@Chanell* кај нас лесно заврши сѐ, ѝ зборував дека цицето е за бебето (не ни бев трудна) и дека е таа големо дете, а големите деца заспиваат со интересни приказни (имав претходно намалено на еден подој само за заспивање). Успеа некако. Дури следниот ден не ни побара да цица, па јас бев целата навредена... )) @Happyinlove што знам што да ти кажам. Кога се роди бебево мојава иако имаше скоро 5 години (4 години и 8 месеци) влезе во тешка регресија - сакаше да цица, да пробала од млекото, сѐ сакаше и таа да прави. Ама знам дека беше љубопитна па ѝ измолзив малце млеко да го проба, да помине веќе таа љубопитност. И секако нели, муабети дека мора бебето да расте, инаку без млекце нема да порасне... Сето тоа би требало да упали. @Мариаа. во принцип на касање се реагира построго за да знае дека не треба. Се прекинува подој и се прави построга реакција затоа што ако им е интересна ќе касаат само за да ја предизвикаат реакцијата која ги смее. Во однос на одбивање или не - тоа е твоја одлука, малтене и негова, па како ќе е за вас најдобро, така. Во секој случај нели ќе треба да продолжиш со формула барем до година дена. (Мене педијатарката ми викаше до 18 месеци со формула, а тек после кравјо). @Poppins дефинитивно испитај пролактин.
@Kaetana јас ептен му викнав гласно 'не' почна да плаче и наредниот пат пак исто. Само што го ставив он ги мести забите и каса,после се смее. Да пробам со силиконски брадавици или повеќе ќе зезнам работа така? Баш се молиме да цицаме, воопшто не е заинтересиран.
Сваќе, пораснаа бебушиве! Среќа што снашкава твоја нема заби. И без нив каса ама не е страшно. Кога ќе И викнам се смее на глас и уште повеќе каса. Како игра и е. Ако прекинам подој се пика во мене и бара. Инаку е сраствен цицач. Само навечер заспива со цицање, но сака 5-6 пати да се наврти. Да видиш која радост е кога вадам цице. Скока и се тресе од радост. А твоја одлука е прекинот со доење. Јас заради таа незаинтересираност на синко и касање го одбиводбив на нецели 11 месеци. Станав едно утро и реков повеќе не му давам. Се врзав со шарпа силно во градите и да видиш за чудо воопшто не побара. Што и да одлучиш како мајка е правилно Поздрав и гушни ми го зетко
Не би со силиконски. Ако сакаш повеќе да цица и да не си "игра" пробај тактики како во скокот што е околу 3-4 месеци кога не сакаат да цицаат - зголемување контакт кожа на кожа (пред да пукне летото)… гушкање, нуди во затемнета просторија каде што е тивко и нема многу работи кои би му одземале внимание. Колку цица зависи и од тоа колку јаде. Затоа што гризи, не го дои кога е гладен или поќенкав.
Големиот го доев една ипол година, и кога почна да каса најефикасно беше да се воздржам и да не реагирам на тоа. Се друго му се чинеше како игра и му изгледаше нему интересно. За одбивање одлуката е твоја, можеби и му е само период, но ти ке одлучиш и ке осетиш сама кога е право време за тоа.
Синко ме касна два пати. Еднаш кажав не и го тргнав, му беше смешно. Нареден пат ме касна баш силно и јас речиси рефлексно викнав не. Се натажи многу, ми падна ептен криво, очи полни солзи. Ама од тогаш веќе ме нема каснато. Сега уживаме во цицањето. Имам забележано дека некогаш, кога е расположен за јадење, да бидам искрена тоа се има случено 10 пати до сега, ке изеде 200 грама каша и пак ке цица, некогаш за пола сат, некогаш за еден сат. Вода не пие, по неколку голтки одвај. Јаден, не јаден, синко цица. Немам надеж дека ке сака адаптирано, не сака шише да фати со мое млеко, а не пак со ад. Изгледа ке цица до година и пол како што стојат работите.
Кога те читам тебе исто како моја приказна скроз исто незнам што ке ср прави. Јас пробав со сенф со луто излиже се и пак продолжи да цица.
Со лесно .... Ова ми е најтешкиот дел досега од мајчинството, одделувањето од омилената работа на свет за неа. Мачкај, од нешто ваљда ќе се згади :/
Преку ден и додека не дојде време за спиење од сенфот не цица ама која му се приспи што и да е мачкано излиже и продолжи. За вечерно време е најтешко
@Chanell* честитки за бременоста, и за одбивање од цице И мене ме чекаат изгледа исти маки како твоите може до некафе. И јас сакам да ја дојам. Многу ми е убаво. Се радувам кога ја гледам среќна, нацицана. И јас како @Presrekna уште пијам по два литра чај за доилки, а размислувам за намалување на подои Не сум арна.
Мајки, што мислите, дали со прекинување на доењето опаѓа имунитетот на детето? Полека и јас се спремам за одбивање, но никако не можам да се решам.
Мислам дека зависи од возраста. Не е исто одбивање на 5 месеца, на една година или на 2 години. Мене малата еднаш до сега ми фатила вирус, и тоа беше додека сеуште цицаше. Од кога ја одбив имаше само бактерија во носот, болна не била.
Колкави сте? Додека генерацијата моја размислува за одбивање јас сеуште си ги фаќам градите да видам дали имам млеко. Преголема желба. Ќе си дремиме на одмори во школо да цицнат и да се вратат на час Шала на страна знам дека околу година најбезболно е одбивањето и за бебе и за мама, но толку уживаме двете што мислам кај нас ќе потрае и покрај тоа што натака ќе имаме поголем проблем за одвикнување Јебига
За десет дена ќе полни година Неможам да ја одбијам. Што ке јаде неможе цел ден кисело млеко и палента. Нема што да и дадам освен цицање, инаку радо би ја откачила за преку ден. Млеко непие.
@Presrekna @srekice доењето треба да трае онолку колку што сакаат мајката и бебето. Не се водете по туѓи примери. Врската е меѓу вас и вашето бебе. Сѐ додека двете страни се среќни и задоволни, нема потреба да се водите од околината или некои магични бројки на месеци наведени како "погодни" за одбивање. После година, подоите самите ќе се проретчат. Детето ќе е сѐ позаинтересирано за околината, но ќе има периоди кога повторно ќе е закачено за гради како новороденче (заби, скокови и сл.) Во секој случај нема да е вака како сега интензивно. Само на периоди. А не е вистина дека постаро дете потешко се одбива. Ќерката толку лесно прифати нецицање што јас бев повредена и следниот ден после одбивање лежев до неа и плачев. Будала. )) Ама брзо ми помина.
Фала ти бејб за пишаново Ептен уживам, ужива и она. Многу е дива и бесна, ама за цицање е многу умна и нежна. Иако искачаат заби, она не каса. Се надевам така и ке продолжи. Си бара близина душиче. Се надевам, ке биде како што велиш. Период и ке помине
Фала ти мила секогаш со брз и конкретен совет. И мене синко ме откачи од прва и бев навреденано не беше некој цицач. Ова кога гледа дека ја вадам градата за цицање се тресе од радост и ништо не ја интересира. Знам дека ќе ретчат подоите, ама близината е тоа што повеќе им значи од млекцето. И Фала за примерот дека големо дете може лесно да се одбие. Искрено имам страв од тоа ама може ќе сум среќница во тоа. Те
За одбивањето, до детето е, не до возраста. Големиот го одбив на 13 месеци, малово подоцна на година и пол. Полесно го одбив второво иако беше поголем зависник од доење за разлика од големиот.