Не би требало да е ништо страшно, се случува..но не е лошо да провериш на доктор чисто превентивно, да си мирна глава..
Готово, се помина во најдобар ред. Градите спласнаа после 9от ден, немав болки ниту други проблеми. Не стискам да проверам Завојот баш ми помогна, два дена ги држев градите врзани и мислам така престана полнењето на градиве. Денес е 15ти ден како не цица, и неа и мене супер ни дојде променава.
2 год и 1,5 месец, детето ми порасна. Денес го почнавме процесот на одбивање. Сабајле ставив една капка кафе (тоа ми беше при рака) и вика: цицето какано....по 2-3 саати пак побара цице и ставив само една капка кечап. Плачеше, ми вика: мама миј цицето....па лизна малку и не и’ се допадна. Заспа гушната со цице, го галеше и си повторуваше: цице нема млеко. Мајки, одбивањево ми дојде пре, претешко. Цело време плачам денеска, срцево ми се кине. Многу се измачив додека да ја научам да цица и еве сега дојде време за одбивање. Морав да се одлучам бидејќи планираме повторно ивф-борба.
Одбивањето испадна успешно, сега кога ќе види цице сака да го погали и да го баци, јас немав проблем со млекото и градите, арно ама еве нешто се случува со циклусот. Дали кога ги одбивте имавте некои промени со првата менструација после одбивањето? Еве кај мене се случи после 9 дена откако ми заврши пак да добијам, незз дали е поврзано со одбивањето и хормоните или нешто друго ми се случува.
Да мене ми се случи. 4м добивав од 15 до 20 дена. Сега е 5иот месец, бев на гинеколог рече се е ок, овој месец треба да добиеш редовно. Чекам сега за 2,3 дена да ми дојде, ама битно поминаа доволно денови.
Значи можно е до одбивањето да е, ја барав матичната по телефон и не ми се јави. Ќе пробам пак да разговарам па ако каже дека е потребно преглед да одам зошто сега и не ми се оди по доктори.
Јас и ја објаснив ситуација на мојата докторка и кажа да дојдам. Не спомнавме одбивање ама јас си го поврзав затоа што се случи одма со првиот циклус после одбивање. Незнам каква поврзаност имаат ама друго се е во ред. *само ми кажа дека на телото се случило некоја промена.
Здраво, 11 ипол месеци е сакам да го одбијам бидејки цица преку ден само за да заспие, навечер цица околу 21 и заспива преку нок ми се буди на 2-3 часа и не заспива без да цица, пробувам да му дадам вода ама се буди и мн плаче, денес пробав да му дадам домашно к. млеко но не сакаше, и пак заспа со цице, само вода пие од шише и тоа едвај 100мл на ден... Ве молам за некој совет како и што да направам.
Мајки, во план сум да го одбијам малиот. Точно годинка е, цица само пред спиење, има две дневни дремки и навечер станува еднаш или двапати. За преку ден ќе го оставам кај бабите, ноќниот ќе го терам уште некое време. Ме интересира дали им давате АД млеко пред дневните дремки? Има 3 оброка и 1 ужина после првата дремка и ми е страв да не му е многу со АД.
Зарем со чаеви не оди многу споро намалување на млекото? Дека спомна нане а јас го пиев по една шоља дневно кога малата имаше грчеви и воопшто не делуваше на млекото. Значи ете ја поврзаноста и кај мене, дури сега укапирав Ја одбив во ноември, до март добивав на 20 дена па отидов на гинекологог и баш тоа ме праша, колку време не цица. Немаш потреба од ад ако сакаш да му ги тргнеш дневните подои. Ако се само пред спиење тогаш само гушкање, галење... И ако може уште некој да ти ускокне на помош за успивање би било супер. @Mimmi39 со лесно мајка
Па и кога ќе размислиш телото претрпело промена, може и нормално е. Еве 5ти циклус ми се врати во нормала. Околу чајот од нане и јас се чудам. Кога се породив во болница ми даваа само таков па имав млеко уште 2 ден.
Овде за намалување млеко се препорачува пеперминт. Тоа е намалување на млеко. И салбе (чај од жалфија). Другите течности на мин.
Ајде кој има искуство да сподели... Малата ми е скоро 8 месеци цица уште од самиот старт има добри два оброка несакам да ја одбијам бидејќи уште е мала,сакам само да пробаме да ја преспива цела ноќ.Почнав да пробувам преку ден да не и давам да цица пред спиење бидејќи тоа ја асоцираше дека треба спие и давам кога ќе стане и тоа ни успеа,е сега пробувам и навечер кога ќе стане да не и давам да цица туку да ја презаспијам мислев дека е гладна но изгледа навика и е..имаше тема од dr.goodnight дека навечер бебињата треба да знаат дека не е врме за јадење туку за спиење,вие какви искуства имате.
Бебе што цица е многу тешко за програмирање посебно навечер. Тоа не станува за да те буди туку има потреба од тебе и од близина. Ако сакаш да цица ќе стануваш колку и да е тешко. Моево 11+ сеуште убаво цица, имам среќа од ко е родена по еднаш ноќе станува за цицање. Но има периоди, скокови, настинка, дури и обични вечери кога станува 14863257855 пати. Само што ќе ја земам презаспива или пак 2 часа играме( ова ретко многу) До детето е. Дури и да го одбиеш може пак исто да станува. Синко на 10+ го одбив со надеж да спие. Престана ноќе да бара млеко вода околу 11 месеци, но се будеше ноќе по 200 пати и тешко заспиваше до 4 год. Те утешив