Кај мене во периодот околу овулација несакаше да цица. Тогаш и се намалуваше лактацијата, си приметував и сама. Пиев повеќе течности, и чаеви тој период. Составот на млекото не се менува воопшто, истите нутритивни вредности ги има.
11 ден денес како не цица, официјално периодот на доење го прогласувам за завршен. Од вчера е настината со температура па пак и текна да бара, ама брзо ја залажав. Туку десната града од вчера ме боли малку на притисок и имам како мало грутче. Инаку се меки градите. Масирам, ама не знам дали и да одмолзам малку или само со масажа ќе помине? @Kaetana ти си најупатена, што ќе ме советуваш?
Следи го грутчето да не расте. Топла вода под туш. Не одмолзувај да не стимулираш уште. Ама ако осетиш дека имаш веќе ко тензија, одмолзи малце. Со прекинот на млекото и тоа треба да исчезне.. ама следи го да не те зафркне на крај.
Kako i gi skrativte noknite podoi? Mojot edno vreme go nauciv samo ednas da se budi vo 4h za cicanje inaku si spiese od 20h do 08h ama sega na sekoj 2saati pak se budi inaku 12+ sme.
незнам како да постапам...малата, не е веќе мала има 2 год и 2 месеци, уште цица, цица кога сака, колку сака, каде сака. Се изморив, претходно другото чупе цицаше, 5 години без престан дојам, висина се изморив, почна нерва да ме фаќаа ко ќе тргат на градата. навечер пред спиење цица обавезно така заспива, па некпогаш се буди ддва, три пати, ретко повеќе. пробав да ја презаспивам со галење ама плачи пишти ми го разбудува и другото поголемото чупе. Ко ќе си дојдам од работа одма цицат, вчаршија барат секаде барат. како да ја одбијам најлесно и без плачење, ко ќе плачит ми е вистина жал ама вистина е голема и доста е.
Не оди никако Заврши скокот, сега почнаа изгледа тројките да и растат. Многу е нервозна. Само плаче. Одбива и да јаде. Со три оброка одвај сме. Навечер ми се буди, цицнува, и се расонува. Плаче за во раце. Прво будење е три часа после заспивање. После на секој саат ипол, до два. Тешко ке оди ова.
3дена беше плачки нудев самo вoда. Пoсле тoа се навикна, првo цицање и е oд 6 наутрo пoранo не давам. И oна наспана и jас. Нoќни пoдoи тргнав пoсле 10 месеци пoранo не би тргала.
Дали ја креваше од креветче? И дали во иста соба седеше додека не заспие? Мојот го легнам и пак станува и пишти по мене додека ме го извадам се плашам да не падне од креветчето.
Која возраст е? Исто е и син ми12+ на 8+ го научив да заспива сам и да се буди еднаш а некогаш ни еднаш но од 10+ се врати по старо
Да кревав спиеше сo мене вo иста сoба, jа нишкав ќе се измoреше и заспиваше. Тргнеше пo блуза, траеше малце пoдoлгo првите 3 дена сега веќе се навикнува.
Ја одвикнав ноќе така што кога се будеше за цицање ја галев по грпчето и и кажував дека е голема дека не треба да цица кога е време за спиење, на 13 месеци ме разбираше веќе. Првото презаспивање беше најтешко траеше некои 10 минути со плачки, после се кратеше времето и без плачење беше. Првите два дена се разбуди по 2-3 пати, после по еднаш, околу пет дена траеше целот процес и оттогаш си ја преспива цела ноќ. Инаку мојата спие со нас на спална, па не знам колку би бил успешен методов кај вас, ама пробај без да го земаш, само така збори и гали. Брзо учат само биди упорна.
Како бе не ми текна!!?! Фала Фри. Си читам и си наоѓам алтернативи. Најчитана тема ќе ми е оваа периодов. Ама некако ќе ми биди и мене тешко и жално шо нема поќе да си ја имам на гради... Ама морам, за двете е најдобро вака.
Болна тема ми е и мене, и само си одложувам. Ама кај и да е ке мора. Мојов пошо заспива со цицање си велам најарно ке е прво првото цицање за дремка да го скратам, па после некое време и за вечерта, за да на крај скроз го одбијам.