа дека и се спие почна да ме џапа али и ја остаив на свеки. Утре одам на гинеколог да ми даде нешто за прекин на млеко. Таман ќе прекине, пак ќе иде за 9 месеци
Дојде ред да пишам и јас овде. Бебе е 9+. Од кога почна да јаде цврста храна и како што намалувавме подои, тој почна да одбива цице или ептен ако му бутам да цицне неколку пати и толку. Скоро два месеци само навечер цица и преку ден неколку пати пред дремка зошто јас го терам иначе што е до него не бара. Иначе и тоа 'цицање' трае минутка и е онака. Последниве неколку денови, после пробиени четири заби горе исто и долни он само што ќе го ставам да цица ме каса. Намерно ги мести забите, ме каса и се смее. Пробав му викнав 'не , он се кикоти А многу ме боли, последниов пат дури и крв имав. Не знам дали е правилно да го одбивам, мислев барем до роденденот да цица, и ај со сила ќе му давав ама сега ни тоа не сака и ова со касањево ептен ме предомислува. Или е сепак фаза? Да напоменам дека јаде млечни производи без проблем пробав и со ад дали ќе сака во случај сам да се одбие, си го пие и тоа. Не сакам да избрзам, ако е фаза да не го одбивам, колку цица, толку.
Мојата на секој нов заб ме правеше рани. Е сега на тебе е дали ќе трпиш болки или сепак мислиш дека си завршила со тоа.
Не е за болката. Он не пробува да повлече воопшто. Туку само каса. Само што ќе го ставам ме каса пробувам после 5,10мин пак исто. Неколку денови по ред. Дури и се молзев ептен градите ме болеа.
На тебе останува одлуката. Ама штом си пие, јаде и цице му служи само за игра, подобро е додека не разбира многу
Синоќа сонував дека сум трудна оно ти си била. Со лесно, ќе кажуваш како е со зверка по дома и бебе, секогаш сум мислела дека 3 е идеална разлика. Поддршка и за одбивањето време е веќе, а и малку да се опуштиш и да уживаш во бременоста.