Градиве ми се меки ама мнооооогу болни на допир. Уствари не баш маки, на моменти се потврди на некои места Ама боли ко да сум се удрила во нешто. Вчера се измолзив малку, ама бетер сум денес. Да ги стегам ли? Една недела како не цица.
Тесен градник, чај од жалфија, одмолзувај само колку да ти олесни затоа што секој допир е стимулација. Ладни облоги или листови од зелка со сукало исправени.
Чај од жалфија никаде не можам да најдам,нема по аптекиве. Вода едвај пијам по две чаши на ден. Зелка зошто мислам дека поголем проблем прави, мислам @Annath ја имав така нешто читано. Носам тесен градник стегнат, вчера после одмолзувањето ми беше супер сега боли ептен. Ладни облоги од што,какви? Крпи со ладна вода?
После одмолзување ладни облоги или зелка. Немам податоци дека зелката би била проблем, ама чекам да видам @Annath што ќе каже. Ладни облоги од било што. Што ти се наоѓа. Идејата е да се затворат каналите за да не се собира млеко.
Кога ја одбивав мојата од што ми беа полни со млеко, докторот ми рече да се измолзам и со некоја крпа, марама да ги стегнам за да неможе да се полнат. И секој ден по многу малку се измолзував колку да ми олесни, е сега јас пиев и бромергон апчиња, тие се за престанок на млекото но ми беа дадени од доктор, ми беше кажано со течности и млечни плечни производи да намалам 10 тиот ден ептен спласнуваат и не се лачи млеко.
Цел месец, во една тегличка има 30 апчиња. Првите десет дена едно апче го Делев на половина и го пиев сабајле и навечер, бидејќи имаат негативно дејство од што се јаки, те тера на спиење, лошење, ти паќа притисокот. Така ми беше кажано од докторот, после десеттиот ден почнав по цело апче наутро но веќе организмот ми беше навикнат не ми се лошење како првите денови. И се пијат на најадено.
Јас го одбив пред два дена ама имам млеко и многу грутки и мене ми препиша бромергон. Една половона ја испив пред два часа и засега не осеќам ништо се надевам така ке остане.
Се зависи и од организмот. Наутро кога го пиев имав вртоглавици и ми се спиеше многу, а навечер пред да си легнам го пиев и не осеќав ништо. Можеш да пробаш некаде после десеттиот ден цело апче да го пиеш ако немаш проблем и тогаш подобро е цело апче. Јас пиев бромергон и плус десет дена вибрамицин, но моите беа страшно отечени, многу болни на допир. За грутките само туширање со топла вода, т.е масажа ќе правиш на тоа место каде што се грутките. Ќе ја дигнеш раката во вис а со другата ќе масираш и ќе се изгубат грутките, после тоа градите да ги врзиш со нешто или некој тесен градник за да бидат стегнати да не се полнат со млеко. Како ќе минуваат деновите се помалку ќе се полнат и ќе болат.
Зелката ми ги преполни градите, гинеколог ми кажа дека го влече млекото затоа е подобар избор за почеток на доење, отколку кога прекинуваш. Јас се наредив со зелка кога прекинав да го дојам малото, градите буквално ми се преполнија со млеко, се згрутчија и ме болеа многу. Се измолзив целосно, се стегнав, а пиев и Бромергон.
Zenicki moj sovet je da si posetite lekar i da vi dadat inekcija ili tabletki za prestanok na mleko posto jas mn jako go okrkav .. so lisjava so zelka i so borovata voda mi se napraja gradite grutki i grutkute natre mi zarastija i morav incizija na zivo da pravam zatoa ne slusajte babi zabi ima lekari posetete ... Pred da vi bide poloso
@Chanell* земи чај од жалфија од билна аптека,сигурно имаат. Не сум од Ск,ама знам дека имаше таму некаде кај Собрание.
@Annath зелката нели има дренажна функција и затоа се препорачува и за отоци, третман за мастит и кај одбивање. Веројатно кај жени со хиперлактација или кај жени кои имаат повеќе млеко при одбивањето би направила ефект како кај тебе... Инаку ако одбивањето е постепено (со намалување на подои) помага при нелагодност во комбинација со мало одмолзување колку да се олеснат градите. @Melinda23 не мора секоја жена за одбивање да оди на доктор. Ако одбивањето се направи плански и постепено, и ако не е прерано (она што нашиот организам го смета за порано) тогаш нема никаква потреба од апчиња ниту инекции. Јас со првото дете поминав без ништо. Ниту чај, ниту градник тесен, ниту апче... Буквално ништо. Ништо чудно млекото да се имаше драстично намалено (ако не и секнато) и пред да дојде денот на одбивање.
Ќерка ми наполни 2 години пред месец и еве ја два дена не бара да цица,инаку цицаше еднаш или два пати на ден, незнам дали ако побара да цица смеам да и дадам, дали имам млеко и какво ќе е после 48 часа не доење.
За смеење смееш во секое време да ѝ дадеш. Дали имаш млеко, не би знаела да ти одговорам, ама во секој случај не е расипано после 48 часа.
Не сум ни јас од Ск, за еден чај не ми се исплати да одам Овде кај мене нема никаде чај, дефицитарен бил. Денес уште повеќе ме болат и ги осеќам тврди. Ќе го кркам подебелиот крај јас. Преосетливи ми се брадавиците не можам да допрам за да одмолзам ко што треба.
Осетливи ти се дополнително што си трудна. Да пробаш да ги испразниш скроз и да ги стегниш со дебел завој.
@Chanell* немој жалфија,мислам не во твојот случај,трудна си,знам дека влијае некако на хормоните и може да предизвика контракции Иначе по пазари треба да ја има кај билкарите.
Од трудночата уште повејќе ти се осетливи. Не пијај чаеви него прашај гинеколог да ти дозира бромергон мислам смее. Јас само облеков мал градник спиев со тој тесен никаков два дена и ми олабавија. Ама тогаш не бев трудна