Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Престанок на доењето - одбивање

Дискусија во 'Бебе' започната од ivanceto1984, 9 декември 2010.

  1. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    5ти ден како не и давам да цица на малата, 15 ипол месеци е. Некако спонтано си дојде. На 13 месеци ја одвикнав да цица ноќе, после почнав да давам по 2 пати дневно само. Последниве две недели давав еднаш дневно, или преку еден ден зависи дали ќе и текнеше неа и овие 5 дена цело време сме во движење не ни побара првите 2 дена, на третиот и текна ама ја залажав и сфатив дека сега е моментот. Од друга страна малку ми е тешко оти најголем цицач ми е детето виздивнува дури кога ќе фати цице, ама голема е веќе и мора некогаш. Е сега прашањето ми е дали ако до сега не ми се направија грутки во градите нема да имам проблем? Од вчера ги осеќам малку натежнати, ама не се тврди (а не се ни меки како кога ќе ги исцица). Додека доев двапати стигнав до мастит и сега ми е некако страв нагло да не ми направат проблем? Искуство некој?
     
    На Makedonka007, srekice и Kaetana им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Чај од жалфија. Носење на потесни градници. Осмислување само ако имаш тензично чувство.

    @lady.N истото погоре. Во принцип не би требало да ти се направи, поминати се 5 дена, ама нема правило и никој не може да ти гарантира. Следи ги градите на допир - не одмолзувај да се проверуваш оти и тоа е стимулација. Одмолзи исто само ако имаш напнато чувство.
     
    На mommyofbabyboy и lady.N им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    :sun:Феминки дали е можно детето само да се одбие од цицање или да прекине лактацијата?
    Мојот страсен цицач е веќе 2годинки,цуцли шишиња не сака,вода од чаша пие.
    Воопшто немаме проблем со оброци,си јаде,ама цице си е цице ,пред или после оброк тој мора да си цицне. Навечер се буди за цицање обавезно ,некогаш еднаш некогаш повеќепати.
    Ми се чини дека грпка имам на вратот веќе.
    Баба-тета сервис немам,24/7 сум дома,на изволте :sweat:
    Инаку препрочитав наназад објави со совети за намалување на подои ,ама ми изгледа како невозможна мисија. Цица кога сака и колку сака,не сме имале некаков режим ,па не знам како би изгледало тоа намалување подои....Па се тешам може сам ќе се кандиса да се одбие или да снема млеко :wasntme: или такво нешто не е возможно?
     
  4. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Не верувам само од себе да секне. Ако цица често има стимулација и си се лачи. Кога ќе бара да цица ќе му одвлекуваш внимание, ќе го заигруваш и полека ќе намалиш подои.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Обидите за заигрување и одвлекување внимание ми завршуваат со неуспех,уште повеќе се лути,нервира,... Дури некогаш знае да изводува за време на оброк да ме влече за да цица па ако е сопругот дома тој ќе го нахрани а јас се губам од видик дур да се најде . (facepalm)
    Ми се чини дека ќе цица до прваче :worried: толку упорен цицач е што не го интересира ништо,ма на маса седам ручаме,тој под маса,меѓу столови и оп под блуза стои и цица. Дур го бањам не дај боже да ѕирне цице одма граба со две раце влече и цица (facepalm)
    Кога ќе успеам,ќе пишам...(waiting)
     
    На Makedonka007, Jana06 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  6. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    10.370
    @Chanell* пoмoгни и ти имаше страствен цицo 8)
     
    На tambelina и Chanell* им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    @tambelina Мојата по цел ден само цицо бараше, престана и да јаде последните два месеци.
    Еднаш се зафркнав да се туширам брзински дури она се шлапа во кадичката, се нурна во мене и цицаше дур се бањав.
    Кај нас не успеа тоа намалување подои, ги дуплираше х3 на секој мој обид за намалување или прескокнување подој.
    На крај оставање кај мајка ми на 2 дена заврши добра работа, после коа се врати дома наместо јас,мм ја заспиваше и презаспиваше во текот на ноќта, па така се одби некако едвај. Првите денови почесто во кола ја заспивав, ќе се возиме низ улица и ќе задреме. Навечер водичка или занишкување од страна на мм за да не ме осети...
     
    На Makedonka007 и tambelina им се допаѓа ова.
  8. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Сакам неќам, ќе морам и јас вака ,да го ангажирам маж ми,друг излез не гледам .
    А не ли плачеше многу кога го остави тие 2 дена? :( јас оваа опција не можам ,не сме во ист град,а и работат.
    Благодарам за споделеното искуство:f:
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Не плачела воопшто, на секои саат време ѕвонев да прашувам, а од дома кај нив до работа ми е 200м оддалеченост. Сакав 3-4 дена да ја оставам, ама не можев, отидов после работа и си ја земав.
    Кај мене стварно ништо не успеваше, она беше тотално заљубена во цицо, многу пишував на оваа тема.. На крај мислам решителноста моја ја одби, а не тоа што преноќи кај баба и.
    На роденденот нејзин во јули, почна да плаче хистерично и да вика “сакам цицоооо,дај миииии”, после цели два месеца.
    Сега само сака да ги гали, се смешка и кажува дека цицала од нив, и дека сега ги чуваме за бебето кое ќе пиело млеко од нив,исто како неа :inlove:
    Поминавме многу лесно, иако јас во глава имав хорор сценарија.
     
    На Makedonka007, Bubish26 и tambelina им се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    Исто и мојот. 4 месеци како го одбив уште се игра со нив, ги нушка се дешава и да ги лизне:rofl: Навечер обавезно станува и за едната ја фаќа и така продолжува да спие.
    Многу лесно го одбив јас, се ишкртав цела со црн и црвен креон и ставив оцет.
    Се уплаши, му реков ме боли и тече крв и веќе ни самиот не ми се приближи. А кај мајка ми оставањето кај нас не успеа :)
     
    На Makedonka007, Bubish26 и tambelina им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Може - со твоја помош. Ако е спремно.
    Кај нас беше спонтано, ама бевме останати само на ноќниот подој. И секако - функционираше моментот демек голема си, цице е за бебиња, а види ти колкаво големо дете си и паметно. И подојот го заменивме со приказна.

    Ако снема млеко, големи се шансите да си цица, затоа што децата го сакаат и чинот на блискост, не само млекото.

    Да пробаш некако со муабет кој би опалил кај вас.. чисто за намалување на подои. Да смислиш некоја приказна за магично млеко кое е само навечер, .. ова онака си измислувам ад хок, ама поентата е таа.
     
    На Makedonka007, srekice и tambelina им се допаѓа ова.
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Една година доење.
    Замислено-остварено.

    Многу тежок почеток, мачен.
    Со многу труд, љубов и одлучност се доевме до роденденот.

    Плачење во болница зошто не можам да му помогнам да ми ја извлече брадавицата, доење со силиконски брадавици, рагади, одење на дежурен зошто во 3 сабајле ми поврати крв, оно како цицал од рагадата течело крв.
    Стиснати заби и трпение.
    Дел од нашето патешествие наречено доење.

    Мали од крај на 5ти месец намали подои сам, а кај нас многу промени имаше откако добив. Значи од тој месец, не беше исто. Ми влијаеше на лактацијата, а и страствен цицач, одбиваше да цица често.
    Паралелно со внесување на цврста храна стигнавме до период каде и двајцата бевме спремни за да ставиме крај.
    Лесно, без нервози со слики за последно доење.
    Наредниот ден не побара града воопшто.
    Проблеми со градите немав, не пиев ништо, постепено намалувавме подои.

    Не уживав во доењето многу, ама уживав во помислата дека му го давам најдоброто од мене.
    Одјава од мене, до наредна прилика. :bow:
     
    На BY<3, Makedonka007, Bubish26 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.874
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас.
    Доенечки стаж скоро 13 месеци. Со голема љубов ја доев, и покрај 2 мастити, безброј блистери и рагади, и вовлечени брадавици. Замрзнувачот ми беше полн со млеко кое си го искористив во каши, иако ја мразев пумпата и скоро ќе ме донесеше до лудило.
    После 11от месец почнав да и давам АД само навечер пред спиење и за едно чудо го прифати иако претходно никогаш не пиела формула.
    Навечер отсекогаш мирно спиела, сега веќе не ни станува, чувам само вода за секој случај.
    Со тешко срце прекинвам, ама сметам дека и е доста, и мојот распоред на работа е хаотичен и јас сум уморна.
    Благодарна сум и среќна шо успеавме да се доиме, и со полно срце ќе се сеќавам на овај период. Малку се осеќам како дел од мене да се скинал, ама тоа е веројатно дека расти, веќе не е бебе.
    Со лесно на сите кои се обидуваат да прекинат:hug:
     
    На Makedonka007, bella.gk, BirMelek и 9 други им се допаѓа ова.
  14. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    16 месеци полниме за 3 дена, цица 2 пати дневно за заспивање само и еднаш ако стани навечер.
    Е сега како да го одвикнам од заспивањето со цицање? Ако се научи на др начин да заспива, нема ни да бара цицање, ама незнам како.
    Нишкање не доага во предвид, со друг да заспие исто нема шанси. Пробавме, тој си играше со сите, навикнат е со мене да заспива.
    Искрено нејкам да го одбијам, ама знам и дека нема потреба само лоша навика си ствара.

    Едит: да се надоврзам дали да пробам да давам ад за заспивање или нема потреба? Досега тој не ни пробал др млеко уствари..
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На tambelina, srekice и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе дека цицањето не му е заради млеко, но воопшто не се согласувам со мислењето дека цицање за заспивање е лоша навика. Ако тебе ти е ок а и нему му е ок, од каде идејата дека е лоша навика...

    Е ако тебе веќе не ти се прави тоа, тогаш можеш да пробаш со други методи. Пример читање книга, или најдете некое мече за заспивање да му е ниво другарче, па заспивајте го мечето заедно со читање. Пример ако пие некое чајче промовирај му специјален чај за големи деца кои ќе пораснат многу силни и ќе можат да се пуштаат по високи лизгалици на игралиште (пушти фантазија слободна - си знаеш што највеќе би запалило).

    Е сега - прашањето е колку детето тоа ќе го прифати.
    А ако гледаш дека не бива, и ова го правиш затоа што некој друг ти рекол дека е лоша навика, а при тоа тебе ти е сосем ок, јас би се преиспитала и би игнорирала.

    А дека е лоша навика - воопшто не е. Не дека ќе остане засекогаш да заспива со цицка. Ќе порасне, ќе го помине и тоа. Сега за сега му е потребно. И тоа не млекото колку чинот и блискоста со тебе.
     
    На Makedonka007, drugarka и tambelina им се допаѓа ова.
  16. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Женски
    Пишав лоша навика во смисла дека само со мене заспива, ако не сум дома ме чека мене за спиење.
    Го оставив неколку пати така, се изнамачи.
    Мене не ми е тешко воопшто, ама ете си велам време е да прекинеме.
    Незнам уствари, ете уште се мислам очигледно не сум спремна јас :shake:
     
    На Kaetana и tambelina им се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Намалување подои неуспешно. Немав ни срце, толку ужива во цицање, ги гали, со полна уста заби не ме гризнал (еднаш или два пати помал).
    Сега почнуваме градинка, периодот на адаптација ќе го искористам за така да намалам. Дур бев јас дома, немаше шанси.
    Ќе го дојам дур сака или дур јас сакам.
    Ми е жал што ќе почнам на работа нема да си уживаме во цицање.
    И јас не мислам дека е лоша навика.

    На обуките кажуваа, доени деца имаат повеќе самодоверба и поспокојни се, знаат дека мајката ќе дојде и ќе цицаат и ќе биде се' во ред.
    Темава е одбивање, јас сакав да кажам за намалување, ја утнав малце...
     
    На Kaetana, tambelina, Mia Fuentes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    И јас некако се убедувам дека е време за одбивање,и се мислам како и зошто не ми успева. Но очигледно проблемот е кај мене,а не синко. Јас не сум спремна :lol: тоа ќе да е:$
     
    На Kaetana и flower55555 им се допаѓа ова.
  19. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Јас добив менструација два месеци по породувањето. Тогаш синко почна да се буни и да одбива да цица. Сега е 3 месеци и 10 тина дена. Цица но ноќе, а ретко денски.
    Дали имаш сознание дали кога ќе дојде менструација се менува составот на млекото? На педијатар сме после 16.09. Тогаш ќе прашам за тоа.
     
  20. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.874
    Пол:
    Женски
    Мислам повеќето од нас го поминале тој период. Составот на млекото не се менува, туку "брзината на испуштање". Бебето се нервира бидејќи има побавен let down и не сака да чека.
    Ако сакаш да продолжиш да доиш пробај во друга поза, во движење, во друга/затемнета просторија, или кога гледаш дека малото е поспано.
    Со лесно, и извини што упаднав :)
     
    На Kaetana, babydust и Bebac им се допаѓа ова.