Не пијам ништо сепак. Земав чај од нане само, ама еднаш зе напив. Одмолзувам и стегам со еластичен завој. 8 ден денес, ај може ќе се смилуваат и ќе спласнат. @Happyinlove Ја и не трудна не би пиела Бромергон не па сега. Докторката не е за таблетарна терапија, само одмолзување и стегање на градите со марама ми рече. Пред два дена го стегнав градникот скроз и кога станав ко камења да имав, тврди тврди
Стегај се Ајде нека попуштат нека не те мачат... Кај осетливи па и болни топки... Види под туш масирај ги со топла вода ке попуштат изгледа...
Го имам истиот проблем, пробај да му даваш да цица само пред спиење кога е поспан и сабајле после будење. Преку ден кога е расонет и си игра градата ја перцепира само како играчка и гризе место да цица, засега само ова успева...ќе видиме до кога
Веќе 3 дена како не цица, сабајле побара, не и дадов се наљути малце ама брзо и помина, градиве ги осеќам меки, не ме болат се надевам дека нема да имам некоја компликација деновиве со градите. Некоја од вас да сподели искуство колку денови не доење се нормализираат градите, што да очекувам.
Кај мене некаде 3,4 ден се сврднаа, ако добро се сеќавам, веќе 7 ден беа како да не сум доела. Ама индивидуално е,и битно е колку количински цицало.
Не цицаше нешто многу, навечер пред спиење и во текот на ноќта ако се разбудеше. А ти што правеше кога се стврднаа им ставаше нешто, се стегаше?
Јас од болка и паника ја одмолзив, облеков градник што го носев пред да останам трудна. И кај мене така цицаше пред да ја одвикнам.
Значи стварно сум разочарана мислев ќе го одбијам од цицање ке почне да јадр барем малку. НЕ значи бетер буквално на смоки живее уште два месеци 2 годинки ке наполни а само чоколино, млеко и бесквиди и пржен компир без леб само тоа јаде и барем тоа да се најаде ама нр само неколку лажички и толку. НЕЗНАМ што друго и да му дам се плука
Рано ми е за ова, ама искрено ме фаќа страв, со цицање се смирува, со цицање заспива... Како успеавте, некој трик?
Зависи кога сакаш да го одбиеш. Најважно при одбивањето е да се прави постепено, со месеци малтене. Плански. Да се намалат подои многу постепено, затоа што така е подобро за бебето и не е стресно, а е најдобра варијанта за мајката од аспект на количина на млеко, хормони, депресија. Со такво одбивање најчесто нема потреба од апчиња, чаеви, стегање на гради, ризикот од мастит е многу мал. Јас така направив. Долго време ја доев само за заспивање. После тој подој го сменивме со читање приказна. Многу лесно поминав (јас). Ќерката помина супер. Буквално се разбравме со збор дека цицето го оставаме за бебето затоа што е таа многу големо девојче.
Јас вака направив без да знам за ова, така се погоди. Може 3 месеци само ноќе цицаше. Сакав да ја одбијам ама не форсирав. Една вечер случајно заспа без да цица, а до нејзе бев. Таа вечер решив дека е доста. Градите малце ми се стегнаа, само една вечер. Третата или четвртата. И толку беше.
Последниот подој и беше пред спиење на мојата, нуди вода цело време, една ден ќе прифати И не и давај цицка само за да се смири, јас така правев и ми висеше на цицка на секој 15мин.
Исто и јас 2 месеци само навечер цицаше и ноќе 1, 2 пати или ич, млекото се намали, ко прекинав воопшто не се наполни градата ниту еднаш, нз како е можно, 14 месеци цицаше, ич капка ни една не протече, дури си мислев и дали сум имала млеко последно?
Исто и јас како Теди постепено и намалував подои како растеа оброците. Остана на еден подој пред да ја одбијам и немав никаков проблем со градите. Седмиот ден само ми се стврднаа малку и беа поосетливи, ама спласнаа за два дена. Убав период беше доењето за мене, мачно ми беше само последниот месец некако. Беба од старт си цицаше, ниту еднаш не дадов адаптирано кога сите ми викаа гладна е, слабо ти е млекото Си поплакав малку кога беше дефинитивно крај, имав грижа на совест, а дифтаров мој веќе не се ни заврте кон цицка.
Zdravo majki da prasam dali nekoja bila vo slicna situacija.. Malata ja doev mnogu kratko prestana veke dve godini kako ne cica, no gradite koga ke gi stisnam po edna dve kapki sekogas izleva mleko.. Zosto e ova vaka stvarno ne mi e jasno.. Sovet sto da pravam??