Земав АД да и правам од кашиве на Хип без млеко што се, не сака да ги јаде. Кажете ми кравјо млеко кога почнавте да давате како го разредувавте ?
Кашите ги правев со малку мајчино мелко измолзено но најчесто не ставав ништо.Овошјето си има сок како и сварениот зеленчук
Ако не пие Ад, нема да ти прифати ни во кашици кравјо. Сите млечни нс Hipp мк ги мрази малата. Со вода прави ги.
@Kaetana Те повикувам на помош. Сакам да почнам да ја одбивам постепено. Веќе почна да е мачење. Навечер посебно. Од 3 се буди на секој час. Неможам со плачки и трауми да ја одбијам. Давај совет како најбезболно да биде за двете. Постепено, макар и месец-два да трае
и јас морам да намалувам веќе, не дека сакам, ќе кажат од денес за утре за градинките и ќе имам проблем. Се одложувам. И ноќните да ги отфрлам, ама немам срце, кој цицач е, а слаб е, месециве што излегоа 4ки и 3ки сите, на млеко живее, 9.200, сп 2 до 4 столици дневно, крвна слика има одлична, и турбо е, го трчам минимум 2 пати дневно надвор, но би сакала повеќе да јаде, од јадач стана "пробувам и вадам од уста и станувам од хранилка сам". И не можам да го залажам, кога решил да цица, ќе се дере ќе урла, ќе ме соблака дали имало луѓе или не, гајле му е. Надвор не бара ама топло е по цел ден да сме надвор. Пред некој ден 4 саати не цицаше, спиеше, па јадеше и надвор, имав грутки во градите, морав да му дадам. Повикувам и јас на помош.
И тоа не се знае уште. Но, ти барем ке го пуштиш во градинка. Јас јок. Дадов отказ, и сега и слугувам на принцезата Вчера цицаше два пати. Али денес надокнади. Јас не нудам, ама и не ја одбивам. Кога се треска веќе, морам да дадам. Еднаш ја шетам, па ја залажувам. Но јас имам и проблем, што она јаде само одбрана храна. Пет работи се. А гладна е секои два часа. Она нема ужинки Една мајка ми кажуваше дека ја одбила малата на 18 месеци. Два месеци и требало за постепено. Секоја вечер, кога ке се разбудела ја нишкала. Да презаспие, и наредно будење тек и давала да цица. Добивала постепено на време. Вика умрев, ама сама без плачки. А за преку ден со кармин црвен на гради, и викала расипана е и престанала да бара.
Кај нас нишкање не палело никогаш, затоа и ми беше (уште е) прелесно. Легнувам, цица и кома, да земам да го нишкам се издига.. а спие од 6 ипол 7, до 6 сабајле, и тоа ми е раат, веќе до 10 часот утрото цица 3-4 пати, сами сме до кај 5, си игра со татко му малце и надвор идеме и до 7 е заспан. Практично ние цело негово будно време сме сами дома. Сеа тоа си размислував кога пишав, не сум психички спремна за намалување. Планот ми беше до 2 год. Од сабајле и наутро да дојам, со тоа што ќе одеше во градинка од порано, ама ете...корона.. и сеа ме фаќа паника. Да знам дека сум дома ќе чекам сам кога ќе сака да се реши. Бар знаеш дека ќе си дома и ќе порасне и може магично ќе престане . Јас ќе си одам со пумпата на работа, очигледно.. сама ќе сум си крива, никој нема да ми е крив ако имам проблем, имав 2 3 месеци да се решам да намалам.
Исто и моево. Деновиве мислам 100 пати се буди. Во скок, јас добив и плус горе двојки вади. А и нешто доле ке искача. Многу тешко вади заби.
Женски гледам веќе си знаете, ама ај. Чисто како инфо - сѐ што прават вашите деца во моментов е сосем во ред. И цицање милион пати на ден, и заборавање да цицаат кога нешто е поинтересно и им одзема внимание. Финтата со одбивањето е да се одвива спонтано. Но мое мислење е дека малечките се уште мали во моментов за да може да задржите некое фиксно темпо, затоа што ете уште со заби имаат мака и сл. Би ве утешила дека и да се почне со градинка, не е така страшно. Макар и да е од денес за утре. Ние така почнавме. На година и месец тргна во градинка на адаптација. После тоа, одеше стандардно. Можам да кажам дека преку ден во градинка немаше проблем, а после дома цицаше скоро цело време. За викенди знаеше да е уштекана цел ден, ако одмаравме дома. Ако шетавме некаде, можеше да не побара со саати. Кај повеќето мајки лактацијата сама од себе ќе се поднамали и прилагоди према ова (лудо) темпо. Доењето тука веќе станува повеќе блискост и алатка за совладување препреки и фрустрации отколку примарна храна. Иако млекото има супер хранлива вредност и имуни фактори. Ако сакате да намалите, а сте дома, почнете со играње. Ако бара, пробајте да го заиграте да заборави. Понудете некоја интересна а здрава ужинка. Јас нудев некогаш и здрави колачиња (јаболко се ренда, се меша со пасирана банана, малку кокосово масло и цимет, и со лажица се пече на хартија за печење кратко). Ако ептен не бива, и има плачки и нервози, дајте да цица, ама пробајте некако да го скратите подојот. Секако, да не е стресно и да не е со нервоза. Повторно со играње, или некој друг примамлив метод. Дневните постои така можете да ги развлекувате. Така ние стигнавме до еден подој само за заспивање. После се случуваше за петките да се буди цела вечер па пак да цица, ама кога веќе подолго време подојот остана да е само за заспивање, пробавме да го скокнеме и тој. И сѐ беше во ред. Освен со мене. Ама после и јас се средив. Имајте на ум дека брз пад на пролактин не е во ред за мајката. Делува на психа, знае да предизвика депресивни чувства. Затоа се препорачува постепено. Два месеци не знам дали ќе се доволно - зависи од тоа колку подои се сега во 24 часа. Но само вие знаете како оди и како се полнат гради. Ако ви се наполнат, одмолзувате многу малку, колку да си ја олесните тензијата. Полека и со лесно.
Јас ова го знаев, ама сега малце си го потврдив. Дали е хипотетички можно за 2 недели што во 9 часа биле 5+ подои и да немам проблем. Толку ако трае адаптацијата во градинка. Кај мене ни здрава ужинка не пали ни игра, сум пробала, единствено да го шетам надвор, сок не пие, вода многу малце, ама цица и ако по некоја случајност оставам 2 ипол часа +, од едната ми се растекува, а на другата грутки имам. Јас не сакам да го одбијам, болката ми е да не имам проблем, па да те треба скроз да го одбијам. Мислам дека тогаш мн ќе ми биде тешко. А дека треба да намалам, треба, ама ептен сме во неизвесност со градинкиве, но како и да ќе се почне некогаш. Толку глатко ми одеше доењево и спремна бев многу уште од болница, ни мака видов, лесно одеше, сега нешто ме фати криза кога ќе дојде време да се делам. Или ќе си одам со пумпата во ташна на работа, сеа да не се замарам многу
@Kaetana, @drugarka Јас можам некогаш и два пати да ја надојам дневно. Само за заспивање, и тоа, сега се заучи. Последниот месец. Ама знае и сто пати да цица. Зависи од денот. Кај мене ужинки здрави не палат. Она, стварно ништо несака. Цело време е едно исто. Ужинка и е смока или бисквит. Од друго се гади. И тука настанува проблемот. Ја нудам нешто што несака, и она после нејаде ништо. Бара да цица. Колку можам ја занимавам. Но мора да намалам, бидејќи иде зима. Ке нема толку шетање како сега. Ке и бидам жив плен А за да тргнам ноќен подој, треба прво денските да ги скратам нели.
Сакам пoлека да гo пoчнам прoцесoт на oдбивање. Какo е наjдoбрo да биде, да скратам дневни или нoќни пoдoи? Сега има 10 месеци дo гoдинка сакам да jа oдбиjам.
Зависи колку цица? Мојата цицаше преку ден на 15мин, а навечер по 3,4 пати. Прво ги скратив денските затоа што ми беа многу напорни.Кога и да побараше одма и барав занимација, да заборави тогаш за тогаш и се така. Како ги скратив денските почнав навечер да нудам шише вода, упорно додека една ден туку така ја прифати и толку беше. Кога и да плачеше за цицка јас водата, на почеток се фрустрираше ама брзо ја прифати.
Мене ми беше како кај @srekice - немав мака со градите дури и цел ден на работа да го поминев. Ама некако спонтано стигнавме до тоа. Прво цицаше сабајле пред да одиме, па после јадеше дома.. па едно цицање како пред ручек.. па ручаше.. и така некако помина времето. Па испаѓаше да го скокнам само тој еден подој додека сум на работа, и немав мака. А после тоа за викенди пример знаеше сто пати да цица на ден. Ама немав мака после со градите. @drugarka не знам како ќе е кај тебе, ќе мора да видиш. Ок е да се малце тврди и да имаш тензија мала, ама во никој случај да не прерасне во мастит. Зависи колку млеко имаш од аспект на тоа дали патиш од хиперлактација. Мораш да пробаш. Знаеш - одмолзување само да ти олесни. Во принцип начинот за планско одбивање е тој. А ако оставите природно да дојде, самото некако се реди. Што знам. Не дека свесно и со умисла кратев подои. Едноставно се случи спонтано, према обврските и достапноста и времето поминато заедно. Така дојдовме до тој еден подој за заспивање..
Јас почнав од завчера со кратење на ноќен подој. Цица пред спиење, и првото будење ја презаспивам без града. Купувам на време. Не се откажувам. Нека трае и два месеца ако треба. Само да не ни е стрес на двете. (Знам како е да откажеш цигари наеднаш, а не цицка) Дневните не ги пипам, 2-3 се. Нека, си цица. Впрочем, јас несакам да ја одбијам. Само да го средам ноќниов подој и спиењето. Ќе пишам update џа една недела, како оди Wish me luck
@Kaetana благодарам за советите, иако си тапкам во место, ќе пробам нешто да сменам да намалам лактација. @srekice чекаме апдејт, со среќа. Јас не знам као да се справам ноќе без цице, ако го нишкам се издига и витка ко кифла наопачки, пробав грб да му свртам се правам спијам, почнува да се исправа и скока и се радува, па ќе се расони, за вода морам да го станам дека од чаша пие, па ќе се расони, ако го игнорирам се симнува од спална, и трча ко мува без глава, одамна научи да се симнува, порано лазеше, единствено си мислев транзитот со некој предмет да го направам, некое мече, ма да не се врзува со ништо тој, 2 недели да спие со нас мечето, така некоја тактика. Ќе видиме...
@Larahappy јас навечер гледам само еднаш да и дадам да цица, ако се разбуди во меѓувреме пак и давсм цуцла лажливка. За преку ден имам јас проблем , ми надоаѓа млеко ако поминат 5 часа и ако не ја надојам. Почнуваат дури градите да ме болат и грутки се прават.За намалување на млеко се пие чај од жалфија , така имам читано. Во меѓувреме гледам да и давам да пие вода и нешто ужинки и давам , јас со чајот ќе пробам здравје од наредниов месец ако не бидува ќе се консултирам со гинеколог за апчиња. Ние во септември годинка ќе правиме и јас сакам да ја одбијам
Здраво, нешто за намалување на лактацијата, освен намалување на течности, цица само за навечер за заспивање и преку нок 3-4 пати.